Јас сите овие букви ч, ќ, ѓ, ж, ш. ги крадам од постовите на други феминки Знам нее убаво простете,ама морам некако да се снаоиѓам
А зошто не си поставиш македонска тастатура? Полесно е. Јас постојано работам со латинична поддршка, па ни на месинџер, вајбер, чет, речиси никогаш не пишувам на латиница. Се' е до навика. Промена од една тастатура во друга е дел од секундата.
Англискиот е најпознат интернационален јазик. Никаде не е забрането користење англицизми ни на кирилица, ни на латиница нормално во изворна верзија, ниту изрази и реченици на англиски. А посебно пак при цитирање други извори нормално дека е неопходен. Македонски на латиница е она што е забрането со правилата, на англицизми можете само очи да превртите како и кога луѓе во живо ги користат. Не глумете лудило жити сѐ. Со Колумбо ни најмалку не се согласувам ни јас, ни за теории на заговор ни за политички ставови, иако не го цитирам оти веќе ме мрзи во тие теми. Кажав и пак ќе кажам, сфаќам што за него највеќе се бунат бидејќи од сите што користат латиница единствено тој пишува реферати со кој претендира да биде сфатен сериозно. Бонус за тролањето е оти брани јазик и идентитет без ниедна реченица пишана на нашето писмо.
Постојат затоа што некој ги додал. Природен процес е тоа. Некој почнал да го користи зборот и останал во јазикот. Јас се трудам и во деловниот речник да ги користам македонските изрази, посебно во трудови, презентации или техничка документација. На крај пола ме гледаат како телиња и појма немаат за што им зборувам. Не се противете на природните процеси на збогатување на јазикот. Патем, форумот е разговорен, ако сакам секој втор збор ќе ми биде англиска фраза, нема ништо погрешно во тоа.
Cepidlaka!! Mene tel.mi se rastimuva.nekoja kineska tastatura mi se pojavi.vnuceto stisnal negde..pet dusi probaa I nikoj ne mi go napravi..sega i妈妈 imam kineski I angliski..ne mozeme da najdeme kirilicna..