Патем, сега баш отворив да видам кои имаат најмногу допаѓања. Некои од нив не се баш постирачи на слики туку вистински квалитетни членови, со супер мислења и креативност.
Никаде не пишав спам во СДК.. т.е не наведов конкретна тема. Мислев на кафе муабети општо, бидејќи таму не се бројат мислења а беше спомната погоре како категорија.. И стварно..не се замарајте со глупости..
Да во право си. Но, форум не е само да напишеш нешто и ај чао пријатно. Треба да го прочиташ и туѓото мислење, не само да напишеш, нели, за да можеш да споделиш мислење. А, со оглед на тоа дека има некој што пишува мислење само за да го "набилда" бројот на мислења тогаш битно е. На пр. во тема Дали користите мобилен на работа? некој иде и одговара само со Да/Не, а над него веќе другите членови дискутираат колку е оправдана таквата постапка. Значи очигледно е дека е спам, напишано колку само да се брои. Според мене, секаде треба да се исклучи бројачот на мислења, за да се избегне тоа, или кога веќе постои нека биде пологично програмиран. Ако се толку небитни бројот на лајкови и мислењата, зошто постојат листиве? Еве, јас кога се зачленив ги пробуричкав рангираниве списоци, и некои членови прво таму ги приметив. Тие глупости се измислени од админот на форумов. Најверојатно имал и причина. Нормално е членовите да се замараат со нешто што постои како опција на форумот.
Нa феминa би бил некoј вaкoв пoст oд мaлку пoпoпулaрнa членкa -Теткa стaнaaaв, сoнце милo нa тетa, вaквa среќa нa секoј му пoсaкувaм! И дoле милиoн слики oд сaлaми и тoрти зa чaстење.
Дали биле или не биле не ми прави разлика, ама ако на некого му е битно, нека се тргнат. Прв пат ја гледам листава со истакнати членови, познати ми се сите, порано на сите теми се среќававме. За квантитет на мислења, мислам дека не се бројат во кафе муабети мислењата, така да исто ко да не си пишал му доаѓа, барем за бројот.
90% од напишаните мислења во феминското ќоше или во темата +/- 40, се многу поквалитетни од тие во храна и пијалоци. Така да баш напротив, таму треба да се бројат лајковите, па дури и мислењата. А тоа ако некој има толку време да гледа колку лајкови и мислења има, свака му част. Со обврски едвај наоѓам за 20минути на форумот, не па тоа да гледам.
Си има соодветни теми за храна и пијалоци. Баш имав опомена, затоа што 'имало соодветни теми', каде треба да се коментира. Во тие што ги наброја, нема континуитет, се' и сешто се дебатира. За време, имам.. ама и не ти треба којзнае колку време, за да научиш кои се истакнати/популарни членови. И не ти треба ни време, ни многу памет, ни фотографска меморија, за да видиш колку лајкови има на пост во 'Што последно си купивте' , тие две од твојот пример и некои други... во однос на грото 'посериозни' теми на форумов.
Секако дека различно се перцепира член кој има илјадници лајкови наспроти некој со неколку стотици. И нормално е. Да не се лажеме, ама така е.
Не ми е јасно зошто се замарате со број на пораки и лајкови на форум. За мене не е еквивалентно на квалитет со сета почит спрема оние кои што се најлајкувани на списокот, ама тоа не мора да значи апсоултно ништо. Многу лесно се штанцаат мислења на форум а уште полесно лајкови. Секој ден можам да постирам слики од јадење, што си купив и да пишувам километарски пост во СП и најлајкувана ќе бидам. Дали тоа значи дека сум топ форумџика, влијателна и личност од чии мислења некој ке се замисли и воодушеви? НЕ! Подобро гледајте кој има квалитет е не квантитет и трудете се и вие да сте такви личности и на форум и надвор од него. Лесно е да ти се воодушевува некој поради гардероба, материјални работи и лигавење по постови за лајкче. Кај мене лично, критериумите не се бројки.
Баш квалитетот е во прашање. Оцените се начин да се 'насочи' форумот. Тоа што ќе биде највисоко оценето, е она што форумот го 'промовира'.
Ама не не е до форумот, ти со тоа се замараш и точка, јас не знам време како имаш. Стварно убаво што праша Вајлд. Опцијата лајк постои на форумот, постои и на други форуми, не ја измисли ниту ти, ниту јас, ниту било кој член. Ама ако пишеш прашање/ предлог или ако искоментираш кое е значењето и функцијата на лајкот, ќе испадне дека се замараш со лајкови. А да се замараш со лајкови е уствари полесно, отколку да бараш логика во некои работи. Постирај дезодоранси и прслуци во Што последно си купивте? и ете лајкови. И да, постојат форуми каде што лајковите се показател за квалитетни мислења. Фемина за жал не е еден од нив, ама сега што го спомнав ова ќе испадне дека мене лично ми се битни лајкови пошто исто така лесно е погрешно да се разбираме меѓу себе.
Километарски поздрави во СП нема веќе не памтам од кога, отворете ја темата баш да ѕирнете. Сега колку што ја следам, просечно по некој се поздравува со по два-тројца во еден ден, а некои денови ни тоа. Лајковите на одделни постови се и тоа како мерило за квалитет, разум и тоа колкумина со причина делат мислење со тебе, тука мислам на оние во сериозни дискусии Да се знае барем по тоа дека не сме тука сите исти и со ист придонес и квалитет на форумот. А според цел број вкупно, никој не гледам да дели и дискриминира. Нема категорија во која нема ниедна тема со квалитетни мислења (а колку што сфаќам тоа со важење мислења/копче за лајк важи за цела категорија). Единствено во форумски игри беше океј што немаше лајкови на старата платформа, ама ете го сменија... али и така не се ни кликаат многу лајкови таму. Нема потреба од такви промени, не сфаќав ни порано зошто тие прашања и големи дискусии во врска со ова. Камо ова да е најголемиот проблем на форумот... не сакам да звучам клише ама стопати поубава атмосфера владееше тука и кога ги имаше тие фамозни километарски поздрави, па и кога деца пишуваа за школските денови.
Едукацијата на народот и тебе ти беше битна, а сега, наеднаш, не разбираш зошто има потреба од вакви дискусии (?). Ако била беспредметна, немало на почетоците на форумот да размислуваат и администраторите и сопствениците на истиот. Нема да го сменат бизнис моделот, затоа што бизнис климата ни е.. кхм.. климава...
Зошто едноставно лајкот не го гледате како - ДА, и јас се согласувам со тебе?! Бидејќи не се дозволени коментари од 2 збора без цел како - Да, Дасти, така е.. во право си итн.. и коментари со по едно смајли како на пример " или " кои што по правило се бришат.. И на фотографиите лајкот е затоа што ти се допаѓа некој текст (кај слики со текст) или некоја фотографија. Не може да ми се допаѓаат нечии чевли?!
Не ми беше тоа поентата. И така си тука, ај кажи ми, после колку неколкудневни банови, следи перманентен? Да знам колкава фора имам. @Dust , @RainBow ?