Темата со петте прашања си е океј, нема потреба да стане тролачка тема, на каде што ја отеравте. Бришеме огласи, банираме за пораки недолични, пријавувајте секогаш кога ќе видите такво нешто или ќе добиете порака. Вие не разликувате кога хуморот и сарказмот ви преминуваат во тролање. Што е во секоја тема што не ви се допаѓа. Затоа скокнете некогаш нешто и отворете си теми за кои сакате да дискутирате, а не само да се исмејувате на туѓи теми. Може? Ајде сега да се преселиме во други теми и да дискутираме за нешто што ни е во интерес.
Какво тролање беше мојата смешна слика без никаков коментар и цитирање во темана Dirty talk пред некое време? Сериозно те прашувам, уште ова и не замарам повеќе Се надевам дека е така, еве вчера една членка ви пријави дик пик од член што патем и долго време пцуе сѐ по ред и се заканува во политика, па да видиме до кога уште ќе го има И јас велам дека треба да се промени нешто, ама тоа е да почнете поефикасно да запирате негативна енергија и говор на омраза од членови со 5/6/7ми профили по ред Поздрав
Ако некој е толку болен да си го праќа онаквото во порака кажете го јавно кој член е. Забегана работа.
Праќаат, па од кога се измолиш некако да ги банираат се вратат со нови профили од кои бираат повнимателно кому праќаат. А тие новите профили ако ги пријавиш никому ништо, на пријавите не одговараат админите, ни дали има сомневање дека е истиот член, апсолутно ништо, игнорираат дека си пријавил. А ако напишеш јавно модераторите одма те бришат затоа што не смееш никого јавно да обвинуваш. И така, на женски форум најзаштитени се манијаците
Јас еднаш пратив порака дека сум вознемирувана од манијак, а одговорот беше дека сама сум си го барала.
Јас еднаш 100 пати пријавив еден реинкарниран член што буквално и истиот ник го имаше како порано(со минимална разлика). Тој член следеше девојки од форумот, им пишуваше каде ги видел и што правеле. Не го банираа додека не напишав јавно едно 5-6 пати.
Ајде не претерувај. Како и за сѐ така и за ова. Јас имам пристап до пријавените пораки, за секоја пријавена порака реагирам. А такви ретко ги има, изгледа поинтересно е јавно да се објават или да се препраќаат по пораки наместо да се пријават. За сама си го барала никогаш од моја уста нема да излезе. Едит, ти пишав и порака да ја разјасниме до крај работата.
Дааа...ама ти пријавуваш реинкарнирани членови ти кои сакаш, а со тие што се дружиш ги подржуваш..е неможе така, нема правда
Одличен одговор од глобален модератор Сакаш да кажеш дека праќате одговори на пријавен реинкарниран профил? Како тоа јас само еднаш до сега сум добила таков одговор?
Па добро ова е форум. Сосема е јасно дека ќе има такви членови, исто ко на мирц навремето што имаше такви луѓе. Ти си требала веднаш да си го затвориш сандачето и да си го заштитиш профилот. Веројатно ти одговара друг да ја врши обврската за тебе. Имаш таму опција напушти разговор и нема да имаш повеќе пораки од тој член. Ако е нешто ептен заканувачко се пријавува. И сама можеш да си ја завршиш работата. И среќна и мирна