Да се вклучам и јас: модераторите немаат пристап до IP адресите на корисниците! Тоа се приватни податоци, а приватноста била и секогаш ќе биде наш врвен приоритет. Нешто повеќе, дури и кога некој би ја дознал вашата IP адреса, единствено вашиот интернет провајдер би можел да ја поврзе конкретната IP адреса со ваша точна локација. Ве молам да не се служиме со шпекулации и дезинформации.
Нене не се карам со тебе ти кажав најсмирено не се секирај.Рчкало сум да ама не мавам со дрва и камења по секој П.с : Зошто е затворена темата ,,Форумски легенди и митови" ?
Зошто е банирана @Neophodna фино девојчето нудеше брзи дневни тестови кај неа таму се продавале,да ми кажеше кај е тоа.
Ова не е зае*анција, ако се има предвид дека некои коментираме во Политика. Потполно се согласувам и за остатокот од коментарот. Пар члена го закрвија целиот форум, веќе година дена 90% раздор и недоразбирања се предизвикани од нив. Во истото времетраење, скоро и да нема баниран член со кој тие не биле во кавга. Штом постојано се повторува, не ќе да е само во банираните проблемот. Прашањето е, зошто не се опоменат и тие некогаш? Поточно, предлог. Следно што сакав да прашам, дали ако објавам своја фотографија во Модни критики, по извесен период имам право да побарам да биде избришана?
Мислеш не се опоменувани двете страни. Само едните се повлекуваат, другите продолжуваат со провокации и навреди. Одговор на второ прашање - НЕ. Се што објавувате, објавувате на ваша одговорност. Не може да се бриши на кој кога ќе му текне. Не мора ништо да се објави, ама тоа што ќе се објави ако не прекршува никакво правило нема бришење.
Не ми се веруваше дека опоменети продолжуваат со хајки, две или повеќе членки на еден, и после тој еден не можеш веќе да го означуваш, оти наседнал на провокациите и баниран. Тоа второто прашав затоа што како да прочитав тука некаде дека постоела таква пракса, заради заштита на идентитетот да бидат отстранувани лични слики од членки некој период отпосле. Во ред, фала на одговорите.
Возможно е, возможнооо... И јас приметив ама се обидов да игнорирам. Па си помислив или има пристап до ип адреси или ете ти или Михајло и имате кажано, друга алтернатива нема. Да е некој вансериски хакер, чисто сумљам. И тоа модератор поставен од ваша страна, кој треба да биде објективен и да не биде провокатор за кавги, така ниско се обиде да ме вовлече во таква дискусија.
Што убаво е вака кога цел колектив обвинувате наместо да покажете со прст кон кого треба.. Или немате храброст јавно да кажете... друго не знам што е. Ама не е убаво сите модератори да се обвинуваат, ако се сомневате само во еден. Ние не сме на улица најдени а ниту сме роботи, имаме чувства и принципи..
Не проверуваат IP, тоа се само муабети. Од друга страна, знаете ли што знаат за вас ако ја знаат вашата IP адреса? НИШТО... IP адресата не ја ни покажува вашата точна локација. Најмногу што може да се дознае преку вашата IP адреса е кој интернет провајдер користите... голема работа... Денес ти ја имаш таа IP, утре може јас ќе ја имам, задутре Реинбоу. Двајца колеги кои се уклучуваат од иста работа исто имаат иста IP. Две сестри кои се уклучуваат од дома имаат иста IP. Единствено оператор со судски налог може да ти каже кој ја користел таа IP адреса во одреден период од времето. Кажете, ако сакате одма ќе ви ја постирам мојата IP тука.
Зошто кога префрлувате мислења од една во друга тема веќе не стигнуваат известувања? Пример, сум коментирала во една тема, вие сте префрлиле од друга тема во оваа, и веќе не добивам нотификации. Ова повеќепати сум го забележала. На многу активни теми им се губи текот поради ова, членовите не добиваат нотификации после активностите на модератор, па забораваат на темата.
