JaneMarple, Caramia сите беа дупли профили, плус уште еден после тоа, Faustina кој е исто баниран. А ќе бидат банирани и сите наредни. Baba rada има две недели бан, не поради последната отворена тема, туку поради навредите тука што ги напиша, иако веќе еднаш беше банирана од истите причини. Затоа сега е и банот подолг. Ако се продолжи така ќе премине и во траен. Знаете одамна дека никогаш никој не бил баниран без причина, ниту пак банираме со некоја леснотија и имаме доста голема толеранција за сите. Ве замолувам да не ја полните повеќе темава со оф-топици и препукувања.
Колку најмногу слики може да се прикачат во еден пост? Истото прашање се однесува на видеата. П.С. Одамна се сомневав дека Caramia е дупли профил. Само не ми текнува која членка пишуваше на ист начин.
Јас имам неколку прашања Колумбо е зачленет на 26 август 2015 , Jas licno e зачленет на 14 октомври 2015 . Според тој што е одговорен за банирање перма , овие двајца се заеднички профили. ОК. Тоа значи дека скоро 3 години седеле со дупли профили на форумов. Прашањата се следни Зашто е баниран сега а не во првите месеци, тоа значи дека секој може да си има колку сака профили , бидејќи очигледно нема контрола , све што треба е да се држи под радарот , коментар ваму , коментар таму. И ќе си седиш со колку сакаш профили ... Друго од кај јас да знам дека е ова точно , може засметал бидејќи го бранеше името и имаше притисок дека смета па ај бан (мислам на никој не му е гајле пошо е вмровец , да ги банираат утре сите , никој нема да му е гајле нели ама пак) . Утре може да засмета на пример @DAngel па да ја поврзе со некој рандом член од 2012 и да каже , два члена еве бан ... Ние како знаеме ќе прифатиме , ќе викаат сите лелее како можела така , тие десно крило ќе се радуваат и итн итн. Лесен начин за злоупотреба на моќ нели, што е гаранцијата дека тој што банира стварно банира правилно? Еве и јас на пример ја карам и ќенќам кога можам реин и така ќе биде додека не пцовисам или сум баниран перма , утре ќе каже фак оф Јипи доста ми досаѓаш, заеднички си бил со симе1234 профил еве ти бан .... 3 год значи човекот сте го оставиле со дупли профили , или невнимание да не кажам не вршење на задачата или одмазда и злоупотреба на моќ. Кое е ? КОЕ? едно од тие две е , одговорност мора да има...... САКАМЕ ПРАВДААА И НОВИ ИЗБОРИИИ на глобален модератор. Спојлер А браво за креативноста на колумбо , да земе да пише и да се цитира со двата профила и да си лајкува притоа викајќи дека нема кирилична подршка ... NEXT ... LEVEL ....MINDFAK NEXT LEVEL
Потполно се согласувам со напишаното. Треба да се обрне внимание на дупли профили ,у старт а не кога ќе избие војна
Беа пријавени профилите, па тогаш ги проверивме дали се дупли. Има многу профили, за жал не можеме да ги чешламе сите. А и банираме кога апсолутно немаме никакво сомневање.
Добро де , зарем не можете до толку да ги фатите дуплите , и повеке профили ? Ип адеересите на сите ни ги покажуваат , како е можно да "живеат" тие профили сеуште ?
Да и се фатите на баба рада за "путето", не сакате да си признаете дека беше многу поинтересна и позабавна од тие што ја оговарате. И на Колумбо да му се фатите, и на тој јас лични и на КараМиа и не знам уште кој беше. А ти Јипи доста со бљувотините за вмро-сдс овци, и тука ли? Се јавив на форумов, да не си мисли некој дека ме банирале дека одамна ме нема. И викате дека ако е од ист ај пи мора да е иста личност? Ај брееее, свашта Џабе е и ако се формира форумско обвинителство тука. Изненадена сум за КараМиа. Предлагам да се разоткрие и профилот на Јипман и сите од негова ај пи по дифолт дупли на Јипман.
За Баба Рада и Колумбо немам изградено мислење зошто не сум ги читала нешто посебно... А што се одесува на Карамиа/Аура/Асистенка/Виши , ако ви е интересно да читате трол со милиони измислени приказни и претставување како маченичка, страдалница и играње со чувства на жени во најосетливата тема на форумов свака час!
Е ајде бе, овие сите биле иста личност? Немогуќе. Може и да биле сестри, братучетки, мајка и ќерки итн... ако биле од иста ај пи. Ако збориме за измислени приказни, колку ги има овде што се филмаат и измислуваат и се смешни бидејќи мислат дека некој им верува али они се "јаки" умислени форумџики. Ако веќе си играме детективи, треба многу приказни да се проверат
Кои се мУри тие умислени форумджики?? )) За КараМиа и jaс помислив дека е дупли профил, мада, само у 40ка ja срекавав.
За КараМиа знаев дека е Асистентка,се познаваше уште стартно,по стилот на пишување,се чудам како успевала до толку да трола(како што тврдат погоре со повеќе никови) со мене беше океј и во други теми кај што ја читав
Јас пак за баба Рада не можам да се изначудам за поддршката тука. Како може бе возрасни, зрели, образовани личности кои патем продавате овде морал и сакате да ве сфатат сериозно, да се смеете на троловски теми за тоалетни хартии, вагинално селфи, потечен пенис и слични гадни глупости?! Да не зборувам па уште за она пострашното, потсмевот во теми како Самоубиство и играње мајтап со млади личности зад екран што дошле тука за совет... Не знам воопшто ни како глобалната модераторка и администраторите го разбираат поимот internet troll, но ова на какви сè овде им се допуштаат 100 шанси и привремени банови (а на некои ни тоа), е срамота. Ама нема врска, после срамниот потег месецов, јас лично не пријавувам веќе ниту поединечни мислења ма какви и да се, ниту членови. Дотичните едноставно не го заслужуваат ни тој придонес од мене како член на форумот, а не па бесплатно модерирање што го вршев со месеци лани (и за што длабоко се каам).
Беше бaнирaнa, oвa гo знaaт дури и птиците нa грaнките. Скoрo месец пoминa oткaкo се врaти, aмa уште гo немa пребoленo бaнoт. Едвaј чекaм дa се врaти Baba Rada прaвo oсвежувaње е нa фoрумoт. Мнoгу ми е релaксирaчки лик и никoгaш првa не пoчнувa кaвгa.
Како не ви здосади да се препукувате и да се натегате во оваа тема? И после ќе ве бришат нормално дека ќе ве бришат. Што велат Србите : Здосадили сте и Богу и народу. Од каде ви е таа енергија да знам само.
Јас разбирам дека се случува некој да има тежок и напорен ден, ама тоа не е оправдување за вакви испади. Нека си најдат издувен вентил .