Го измолзевте, го измолзевте топиков, стана сува слива. Нели ви се смучи веќе да си наоѓате само некои замерки, задни намери? Аман бре луѓе, дајте малце олабавете се. За све нешто да се расправало. Божем малце проблеми имате надвор од форумов, па доаѓате тука и место да се релаксирате вие само чекате нешо малце така да смртка за да барате огин кај да потпалите. Agree to disagree. Зошто бесцелни дискусии да се прават по милионити пат?
Арни сме сите за вреѓање и брецање! Искрено, ретко кој од активните членови, не се 'збрецал', 'навредил' со некој друг член. Мислам.. треба да си оперисан.. Неколкумина ги има такви... чудни ми се дури. Ко енциклопедии се Да не глумиме лудило.. Само што едни знаат да вреѓаат поперфидно (позавиткано), други понаивно (поискрено). Не ги ставајте вториве по дифолт подолу од вас... Не се.. Ја признавам вината и ја преземам врз себе
Кога го напиша мислењево беше модератор на темата. Со никој член не сум се скарала ни па сакам да се расправам на форум ама ова морав да го кажам. Може има и други мислења не сум ги забележала, не ја читам темата. Тебе форумов ти е опсесија. По голема озборувачка и дволичничка од тебе нема на форумов.
Ок мене ми беше виц, и други го имаја постирано ама таја мене ми се закачи. Како и да е немам намера да се објаснувам.
Да не не смее да се насмее чоек и на хитлер и вицој за мујо, хасо и тие таквите? За глупости драпате...
Wow, не знаев дека има толку саможивни луѓе што во сѐ се пронаоѓаат... Се читате ли што пишувате еј? Тврдите за друг дека форумот му е опсесија, а се пронаоѓате во сешто и памтите постови од пред година ипол?! @orhideaa тебе не сум те ни забележала како форумски лик, буква не ти знам, само ми е познат никот од теми со слики (храна) каде лајкувам речиси сѐ. Постов ни сама не си го памтам ко прво. Не се работи ни за нешто твое лично, туку „хумор“ од позната страница на фејсбук. Воопшто не ми е важно кој ја ставил овде сликата, можеби и на фб сум ја видела оти ја имав порано лајкнато страницата. Критиката и гадењето од вицот ко виц си стои. Тука нема ништо против правилата, и администратор да сум била можам да го пишам. Не е никаква навреда кон тебе. Go get a life, луѓе. Страшно!
Исто и јас кога коментирам постови во сдк, не знам дали ги пишува некоја мирна личност што на мравка не згазила или the devil himself, затоа што цитирам пост, не личност. А ти ете водиш ред кој колку пишува и кого и колку цитира. Сега не ти е ок што некој и тебе те прати? Сега другите се опседнати? Научи ли барем нешто за себе низ дискусииве овие денови? Ти светна ли една сијаличка?
Жалам и сочувствувам со тебе и твоето непријатно искуство. Се надевам дека никогаш повеќе нема да искусиш таква ситуација.
Значи да заклучиме, не може човек во општа тема да искоментира ужасен виц од фб сајт со петцифрен број фанови, што отсликува сѐ погрешно во општеството, оти можеби некој го има ставено во насмевка... а може некој во истата тема постојано да цитира и директно да вреѓа?! Браво бе луѓе, браво! Фуј!
Затоа што и во постовите кои другите ги цитирале, може да има нешто што отсликува погрешни вредности. Како што ти сакаш да скокнеш и да кажеш дека за тебе е погрешно, исто и некој друг. Што е разликата од цитирање виц што го постирала членка и се смее на истиот и постирање сопствено мислење? Исто е, толку барем треба да резонираш. Башка, утврдивме и дека за мислења се потсмеваш и вреѓаш. Така да, што си изненадена и згрозена толку?
Не сум го цитирала мислењето од неа. Сум ја ставила сликата, слика од познат очаен фб сајт, и сум ја коментирала. Дури и се гледа дека кај неа е прикачен фајл, а во мојот пост линк од сајтот што веќе е истечен. Крај краева некој тука можда е и админ во ЖДМ, можда ги пишува вицовите во тие лејм страни, не можеме да знаеме и не треба да нѐ занима. И тоа значи дека потсмевот за тие глупости е навреда кон некого? Навреда како што ти се обраќаш на лични мисли и анализираш членки? Ок, така нека биде.
Јас од срце би ви советувала да се тргнете од форумов на малце подолго време и да си ги оладите главите за да сфатите колку сте или не сте во право. Колку и да се согласувам со одредени мислења и ставови, не сте (сме) цвеќиња за мирисање, ама некако тешко е да го согледаме тоа. Ви фали објективност, и не само за другите, туку најмногу за себе. Проблем е што се има некоја публика која полни батерии, или друштво кое е премногу пристрасно па се тапша по рамо, некои луѓе си мислат на врвот на светот се зашто корисничкото име им е меѓу попознатите на форумов. Млади сте, ќе се вратите некад назад на овие денови па може ќе ви текне. Дека јас постара