Колку што знам кога се избира модератор на форум обврската му се доверува нему ако он сметал дека треба да се избрише ќе стои избришано. Џабе поплаки и жалби.
Па само за мислењата знам дека важи, за ЛП не знам... и така не можат да ми пишат тие што ги игнорирам (заклучено ми е)
Мене ми е скроз отклучено. Секој има право да ми пише, затоа што не знам кој за што пишува... може има некое прашање. Во моментот кога ќе ја прекардаши работата, е тогаш малку игнор му праам
Дали некој има проблеми со логирањето на форумов? Уклучена сум од телефон и ми пишува дека страната не е безбедна.
Имаме сите Тој што е газда на форумов, не си го платил на време сертификатот Сега можи и да ни крадат пасворди ако сакаат
Имавме мал проблем со SSL сертификатот, сега повторно сè е во најдобар ред. Благодарам за разбирањето. Нема апсолутно никаков проблем со безбедноста, без грижи.