A мислиш не се знаат имиња и презимиња на модератори? Еве ако не на нив сигурно се знаат на форумџика на годината со се адреаса да се знае каде да и се прати подарок така? Не знам зошто се дига толку паника. Има особи кои се си кажуваат со слика плус итн. значи своеволно решиле да не се анонимни. Сепак Форум е ова не е НАСА.
Не знам како било порано, но сега ние модераторите немаме пристап ни до ИП адреси, ни до мејлови, ни до други лични податоци. Тоа го кажа и @Mihajlo До ИП адресите ако не грешам пристап има @RainBow како глобален модератор и администраторите.
Порано бев модератор. Не знаат. Освен ако треба нешто да ти испратат. Тогаш нормално. Ама секогаш можеш на друга адреса под туѓо име. Јас така направив. И за тие што ги бираат само администраторите знаат, за тоа ве убедувам. Јас барем никогаш не сум видела ничие име да искочи или адреса. Во однос на тоа администраторите се професионални. Колку и да не ми се допаѓа пристапот на Михајло за многу работи, за ова не можам поинаку да тврдам. Стварно никогаш ништо не искочило од сопствениците те администраторите. А лично не сум имала пристап до некој екстра личен податок сем до ип адреси. Имаше панел каде што се гледаше поред тоа кој што модерирал, туку и самите членови што избришале и едитирале, а тука стоеа и ип адресите. Ако измената значи тргање на тој дел - онда ок. Знам дека имаше неколку измени по прашањава, ќе прашам по дома точно што беше. Ама дека се имало пристап до ип адреси, ако не сега, порано да. А за издавање на модератори на локации и ип... прв пат слушам (а штом јас прв пат слушам, може и не е точно )... Ако вистина тоа... за тоа се одговара и не е заебанција.
Ние сега можеме да гледаме кој што избришал или изменил или ние што сме измениле во одредено мислење или што сме правеле со мислењата во одредена тема, но ИП адреси не гледаме.
Да имаме толку пристап до секакви информации ко што сте умислиле дека имаме, мислете дека едни исти ликови ќе ,,воскреснуваат,, одново и одново
Ни од NASA не се анонимни, иако постои опасност некој рамноземец да им изврши атентат Еве ти листа од 600 вработени во NASA со вклучени телефонски броеви дури: https://science.gsfc.nasa.gov/sci/staff
Повеќето идеме јавно, се ставаат приватни слики, ставаме слики од децата, се ставаат слики во модни критики , мојата шминка, мојата коса и.т.н и лесно може да се начекаме и препознаеме по социјијални мрежи. Членовиве разменуваат Фб, Инстаграм и сл, од еден на друг, на трет се руши приватноста на сите. Не се криви модераторите, ако сакаме приватност треба скроз анонимно. Мене не ми пречи ако некој ме препознае, не се ни трудам да ја зачувам анонимноста.
Тоа што не сте внимателни при откривање на личните податоци не сме ние криви. Колку од вас си честитаат родендени тука? најголемиот дел... По датата на раѓање матичниот број се открива, кој пак понатаму е основа за откривање на многу податоци за вас ... мислам ако више параноишиме Инаку не знам зошто му е на некој ,,хакер,, инфо кој колку пати се плеска дневно
Немој да се навредиш ама поголема глупост немам прочитано досега дека само од роденден можеш на некој да му најдеш матичен број. Или можда ти можеш Инаку има страна на која ти даваат ти сам да избереш кој ден на таа страна ќе ти биде означен како роденден,може реалниот роденден,може денот на зачленување на таа страна итн. Независно кој кому што честита и што му мисли форумот е пред се наменет за анонимна дружба. А таборизирања по лични пораки или дадени фб секогаш ке има бидејќи мнозинството може да го избрка малцинството,само кај нас во Собрание е обратно
Ај ај, не нѐ мафтај тука Сесилке, кажи со што да ве пречекаме кога ќе ни тропнете на домашна адреса на гости Бог да чува и да брани од теории на заговор...