Кога преместуваме меѓу теми од нашите категории секогаш праќаме известување, не верувам некој овде да испуштил, само еден клик е. Сепак, ако сакаме да преместиме мислење од наша категорија во некоја друга кај што не сме модератори, немаме дозвола. Затоа решението ни е да го преместиме мислењето во посебна тема каде двата модератори имаме пристап, а соодветниот модератор ќе го земе од таму и ќе го премести во својата категорија. При вакво преместување ако сакаме да ве известиме е малку непрактично бидејќи ако јас испратам известување ќе изгледа вака: Твоето мислење од Сакам да кажам беше преместено во [посебната тема]. А другиот модератор ако даде известување вака ќе изгледа: Твоето мислење од [посебната тема] беше преместено во Смешни слики. Затоа, ако некогаш добиете известување кое ја вклучува темата Здраво да знаете дека тоа е работата. Едит: ...ако прашуваше за ова. Сега гледам дека погрешно сум го разбрала прашањето. Инаку, не можеме автоматски да направиме да ја надгледувате секоја тема каде што ќе ви биде преместено мислење од надгледувана тема. Мора сами да одберете да ја надгледувате. Тоа е логично, бидејќи не секој сака да ги надгледува сите теми каде што ќе му биде преместено мислење.
Не се разбравме, не мислев за такво известување. Пример, коментирам во темата за прокрастинација, да речеме, и си ја следам дискусијата тука. После некое време префрлуваш мислења од СДК во Прокрастинација. И веќе не ми доаѓаат известувања за нови мислења во Прокрастинација, па не ја следам темата. Сум ја надгледувала претходно, ама не добивам известувања. И се губи дискусијата зашто членовите не ги гледаат новите мислења. Се разбираме? Не е до модераторите ова.
Нема пристап до ИП адреси?! Ај ве молам. Во корисничкиот панел на модераторите порано имаше. Точно, не може да видиш за кого се работи ама многу добро се сеќавам дека по ип адреса се гледаа членовите во панелот каде што се гледаа сите избришани и едитирани мислења од страна на членовите. А и банирањето знаеме како оди. Верувам дека безбедноста е на прво место, но исто така треба и транспарентноста. Сигурно дека е така зошто во спротивно форумов ќе падне во вода. Само со ззлп не знам колку модераторите имаат потпишано изјави за бркање на таква работа. Мислам ако некој издава податоци од таков карактер не знам колку сте свесни дека дебело може да го јаде. Нема ништо погрешно во пристапот до ип колку што има проблем кој тоа има пристап до ип-то... А што се однесува до другите муабети - ќе се изнасмеам.
Точно, не е проблемот за ИП адресата извинете вака ама од кај да знам кој се има пристап овде и до што?Едно е сама да се кажам јас сум таа и таа живеам таму и таму друго е некој непознат да има пристап.Мислам фала богу постои судство, стегнуваш пријава па нека си модерира во келија.А дека има кланови има.Водиш дискусија со некоја членка нема да се согласите со нешто и уште 5 те ругаат со цитирање од типот на ,,ако не ти чини оди си", ,,ќе јадеш бан" и тако даље.Јас на пример не сум во ниеден клан, лајкам тоа што ми се сфиѓа и ми одговара.Некои членки ги почитувам поради нивниот цврст став а не колку да се собере лајкче и титула леле леле вау.Во една тема може ќе се согласам со некој во друга тема со истиот пак нема и што сега?
Ип е дел од безбедноста. И треба да е видливо за конкретни луѓе. За доброто на сите е. Барем јас така гледам на тоа и се осеќам побезбедно. Но да не креваме паника сега: може да оддаде информација за локација од широк појас, но не точна адреса. Така да да не паѓаме во несвест и шпионски филмови. Е сеа ако некој модератор работи у телеком друга е причата...и ако нема три чисти... можда може да ископа и подетални информации. Така да ... секој кој има допир со ип адреса треба да има потпишана изјава (ип адреса и имејл адреса веќе спаѓаат во сериозно доверливи информации) и секоја искочена информација треба сериозно да се разгледа и да се сносат последици. Даклем, затоВа не може секој да е модератор... Со новите услови, газдите бар треба да си ги знаат избраните луѓе со име и презиме кои се и што се.
Јас мислам дека Фемина нашите лични податоци ги има заштитено. Грешка нема тука. Проблемот е што веќе сите корисници си се имаат како фб пријатели и од тамо излегуваат сите работи. Тук е грешката. Се е измешано веќе овде. Порано речиси сe беше анонимно. Сега многу малку е. Би сакала и јас да постои опција за деактивирање.