Јас стварно не знам дали не приметувате дека таа жена/маж што и да е на велико трола и ве шиба у ребра. Очигледно е дека зад тој профил стои некој со вишок време и енергија.
@JaneMarple вчера е регистрирана. Не знам кога стигнавте да ја банирате. Можевте само да го избришете спорниот пост во Свекрвите и снаите. А баш ја зачитав и ми се виде фина женава. Гледам дека новите членови не се баш добредојдени на форумов и за најмала ситница се банирани, додека на некој постар член што и да напише му се прогледува низ прсти. Има пилот авионов?
Во темана Банирани корисници треба да се пишуваат сите до еден кои се банирани сосе причината, да нема потреба од вакви забуни и прашања. А за бабено, не се секирајте, сигурно ќе дојде таа пак да трола во ново руво (ма да не верувам ни дека е перманентен банот, се надевам дека грешам). Нека ја „помачат“ веќе барем нов ник да смисли, како на другине форуми. Лол.
Не е перманентен на бабето, ќе дојде за некој ден пак со тоалетната хартија и шалите за болести, без грижа
Можеби е ист член со некој од банираниве и поради тоа пак ја банирале Најголемата глупост е што темата Банирани корисници е заклучена ...
Јас за бабата бев сигурна дека е банирн член од порано т.е вратена во ново руво. Стилот и начинот на изразување ми беше познат од порано. За Карамиа имаше членови кој се сомневаа дека е иста приказна како бабата т.е имаа и јавно пишано. @ilyan изгледа во право си била. опасно си ти.
А зошто е банирана КараМиа? И Баба Рада? Не сум во тек што се случило... Со Кара бев во ок однос,ми се гледаше како фина личност,со бабето бев неутрална,ама ме интересира
Мене ме потсетуваше на друга членка што ја банираа пред неколку месеци, која исто така во поопуштените теми беше фина (меѓу другите и со мене, па затоа и тогаш прашав зошто) - но и за неа ниеден модератор не објасни зошто доби бан, ниту пак е запишано во темана Банирани корисници... Ако е работава ради 40-ка или снаи и свекрви, изгледа истата е. Не читам воопшто таму, па затоа ми е чудно што е проблемот со женава...