Јас генерално се обратив на сите што сумираат и мислат дека ние имаме нешто против нив во однос на бришење мислења , не беше конкретно за тебе
Па веднаш го поставив кога ми се појави. Ништо посебно, обична форумска активност. Нормално дека го блокирав. До сега ми се нема појавувано, затоа претпоставив дека е промена од ваша страна.
Само продолжете со бришења на мислења, гледајте до каде ќе стигнете. На ниеден форум го нема ова што се прави тука од страна на админите. Главниот админски тим е најблаго кажано катастрофа во своето делување и (не)објективност, кога членовите што го држат форумов жив, ќе ви заминат, да знаете дека ваша кривица е.
Смешки е што мораш прашање да поставиш 10 пати за да добиеш одговор, а за тоа време ти исчезнале 15 мислења директно од админскиот тим. Смешки е и што имам над 10 лични пораки пратено до сите од админскиот тим и немам ни еден одговор. Смешки е и што не се реагира на пријави за дупли профил додека буквално не ја претераат. Ама седи си на страна и смеј си се, па и ти. Гајле ти е Да не земаш плата од форумот случајно?
Сигурно не ти бришеле мислење во Политика и настани досега? Стига известување со културно објаснување. Секогаш се коректни во тие теми и ажурно и праведно бришат оф топици. Голем поздрав до модераторот/модераторите на таа тема, ѕверови сте како се справувате со сите провокатори таму(ова ѕверови во позитивна смисла)
Реин почнала да праќа известувања? Супер ако е така... Таму и во уште некои категории само она модерира, а во сите тие јас лично не памтам (од порано кога трошев енергија да се објаснувам со националисти до толку да кршам правила, сега веќе не ) да ми стигнало ниедно известување за избришан пост, ни без објаснување, а не пак со. Дасти во секс/сингл/врски е највредна во тој поглед, потоа модераторките во кафе муабети/религија/лице... на други места известувања - послабо.
Не знам кој модерира ама браво со оглед на актуелната политичка сцена има полни раце работа по тие теми. Она ситното не можам да го прочитам исто ко да не си пишала. А за другиве теми фала за информации можда ќе ми затребаат ако претерам некогаш со оф топици ко тебе, штом толку си информирана и ти стигнале известувања значи ич влакно на јазик немаш, се отворено плескаш
Ќути ма, остај ја да се улизнува. Сигурно и стигнала нотификација дека ако уште едно мислење и избришат ќе следува бан
Ова од искуство што пишало во нотификацијата а? Некако многу ме гледаш на форумов спротивно од твоите оф топици во тема политика дека ич не ме гледаш Инаку ако толку те занима што ми стигнало прашај ќе ти кажам не кружи ко киша околу Крагујевца т.е.око членката од погоре
Мене ми стигнале. Веројатно зависи кој модерира. И од религија и од секс стигнале кога бришат модераторите. Неколку пати кога не ми стигнало и сум реагирала секогаш било избришано од Реинбоу.
Ќе да е тоа, не знам. Досега во јавните фаци и СДК ми се имаат бришено мислења и ниту еднаш не стигнало дека е избришано, а камоли со причина. Заборавив само да ги пофалам модераторките од категорија лице.
Реин е, 90%. Јас пријавив еднаш дека во СДК една членка откри мои лични податоци, онака јавно, кај работам, што и од каде сум. И после ме банираа оти сум реагирала на тоа. Ни нотификација добив дека ми е разгледана пријавата, и ЛП и до Реин и до сите админи, членката ни ден бан ни ништо, а јас ни одговор на ЛП. Некогаш и смешно ми е колку не се замараат "најглавните". По малку само...
Јас па мислев за откривање на информации бан се јаде . Вчера овде поставив прашање дали треба да стигаат нотификации, ме цитира членката од Малта со продолжение на дискусијата од фаците, возвратив, мислењата ни се избришаа на двете, а одговор нема. И онака форумов активно го држат околу 100 до 150 членови. Да не се чудиме ако еден ден скроз замре.
Со која дрскост ја спомнуваш Малта? Очај за внимание. Биди пристојна па тагни ме. Смешки. Дали знаат @DAngel, @LiliBoz дека постои закон за интернет мобинг? Засрамете се за ова што го правите,пошто утре и задутре ќе биде karma is bitch. Седиш на тоа компјутерот и си зинала устата,збориш,збориш Малта па Малта те исполни духовно тоа? Сами се буцкате па после се жалите... Смешни сте. Ако мислите дека некој е должен да ве трпи за да се нахраните себе си се лажете,напротив кажува тоа многу за вас. Сум можела да те навредам 1000 пати,и тебе и двете горе споменати. Си имам достоинство па не сакам да се нахранам себе си со негатива