@Mihajlo Ти, барем одговори дали е дозволено користење латиница и прекршување на основните правила на ФФ? Благодарам!
Се работи на конвертер кој ќе биде инсталиран директно на форумот. Како што беше и на старата платформа кога и беше многу построго зашто едноставно немаше никакво оправдување за некористење на кирилицата. Кога ќе имаме решение да понудиме ќе ги форсираме построго правилата за кирилица. Засега објаснуваме и предупредуваме, но кон построги мерки ќе се премине кога ќе се среди конвертерот.
Гледам дека се почесто се пишува на латиница и многу ,,шарено" т.е непрегледно стана. Порано, беше подруго и ми беше чудно што толку се допушти. Позз
Па ние душичко допуштивме името да ни го сменат на државава а ти се буниш за латиницава овде...па цел свет употребува латиница, не гледам никако проблем, ниту шаренило....
Фемина.мк вреди 20 Милиони долари и е една од најаките и најбезбедните сајтови во балканот така да глупости не пишувајте...
Си прочитала ти, дека тоа е правило на ФФ? Прочитај, ако не. Нема потреба од политики мешање. Правилата на игра се тие, прво , прочитај и после зачленисе( ако ти одговара). На времето и јас немав на телефон мак. фонт, а го земав компјутерот и пишував, тука.
Зошто толку инсистираш да го банираат? Што ти има згрешено? Колумбо разговарал со Реин, ја објасниле ситуацијата. Можеш ли да сфатиш дека он нема кирилица на мобилниот, можеби не е во можност да се уклучува од лаптот или компјутер. Он не е единствен член кој не користи кирилица, ама за другите ти не се буниш. Вака се доаѓа до заклучок дека ти сметаа ставовите на Колумбо, е не кирилицата.
Нема оправдување. Македонска тастатура на мобилен се поставува за минутка, на лаптоп за помалку. Се работи за неписменост, ништо друго
Точно така! Нема оправдување, едноставно треба да си човек и да ги почитуваш правилата. На почетокот имав мислења на латиница, модераторот ми го искорегира постот и ме потсети на плавилата на пишување. Јас како совесен човек, срам ми беше уште еден пост да напишам на латиница, а не пак да редам постови , како ништо да не се случило. Проблемот не е комплициран, секој може да го среди телефонот со мак. тастатура или компјутерот. Само ако сакаш, нели? До човекот е, секако.
Па така е. Некој нов член да пише на латиница ќе му стои такво горе известување да пишува кирилица, ама ако некој тука е староседелец пу пу не важи.
Ιασ κε σι πισυναμ σο γρτσκι μπουκβι τογασ Разбра некој ? Како бе да нема кирилица на телефон, бар во денешно време за минута се инсталира јазик на тастатура. Ама ок, all animals are equal, but some are more equal than the others
Ќе те избришат. И од СДК почнаа да бришат мислења кои не се оф топик ниту цитати ама едноставно не им се допаѓаат.