Знам тоа, ама мислев ако е изводливо модераторите/админите да ми го вратат претходниот статус без да си играм пиши-бриши...?
Нема таква опција. Затоа и ви се дозволени статусите, за сами да си ги менувате по желба и расположение.. Пиши - бриши и уживај... копи пејст е само..
Кога некој некого игнорира, мислам дека е правилно и на другиот, игнорираниот, да му биде сокриена содржината на членот што го игнорира, како блокирањето што е. Зошто не е така?
Ама што ако јас не сакам да те читам и те игнорирам, ама ти сакаш да ме читаш? Ова само размислување гласно.
Но кога некој некого игнорира, има добра причина за тоа. И игнорираниот упорно ќе му се обраќа на овој што го игнорира, а овој, нормално, не реагира. И малку глупичка ситуација е тоа.
Ич не е глупичка ситуацијата. Ова е јавен форум, ако сакаш некој да не те чита - не пишувај. Не можеш никому да забраниш да те чита, а игнорирањето е за да избереш ти кого ќе читаш.
А зошто не може да се гледаат годините на членот? Освен ако на пример некој е Маја93та па јасно ти е. Иако анонимен форумов е па не ми се верува сите дека точно ќе си ги стават годините но не има и некој што нема што да крие-ова последнава реченица само гласно размислувам
Игнор има, а не блок – оти ова е форум, а не социјална мрежа Јавно пишуваш, секој и од страна може да ти види било кој пост (само не да ти ги листа по ред), не па од (најавен) член да криеш. Ако не сакате за некое мислење никој да ве чепне, да ви контрира, бара аргументи, па да не ве ни прочита секој – напишете го тоа што ви е на памет на профил на фб (или во група)/твитер/инста или на блог, не знам колку пати треба да ви се каже П.С. Никој никого овде не игнорира асално, да не се лажеме и правиме важни
Не си ме разбрала изгледа. Има ликови тука кои се ептен напорни. И имаме право да користиме опција ,,игнорирај" баш заради тоа. Јасно дека форум е за дискусија но некои претеруваат со беспотребни провокации и цитирања. И за да се спаси човек од таква напаст, ќе ја игнорира. Што е многу, многу е. Поентата ми беше, глупаво изгледа игнорираниот да цитира и постојано повторно да подбуцнува кога е игнориран. Затоа пишав дека би требало и едниот и другиот да не си ги гледаат содржините, да не бидат цитирањата залудни. ,,Па не го игнорирај за да нема таква ситуација" не е решение, затоа што членот е игнориран со причина. Ама добро, ќе видат самите дека не им се обрнува внимание и нема реакција па се надевам ќе престанат да трошат време на цитирања.
Ова не е фејсбук па да се блокираме. И ако гледаме така тогаш ти ќе треба да го игнорираш пола форум.
А ќе воведе ли фемина тројазичност? Оти нели на македонски и на англиски се зборува т.е пишува,а камо е албанскиот За другарка прашувам.
Јас онака низ коментар напишав те сакам и благодарам на албански и го избришаа,така да тука по тековниот Устав се раководат
Како може да го направам приватен профилот? Гледам кај некого освен ако не го следиш не отвара ништо (мислења, теми...)
Ќе кликнеш на никот горе и на приватност. Кај - Ги гледаат податоците на мојот профил, ќе кликнеш на Само членовите кои ги следам.
Епа еве на пример кога го отварам твојот профил пишува: Овој член има ограничување за тоа кој може да го гледа целиот негов профил. @SummerGirl така ми е подесено.
Па приватен ти е профилот. Кога сама го отвараш сопствениот профил, секогаш ти ги покажува сите податоци како отворени - што е и нормално, забраната важи само за останатите членови. Тие не можат да го отворат профилот.
Целиот профил можеш да го скриеш, ама како што кажав, секој може да ги види мислењата на други членови. Пример ја не можам да го видам профилот, ама можам да ти ги видам мислењата.