Не мора да е човек безобразен и експлицитен за да шири говор на омраза. Ако слободата на говор и изразување е ограничена, тогаш таа е привидна слобода и не е слобода. Значи, на пример, човек смее да оди на плоштад и да ги пцуе сите на цел глас без дискриминација, ама тоа не значи дека од 100 луѓе што ќе поминат, нема да се најде еден кој што ќе ја искористи неговата слобода да му го скрши носот. Е сега, ако човеков што пцуе може да ја плати цената да си дозволи секој ден со кршен нос да оди, тогаш смее да пцуе секој ден. Слобода на говор и изразување не значи слобода од одговорност и последици. Природни закони, акција и реакција. Е сега, пошто се е причинско последичен синџир, може да најдеме оправдување и разбирање за секоја реакција (колку и да е гнасна), но и за секоја акција (колку и да е гнасна) поради тоа што таа е реакција на некоја друга акција во фрактално разгранетиот синџир. Ова води во води на морален релативизам, кои што како што имам речено порано се одвратни, на универзумот не му е гајле, тука се губи одговорноста за било што, постои можност за неограничена социопатија, победува посилниот, се е дел од едно и е распределба на енергија/маса во дадено време/простор, распределба на моќ. Значи, мора да се пресече некаде онаму каде што е најблиску - во случајов одбрана на индивидуално ниво - пред се нема да дозволам да ме скрши некој, имаме ограничено време и простор на ефектвно делување, судиш што судиш, правиш што правиш, секој ќеиф се плаќа, помалку или повеќе и тераш понатаму. На пример, овие тројца луѓе многу поубаво објаснуваат од мене:
Слобода на говор — право на слободно зборување и изразување без цензура или ограничување, или пак двете заедно. Во пракса,правото на слобода на говор не е неограниченo. Говор на омраза - говор чија намера е да деградира, вознемири, или предизвика насилство или активности врз основа на предрасуди против лица или групи луѓе врз основа на нивната раса, род, возраст, етничка припадност, националност, религија, сексуална ориентација, родов идентитет, хендикеп, јазична способност, морални или политички ставови, социоекономска класа, занимање или изглед (како висина, тежина и боја на коса), ментален капацитет и било која друга особина.
На форумов има и тоа апла дискриминација посебно сум приметлиа по основ на религија, политичка определеност и сексуална ориентација. Овие што омаловажуваат религиозни мислат дека се подобри од тие што омаловажуваат хомосексуалци и обратно.
Не можам да ѝ пишам и не го дава никот во пребарување, само оној постариот профил што баш тука пиша дека не може да се логира па го направила и го користи новиов. Можда е нешто технички со ова, па затоа прашувам, ама не верувам. Којзнае кој па неа ја испровоцирал овојпат. Ама ако, нека тонат уште подлабоко и нека се трудат од петни жили сите квалитетни членови да нѐ избркаат.
Што се случува? Се затвораат теми без појаснување, се банира без појаснување, модератори се исмејувааат и вреѓаат членки... Да не е ова Битпазар?
Kolumbo сам себе си си се восхитувал. Смешки Колумбо кога ќе порасне сака да биде како Колумбо. Па и од двата профила пишувал за месечината, болна тема
Ах, океј. Малку да ставите прст на чело што правите вие во администрација и по грешка и намерно, и на што заличува форумов - не ќе да е лошо. Само тоа ќе ти кажам. Фала на одговорот и поздрав
Се прашувам дали може реин по грешка да го банира Михајло, на пример, и да го превземе форумот Rainbow is taking over
Треба разбирање да се има од двете страни сигурно и Рејнбоу си има приватни обврски и не може 24/7 дежурна на форумов да биде.
Еве ме. Чудно по грешка биднал банот, одма после препирката во инбокс. Нешто Виножитка не ме обича,штета, а јас обожавам виножита