Еве го одговорот на Михајло во другата тема. Никакви хакерски напади нема и ништо не е несигурно навистина како што пишува на предупредувањето од хром Оставете филмања настрана.
Реално идејата да се смени името уште еднаш по креирање ми се допаѓа. Нема да ја искористам, си го сакам името, ама сфаќам дека некои се зачленети од основно. А за деактивирање ... Да би деактивирале, дали мислењата од членот ќе седат, само членот да е како баниран, да се нема можност да се контактира, или пак мислењата ќе му се бришат? Ако е првото - пак, зошто да не? Ама ако е второто строго не. Замислете читате дискусија и наеднаш снемува 20 страни зошто некој деактивирал профил или има дупки, како некој член да се кара со дух. Сепак, ова е само мислење и на многу форуми на кои сум била постои опција за менување на име еднаш до два пати. Сметам дека е само фер.
@theowndemon Може да испадне као у смисла на членот да е као непостоечки профил, т.е како "гостин". Да не постои под идентитет, пошто го избришал намерно идентитетот нели и у таа смисла да пишува нешто X, за да остане муабетот во случај за тој член што има креирано тема или да бил повеќе активен во некои посериозни дискусии за да не останат дупки во целината од муабетите. Тоа е работа на тие што работат за форумов и треба тие да мозгаат како тоа ќе го направат. Да имав такви ингеренции и да бев од поголема полза за форумов, многу вакви прашања ќе беа решени.
Наскоро ќе стигнам до 50 филмови во темата предизвик за најголемите филмомани. Прашањето ми е дали можам да продолжам до 100 или не?
Зошто некои теми како на пример општи прашања и уште некоја др.имаше се заклучени? Еве сега се обидов повторно и се беше во ред, сигурно некоја грешка е било..
Како што функционира државава така и се во неа па дури и форумов. Никој не и може ништо се додека се моредатори.. Членка поранешен модератор ми се закануваше ме навредуваше но одкога и помина мандатот слабо дига чалам како порано.
Јас имам сомнежи дека некои модератори издаваат податоци, како на пример место на живеење. Сметам дека е тоа целосно некоректно, затоа што некои од нас сакаат анонимни да останат. Иако, најверојатно, овде тоа е невозможна мисија. И друго, ова упатено до креаторите на форумов. Дали сте свесни колку членови бегаат на дневно ниво, само поради вакви работи. Секоја тема овде е буквално окупирана од 4-5 члена кои диктираат услови, начин и темпо на дискусија. Ако не си им по нивни калап, те обележуваат и како волци следат по останати теми. Како сакате сфатете ме, бришете го и коментаров, ама ова нормално не е.
Те замолувам да не шириш вакви невистини. Модераторите воопшто немаат ни пристап до некакви податоци, ниту до профилите.
Е уште тоа немам видено податоци и идентитет да откриваат. Незнаат како некои ти гарантирам инаку има бивши модератори полни со злоба кои сигурно би го направиле тоа. Кога гледа по која основа ги бираат модераторите ми се врти... Собрала 30-40 допаѓања на гласање за модератор и модератор ја ставиле а врска нема како се води форум. Само дискутираме, не шириме никакви невистини, убаво кажа членката дека има сомнежи, не гарантира. Инате пристап до IP адресите на членовите, знам бидејќи и јас сум администратор на еден субРедит. Тоа е сосема доволно да се разоткрие нечиј идентитет.
Мило ми е ако е така. Пишав сомнежи, не бев целосно сигурна. Макар што, во дел од преписките кои сум ги имала овде, изгледаше дека знаат работи и надвор од она што сум го пишала тука. И другиот дел од коментарот е подеднакво важен. Не знам која е хиерархиската пирамида на кој-каде смее да коментира, ама некои си ги забораваат границите.
Што имам избришано за една минута? А ти зошто седиш тука? Јас поставив прашање, ако знаеш да го одговориш повели. Ако не, нема потреба од провокации.
Аква ако ти си сигурна дека си дознала информација од модератор за нешта кои никогаш не си ги спомнала зошто седиш на форумов уште? Јас те разбирав дека сакаш да кажеш дека не ни се безбедни податоците на форумов а? Ако си сигурна во ова зошто се уште си на форумов?
Грешно видов дека е избришано. Не провоцирам бре,ама иако те следам неможам да разговарам во лп бидејќи изнесуваш озбилни сомнежи. Јас седам дека не сум приметила досега дака ми е загрозена безбедноста не се нит сомневам како тебе. Ама моментот кога од модератор ќе дознаам нешто што не сум спомнала на форумов како што ти наведуваш дека си се нашла во таква ситуација прво ќе се обратам до глобален модератор а ако не се реши тоа си одам одам од форумов.
@Aquamarine93 За некој да издава податоци, треба да има пристап до профилите. Модераторите немаат пристап и можат да видат на вашите профили исто колку и секој член. Дури не можеме да ги отвориме профилите кои си се имаат заклучено. Друго...дури и да има некој пристап, тоа се луѓе како Михајло кои воопшто не ги интересира ништо за вас. Не ве ни знаат..обичен ник, број на профил сте. И на крај.. за да издаде некој со пристап како Михајло таква информација, треба да имате пишано на профил такво нешто. А 99% од членовите тука го немаат пишано ни сопственото име, а не па нешто повеќе. Едноставно, немате каде.. Туку...внимавајте на кого се си откривате работи по ЛП, па после се шират муабети и секогаш модераторите се криви.. а заборавате што се сте кажале некому. И ова не се однесува конкретно на цитираната членка, туку општо.
Ве замолувам да не се почнува со истите препукувања. @Aquamarine93 доколку си имала сомнежи си можела веднаш да ми се обратиш. Модераторите немаат пристап ни до ип адресите, ни до профилите. Знаеме колку е важна безбедноста и приватноста на членовите и од секогаш сме работеле на тоа поле. И последното нешто што беше направено, за што @Mihajlo објасни во технички проблеми, беше направено пак за безбедноста. Одговорно тврдам дека од модератор таков муабет да излезе, само зашто е модератор е невозможно. Внимавајте вие самите како располагате со вашите податоци.
Не се зафаќај да се караш нема да искочиш на крај.На една да се фрлиш 10 ќе те раскомадаат,трај си пази што пишуваш и тоа е тоа.Не верувам дека и да имаат пристап до нашите информации би ги споделувале кривично дело е.Јас искрено би пријавила некој да дознаам дека кажал која сум и што сум пошто свашта има.Колку членки имам најдено на фејс ниедна не адднав и ниедна не сум ја кажала која е бидејќи не сакам да ми го направат тоа.Така да трај си.