Спојлер: Извадок од ПРАВИЛАТА НА ФОРУМОВ Секој има право да користи само едно корисничко име. Корисничкото име не смее да биде вулгарно, навредливо или да рекламира продукт, услуга или фирма. Корисничкото име не може да биде избришано. Ако поради било каква причина сакате да се откажете од вашиот профил, едноставно престанете да го користите. Корисничкото име не може да се менува. Нема да одговараме на барања за промена на корисничко име.
Мислам дека е време да промените некои правила и да може да се менува корисничното име неколку пати и да може да се деактивира профил. Мислам зашто да не ???? Реално.
Бидејќи со еден ист јузернејм можеме бар членот по тоа да го запамтиме.Ти името неколку пати во животот го менуваш или надвореншиот изглед фризура ово оно?
Во право си со компарацијава но и во реален живот како што знам , луѓето имаат можност да менуваат име. Ако тоа не ваља барем да има можност да се деактивира профил поради ХХХ причини. Порано мислам дека имаше опција да се деактивира или сум се смешал нешто ???
Можеш да ама сакам да кажам овде има некои 20 иљади членови сите да смениме ник како ке нд распознаваш.Еве во реален свет другар/ка твој ако сменат име пак ке ги познаеш по нешто.Ме сфаќаш ли што сакам да ти кажам.
Нема сите да сменат име, ќе сменат само некои кои им здосадил стариот а ќе се распознаваат по идентитетот што го имаат креирано. Зборам за постари членови. Ќе се распознава верувај .. затоа постои идентитет, по тоа се разликуваме и препознаваме. + ви кажувам ако би се ставило тоа како опција да биде ограничено на 2 пати у случај прв пат да се зезнале. Мислам дека е сосема фер и секој би се согласил. И пак ви викам , ако не е изводливо тоа , би било ОК како опција да може да се деактивира профил. Во име на тоа, можете да направите АНКЕТА дали би сакале членовите да постои опција да може да се менува име барем уште еднаш и дали сакаат да постои опција да можат да го деактивираат својот профил. Така ќе бидете на чисто и ќе донесете рационална одлука која што ќе биде win win за сите.
Сакам да прашам зошто не се реагира на пцовки и навреди кои биле кажани од страна на познати членови на форумов а се реагира за глупости кај нови членови. Пријавив мислење во кое членка ме пцуеше и ништо, а мене ми се закануваа со бан бидејќи на членка не и се допаѓал мојот аватар кој не содржеше ништо навредливо ниту нешто срамно. @RainBow Ако важат нека важат за сите правилата.
На форумот црно бело има таква опција и воопшто не ми се допаѓа..менуваат по пет пати име, и со некој што си се фронтал нон стоп и јадел казнени поени, кога ќе стави ново име, еднаш, двапати...веќе незнаеш кој е кој...тотално лудило...паметиш убав пост од еден јузер и ако сакаш да го препрочиташ по извесно време, неможеш да го најдеш.
Неколку саати не можев да се приклучам на форумов,ми излегуваше нешто со црвени букви дека демек хакерски атак имало,во опасност сум била бла бла И сега,шо да правам?
Јас 10 пати ги предупредував администраторите дека некои податоци се видливи и лесно може да се искористат за напад ама тоа за тоа остана.
Да,и јас исто од мобилен така ми покажа,за прв пат досега.... @Vitaly не знам,знам дека пишуваше хакерски атак врз твојата сметка нешто во таа смисла...
@Mihajlo @RainBow @Femina што е со нашата сигурност на тие што не сме тролови?Може да се погрижите за нашите податоци?
Врз серверите е не е врз ничиј профил. Немора да значи дека е хакерски напад, може дошло само до преоптоварување. Истиот ерор се прикажува и во двата случаи.. А и мислам дека никому не му дошло до фемина да ја напаѓа. Не би имал никаква корист.
Твоите податоци се само твои и администраторите немаат пристап до нив без судски налог.. А и мислам дека не би требало да се открива идентитет или вистински податоци на ваков форум.