Ти, си таа што не си информирана или сакаш паметна да изиграваш, та препраќаш по психолози и болни не називаш. Ај, сега слика се ти и закажи си термин каде да се лечиш-
@Bitter-Sweet ти почна прва со бранење на членот кој го спомна. Тука цело време се збореше за латиницата, а не за членови и банирања.
Ајде, цитирај , те чекам... Каде се спомнати ставови, банови , баби- жаби? Зошто измислуваш, која ти е поентата?
Јас веќе долго време скокам долги латинични мислења, без интерпукција, а доста често се и конфузни и без ред. Ептен ретко да седнам да читам некое. Дали сум мрза? - Можеби, веројатно. Ама, знам дека не ми сметаат, фино ги скокам и не ги сметам за релевантни. На сите ни се има случено да сме во брзање и да не можиме во моментот да смениме кирилица. Ама тоа би било еднаш, два пати, три во цело членување. Ако веќе сме редовни членови мислам не е воопшто проблем да се одвојат две минути за ова.
АКО НЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЗОШТО ИМА И ИМАШЕ ОПОМЕНИ ЗА КОРИСТЕЊЕ ЛАТИНИЦА ОД СТРАНА НА МОДЕРАТОРИТЕ? Кога лечиш фрустрации на Форум тоа е тешка работа, се гледа. @theowndemon Не е проблемот 1-2 пати да пишеш на латиница, туку цело време да пишуваш и при тоа не ги почитуваш правилата на дискусија , а и останатите членови кои се придржуваат кон истото.
Може има некој канта (не е со намера да се навреди) телефон - ко и јас, па затоа и не може да симне кириличен фонт. Мојот има бугарска поддршка. Уште некој да се најде и да ме тормози за секое „нј“ место „њ“, „лј“ место „љ“ итн. итн. .. и да ме третира ко неписмена.
Глумење лудило, не разбирале на латиница ако е напишано па уште и лекции по македонски држат. У превод: комплекси.
Па никој не би те тормозел за тоа, ама веројатно ако пишуваш л наместо лј и н наместо нј би те тормозеле. Чисто за да го направиш почитко мислењето. Реков јас, ако пишува кирилица барем нека се потруди да пишува правилно. На крај озбилно ќе почнам кинески да пишувам. Како што реков, има и конвертори на интернет.
А зошто мислиш дека некој би се потресил ако ти почнеш на кинески да пишуваш? Мислиш толку е битно што си напишала па преведувач ќе ангажираме?
Верувај, одма ќе се најдат потресени па ќе се бришат мислења, ќе се креваат паники... Кога модератор не може да не биде непристрасен и да не се понаша ко да си му стапнал на нога, што да кажам за форумот...
Имате и посебна тема- Како да пишуваме кирилица? Кој да прочита? Полесно е да фантазираш дека некој има нешто против, него да си ја корегираш грешката. Тешите се , ако ви е така полесно, каде, ако не ТУКА. Живот.
И мене ми смета кога гледам како фрчат навреди, лични напади, вулгарност, во секоја тема одат оф топик итн што е исто така против правилата, па никому ништо, ете ги истите членови си пишуваат и се толерираат. Ќе дојде @RainBow и ќе објасни што, зошто и како.
Се сложувам. Посебно заинтригирана сум што и модератори си дозволуваат да одат офтопик на секоја втора тема.
Најглупаво е што политика смешавте овде. Толку сте забегани ? Правилата се одамна измислени, следете ги!
За тоа што некои членови не пишуваат на кирилица не ми пречи толку мене лично. Ама како и да е треба да го почитуваат правилото. Ама во Македонија правилата очигледно постојат за да се кршат и да не се почитуваат. Мене друго ме нервира, а тоа што голем дел од новите членови како дотичниот кој коментираше во темата: Совети од машка страна за сите девојки неговото мислење немаше никаква врска со дискусијата која беше отворена од девојката која бараше совет.
Сигурно уживате и во реферати за глупави прашања од тазе нови членови на латиница А бе ајде. Конкретно овој член моментално се посочува, бидејќи пишува километарски постови постојано на латиница, сега во политика, а порано и во други теми. Тоа колку е смешно што таму име и идентитет се брани а не се користи сопственото писмо, е друга тема – ама пред сѐ од практичен аспект е напорно за читање. И пречи од страна на било кој член. Се знае во правилата на сите македонски форуми, па и на Твитер само саркастично се користи латиница во постови на македонски. Ама јасно е кои не почитуваат правила... as always.