Забрането е, ама ако не те сакаат модераторите нема да го избришат тој што те цитира за да те навреди, само тебе ќе те бришат ако се обидеш да одговориш.
Не, јас без знаење се надоврзав на друго мислење и ја цитирав членката. Ако треба слободно нека се избрише постот. Правила се правила.
@DAngel стварно ми го избришаа постот околу латиницата. Не знам дали го прочита. И сега чекам волшебно објаснување од @referentka или @Lella
Мене ме цитираше Без грижа, нема да те избришат Сите понекогаш цитираме во СДК, не верувам дека е возможно да постои тема без цитирање @Mr. Right нормално дека го прочитав, затоа и ти реков дека ќе го избришат. Постот не беше оф топик ниту против правилата, ама едноставно не им одговара.
Во СДК е забрането цитирање за да не се изгуби поентата на темата, да не се разврти разговор околу нешто.
Тоа е така бидејќи новите членови не се информирани дека е пожелно да се пишува на кирилица, па за да им се даде до знаење се ставаат потсетници. За староседелците сметаме дека го знаат ова, веќе сме се објаснувале многу пати и непотребно е да се ставаат потсетници само за да "бодат очи" во темите. Доколку почнеме со банирање ќе треба да го преполовиме форумот. Како што кажав, кога веќе ќе биде овозможено директно да се пишува на кирилица ќе примениме построги мерки да се вратиме на старото и да се пишува исклучиво на кирилица. За СДК е дозволено цитирање, но не и четување. За тоа има и чет има и други теми. А и кога се претерува со чет муабети веднаш има реакции дека СДК на ништо не личела, станала каша попара, се допуштало се и сешто... Сме биле сведоци на тоа многу пати. Затоа кога се претерува со чет муабети се бришат. Доколку сметате дека нешто е избришано што не требало пишете ми порака.
Јас сметам дека безпотребно ми е избришано мислењето од СДК во врска со латиницата. Не знам дали го прочита, ако не нека те известат @referentka и @Lella околу тоа. И претераа да ти кажам. Повеќето претераа. Дежурна полиција изиграваат 24/7. Ама џабе зборам.
Доколку сметате дека некој ја злоупотребува функцијата слободно пишете и објаснување на @Femina. Ќе проверам за мислењето.
@RainBow Уште, нешто- што е со темата за вакцини? Постои движење против вакцините и темата е опседната со двајца. Освен, заплашување и филозофии како рота вирусот е ,,обично " проливче , гугал надрилекари, не можеш ништо да прочиташ. Ако не е анти движење, кампања за не вакцинирање деца, не знам што е??? Двата члена само коментираат на една иста тема и истите приказни цело време во круг. Очигледно е, а вакцинацијата е законски регулирана во нашата земја. Благодарам!
Против сте за латиница така? Па зошто тогаш е дозволено англиски да се пишува по форумов? Јас немам ништо против за кирилицава и благодарна и сум на јагода сто ми помогна и ми испрати линк за кирилица,ама ова англискиов по нерви ми оди.
Пред некој месец прочитав еден коментар и цревава ми се накренаа од коментарот ,,ау јас нон стом англиски зборувам дури и македонскиов го заборавив,, Уф туф, жими та...то
Како што ти почна да користиш кириличен конвертор, така треба да почнат да користат и другите членови кои немаат можност на мобилниот или компјутерот да подесат кирилица. Мило ми е што почна да пишуваш на кирилица. Но, со некои членови за жал нема разбирање. Кириличниот конвертор што го користиш ти, не е совршен, бидејќи е проблематичен за буквите: ч, ќ, ѓ, ж, ш. Но, како и да е, сепак според мене е подобро да се пишува на кирилица. А за буквите: љ, њ, ѕ, џ си има соодветни букви и правилно се конвертираат. Q-Љ W-Њ Y-Ѕ X-Џ Ќе треба да почекаме како што кажа Реин, па да бидеме построги. Се надевам дека нема да треба долго да чекаме.
@RainBow , ако може само... На СДК , доколку некој ме цитира, и ме нападне, а јас се бранам во понатамошни постови, нема проблем да ги избришите моите, но комплет со првиот цитат кој е напад. Баш денес, со тој коментарот на Бриџит се случи тоа. Не е убаво, да не му се дозволи на некој да се одбрани. Значи.. или сите, или ниеден
Има кириличен конвертор (латиница во македонска кирилица) што kj, gj, sh, ch ги преведува во соодветните букви. А и да е напишано кириличното мислење со ch наместо c нема "sovesta da mu bide cista" туку ќе му биде "chista" што реално е една голема разлика. Од друга страна, се нафатив јас да ги "преведувам" мислењата напишани на латиница со конвертор на интернет, добив само закани за бан. Да не се лажеме дека нема долго да биде конверторот, би била изненадена ако било кога го добиеме
И мене ми оди на нерви овој микс од македонско - англиски јазик на форумов....ма и воопшто по медиумите. Да, посиромашен е прилично од англискиот, ама со миксањево со англиски зборови, македонскиот ми наликува на И мене некои коментари ми се избришани, поим немам зошто. Тој што зачистувал, се заборавил со чистењето