А дa ме oбaвести некoј нa кoи теми сум бaнирaнa, зoштo и зa кoлку време? Или првo требa бoнбoниерa пo кaргo дa прaтaм?
Правилата на форумот постојат за да се кршат, Многумина гледам по ова се водат. А кога сме кај овие работи, не ми е јасно зошто уште нема опција за македонска поддршка како што имаше на старата платформа? Километарски постови со латиница се навистина мачни за читање.
Мислам дека е ова дискутирано, ама да си прашам - можеш да „блокираш“ некој за да не добиваш лп од таа личност?
Едно е да прочиташ 2-3 реченици на латиница друго е да читаш рефератишта и да читаш zabi место Жаби и слични глупости. И се користат ИНТЕРПУНКЦИСКИ знаци za.danese,macime,da procitame necij referat i da pisuvame neznam mesto ne znam i red.drugi.raboti i polesno da se sVakame.megusebno
Ај што ти фали една запирка ама имаш и други пропусти. Исправно е: *Тоа е природен процес. *користи-употребува *посебно-особено *појма-поим *пола-половина (Пола е Абдул) итн... Ништо лично, само се надоврзав на твојот муабет за писменоста на другите. Јас па не се замарам на форумов кој што рекол и како напишал, ниту се замарам да пишувам секогаш граматички и правописно точно на форумов. Ниту ме интересира дали некој фура на англиски, патем изигравајќи инглиш уоман, демек види ме сеа ја како знам (макар и на гугл превела), на такви некои фрази само се смешкам или превртувам очи. Не ме интересира ниту ако пишува на латиница, негов избор, може вежба за во ЕУ, негово право. Е како и повеќето овде, ме нервира само самоволието на модераторите, некако откако ги ставија новиве модератори си бришат и банираат како сакаат и кого сакаат. Кога беше само @RainBow како да имаше повеќе ред и задоволство на форумов. Иако и таа во една прилика ми кажа дека оставала кој што сака да пишува, да навредува, да колне, пцуе итн...зашто никој не ги почитувал правилата и не можело цело време да се бришат и банираат, во смисла како дека е оставено на нас да си исповадиме очи (ова за во политика мислам беше). Пораката ја прераскажувам, бидејќи ме мрзи да ја барам изворната порака. И мислев дека така и е, ама гледам пак дискриминаторски пристап. Ама всушност па и не може на секој да му се угоди, ама ако се брише и банира да биде тоа комплет, да нема на ти го дај ми го. Зошто да нема цитирање во сдк, може некој мисли дека некој друг погрешно кажал нешто. Друго е ако дава извадок од некој роман или дел од личен труд. Абе зш не кажувате дека Михајло пишал на форумов, не сте фер, бичес Кога @Mihajlo ќе напише нешто како милион сонца да ме огреале. Сега сум полна со сончева енергија до крај на февруари 2019 година. Освен ако не честита нова 2019 година па да го продолжи тој рок дупло. А и си го сменил аватарот, сега е многу посладок, прав инжињер. Откако увидов дека не ми одговара на пораките, почнав само јавно да му се обраќам. @Bridget "сесре" како бе те банирале, мислам, кој воопшто се осмелил на таков чекор? Ќе ме изнервираат ќе им избришам цела платформа, кирилица нема да дочекаат Да не беа смајлињата, ќе звучев опасно, слично како кога @RainBow не плаши со тоа дека сега ни прогледуваат низ прсти ама кога ќе го стават конвертерот нема да има трте-мрте, ќе има строги казни за прекршителите, како во казнен логор ќе бидеме.
Оти ма ти не ми се јави мене да ми кажеш што ти сториле тие бесрамници едни...ааа...ќе видат они убаво...мојата миленичка да ја банираатбиче крви
Тоа реков и јас де, дека нема поента да се оценува неофицијална и разговорна комуникација на тема писменост. Ако си приметила, оставам често и недовршени реченици, нешто што не смееш да го направиш во официјална комуникација. Ако толку сакаш да ми оценуваш писменост, да ти пратам некој труд па да ѕирнеш дали имам англицизми, латиница, разговорни фрази или неврзани и нецелосни реченици
Зошто ми е избришано цело мислење од темата за возраст за секс? Не беше цело офтопик. Само вие бришете па после жалете се како нема дискусии на форум.
Колку што приметив и Колумбо е баниран, зошто? Колумбо никого не навредуваше, ниту провоцираше, толку ли беше проблем латиницата? Подобро е да се чита латиница, отколку деструктивни мислења на некои членови, ама ете мора желбите на дотичните да се исполнуваат. Затоа гледам како бубачки се мирни, баш ме интересира сега за кој член ќе бараат бан?
Kolumbo - користење на уште еден профил, Jas licno [03.08.2018] Колумбо од Jas licno на кирилица пишуваше Значи сите ги дупел во здрав мозок
Каков израз користиш? Поправаш граматички грешки, се буниш за латиница, а погледни какви изрази користиш. На таа возраст со какви изрази ти се служиш. Не ти се здосади само на тоа да мислиш? Јас досега немам наидено на член со ник Jas licno, можеби тоа му било стар профил и повеќе да не го користел.
Тоа само @DAngel има право да пишува шо сака, а да не се банира, исто @Asparagus вчера. Форумов стана дно, се што на улица избегнуваш, ќе најдеш тука. Коментари со навреда спрема мене тргнати како ништо да не било. Уште некоја година давам, ќе видиш што ќе стане од форумов.