Стварно??? Каде тоа??? Демек коа се регистрираш овде автоматски ти е избрана датата на раѓање и тоа точната, без опција за промена па таму на некои страни имаш ДУРИ опција да бираш
Можеби во стариот панел имало пристап до ИП адресите, на овој нема. Неколку години бев модератор а после тоа и администратор на форум во сопственост на Македонски Телеком (веројатно веќе знаете кој е) и таму модераторите имаа пристап до ип адресите на мислењата само во нивните категории. Админите имаа пристап до цел Админ панел. Тука, таква опција нема. Друга работа е што ИП адресите веќе не се статични и истата ИП што јас ја имам денес во Берово на интернетот од ВИП, утре ја има некој друг Да биде посмешно сето ова, или потрагично ... ИП адресата од ВИП комбо пакетот, во моментов вика дека сум во Скопје. А кабловскиот интернер вика дека сум во Берово.. Ип адресата е права глупост.. Ип адресата не може да се земе како личен податок затоа што не е една за едно лице. Се знае според законот во РМ што се смета за личен податок и до тие работи немаме пристап. Ни до мејл, ни до име ни до презиме. А реални да бидеме, кога се зачленуваме на форуми, никогаш не пишувме свое име и презиме. Ретко и мејловите ни се реални.. Од друга страна пак, сопствениците на Фемина знаат кои сме. Самите решивме дека тоа го сакаме и дека нема да ни наштети на никој начин. Може до утре да се занимавате со теорииве, да ви биде интересно .. Но не заборавајте, мнозинството од вас тука иако не пишале име и презиме, се откриле самите. Еве еден случај од пред некое време... Читам тука членка бара шампон.. Читам на фб во една група, членка го бара истиот шампон... Ја гледам профилната слика, познато ми делува.. Кликам на профилот и гледам дека е истата членка од тука... ја има ставено сликата во модните критики.. Никогаш нема да и спомнам директно дека ја знам, ама самата не била внимателна И кој е крив? Јас? Значи, за тоа што самите си го правите, не барајте виновници. Некогаш прифатете дека и самите сте си криви..
Даст, во тој случај ќе бидеш крива само ако си синџирот кој ќе го пренесе податокот. И како член, а особено како модератор. Дали треба да биде санкционирано ако се докаже шред чесниот форумски суд? Треба. Злоупотребата на нечија невнимателност можда не е правна категорија, но морална и етичка?! И те како. Одговорноста ја делиме сите. Ама работата е ...што не се молчи. Одма мора да се изедат триците. Не се оградувајте со тоа - ама не сте внимателни сами сте си криви. А кој е крив што не може некој да одолее на поривот да истресе некаде веднаш?! М?! Извини ама... А ИП ако не е релевантен онда не би постоел. Џаст сеинг и да не дубиме за ип веќе зошто ок е и да се има. Не е тоа спорен момент. Бар за мене.
И за крај, ако не умеете да ја чувате анонимноста, не изнесувајте премногу интимни работи кои би ви пречеле да ги знаат останатите. Ако самите не знаете да се штитите кој очекувате да ве штити? Затоа секаде , па и на форумов , внимавам колку се отварам во изнесување и сервирање работи за приватниот живот. За шампони и општи работи, лични ставови баш ме брига кој ќе ме препознае, башка ставам слики од ќеркичката во скриено катче, па голема е веројатноста да ме препознале, ама не ковам теории на заговор за нешто што сум самата одговорна.
Точно така. Ако ископирам линк од профилот нејзин и го пуштам во ЛП на 10 членки, автоматски се судирам со моралните вредности на кои сме учени цел живот. И тоа е тоа. Морал и лична одговорнот. Ништо повеќе. Фејсбук е јавен медиум, социјална мрежа. Кој не сака да биде виден, нема фејсбук. Фејсбукот го прави по сопствена желба, објавува по сопствена желба и пишува во групи по сопствена желба. Толку. Неморално и неетички е. Ништо повеќе Црна дамка за мојот карактер .. И ние модераторите сме обични членови со додадени опции избриши, измени и предупреди.. и тука сме баш поради високиот морал и почит
Да, ама сем црна точка оди и бан. Или ако се докаже - модератор ноу мор. Тоа е. Кога си модератор треба едно ниво повеќе од другите членови да се има. Ако не сите дај да сме модератори и што има врска?! Не за џабе се бираат модератори. Ко во политика што е така и тука... Не може да е секој модератор.
Значи ти паѓа во вода дека тука споделуваат сите реални родендени,ама ај нема врска можда ќе се извади некоја нова теорија на заговор,деновиве имаше неколку такви...празници се ближат празници се ближат теории на заговор се нижат,се нижат Море тешко на вас модераторите што се мора да читате и бришете,па плус и некој модератор со кратко фитилче да се погодиќе го збрише пола форум во секунда. Се шалам малце,модератор да се нафатиш да ама па и да чекаш да ти падне мирно стадо овци за водење по прав пат тешко тоа. Или пак и на најмала побудна да ги смируваш со тоа дека си измислил топла вода,не бива Сега шу праиме стварно можеш од роденден да ми го пишеш матичниот број? Ако така да ти пуштам дата на самоспалувачка хартија на адреса дадена од тебе што нормално не е твоја?