Истиот проблем го имав. Буквално каде и да пишам без да го цитирам членот ме следуваше навреда исмевање и слочно. Пријавував, пријавував и на крај јас опомени добивав. Ако можеш не го губи времето со такви. Само игнорирање е спас.
Чекај ќе го пуштам по карго. Ај не туку мрдајте ќе полетуваме,Зоки ви посакува пријатен лет.Уживајте и не се замарајте.
@RainBow Би сакал да знам зашти темата Актуелни покитички настани не е отворена за нови мислења, а баш беше интересно сега со законов за двојазичност, а уште поинтересна ќе биде со промената на името на Државава
Ќе ја отворам сега, да ја средам само. Има посебни теми за јазикот и името, и така таму треба да одат тие мислења, нема потреба сѐ да се става во една тема.
Си ќутев си ќутев и оп ми пукна тиквата па некаде да си кажам Има неколку члена кои постојано во било кој подфорум се караат. Небитно дали е политика, вероисповед или игри. Добро да ве прашам, не мислите дека малку сте досадни со вашите кавги? Па кога ќе влезам во игри сакам игри да играм а не да читам која е смотана а која не е. Мислам сите граници се поминаа. Зошто веќе не се ставите на игнор една меѓу друга и да прекинете да труете со кавги. Најсериозно. сите ве почитувам и ги ценам вашите мислења но стварно веќе доста е.
Дали приметуваш само кој прв почнува секогаш//ама биди искрена? Таа темата- КОј член е..кој ја измисли..грбрвре само да се дознае кој што мисли за некој, да се издадеме демек на смешна база..сад се види сад се зна, ко се коме допада..и обрнуто
Да бидам најискрена кој прв почнал и како почнало сево ова НЕ ЗНАМ. Но знам само дека ми е навистина преку глава. Стварно сум либерте, криво ми е кога се јадат зашто пак ќе кажам тоа се членки кои ги почитувам макар тие што не се сакаат меѓу себе-нивен проблем. Но не мора нас да не трујат со тоа.
Сè започна со тоа „Кој е трчи-лажи“ според мене. Без навреда до членката можеби тоа не го мислеше сериозно, на зафрканција, можеби и не, не можам да судам ама некои луѓе си го интерпретираа тоа како да е намерно прашано и така настана сето тоа. Инаку темата може да се употребува за игра, нема врска тоа дека се користи само за да се дознае нешто за некого. Кој како ја интерпретира тоа е најважно. Сега тука што повеќето си копаат очи, е тоа е друга работа.
Па зар на форум очекуваш мислење за некој да имаш? Овде големите и малите умови се спојуваат,јас овде во никој не верувам и за никој не се грижам. Сами си правите некогаш. Да очекуваш мислење од некој рандом лик кој не го знаеш како изгледа. Страшна работа. Извинете што се замешав ама мислењево ти е смешно.
Не ти верувам душо, и те како се грижиш кој како размислува за тебе а не дај боже па ако те чачне....само што не можеме да гледаме реална слика позади екраните, но знам дека делува ..незнам што е страшно да се признае таа наша маленкост...извини, мислењето ми е смешно и ти навистина се насмеа..не беше виртуелна насмевка....
Искрено уопште не се грижам. Кој што сака нека мисли, овде секој може да каже што сака,до нас е како ќе прифатиме. Убав ден.
Кога ќе заметите во Црна хроника? И до кога ќе се толерира неписмени(не употреба на кирилица и интерпункција) да напнуваат по темиве и вадат муабети од контекст?
Дали ќе може темите за Константин Кајшаров и мислењата од Македонските јавни фаци да ги споете во една и да ја сместете во Религија или “Другата наука“? https://forum.femina.mk/threads/Константин-Кајшаров.27144/ https://forum.femina.mk/threads/Центарот-за-рехабилитација-на-Кајшаров.20049/
Најљубезно прашувам кој модератор ми избриша мислење во Колку се платени различните професии што ја открива вистината на НВО-сектор работењето кај нас што јако ја увреџа една НВО анимир дама па се отстарни??? И мислам дека е праведно тоа мислење да се зачува и префрли на тема НВО,бидејќи одразува мој личен став,нема грам навреда и како полноправен член на форум имам право да не ми биде брешен личен став и мислење или ако се брише да добијам известување. Знаете некој везе ви го разубавува форумот со разноликост/шаренилост на мисењата а вие само избриши и фрли у вц шоља. Или тоа е форумската демократија ама само кај модераторскиот тим?
Ми стигна известување за избришано мислење во МОДНИ КРИТИКИ, без образложение, а немам навредено ни еден збор ! Кажав само дека облеката не е нималку добра за таков настан - што е овде навредливо за бришење ??? Или членката има врски со модераторот или можеби модератор беше и самата, не ја паметам која беше. Еден куп навреди имам исчитано во таа тема, јас што напишав стварно коректно, ама и поучно за таа членка зошто стварно облеката не и доликуваше - се бриши коментарот ? Џабе губев време да читам и да коментирам. А, и други се жалат на бришани коментари кои се крајно коректни и ненавредливи.