Ќе ти дадам пасс од мојот профил и коментирај у твое име.. Или пиши ми го сега коментарот у лп ако сакаш..па јас ќе пренесувам у модни
Јас ти го пријавив мислењето, колегите реагирале. Па не може да се исполнуваат нечии желби. Ајде сите така да почнеме да ја полниме како што сакаме СДК (и да си пишеме дека мора таму да ни стои мислењето или во спротивно вака ќе се жалиме). Или да си пишуваме мислења во други теми, а мислењето не е за таму. Како на пример ајде во темата Фемина инстаграм наместо наши слики да почнеме да лепиме слики од интернет и да пишеме дека сакаме во таа тема да ни стои сликата, а не се такви правилата во темата. Не е за џабе напишано првото мислење во СДК, ама кој да прочита или така му одговара.
Во право е @cresa-jagoda. Мислам не е кривично дело оти се постирало слика во СДК, ама денес една, утре друга слика и темата ќе стане сликовница, бидејќи многу лесно сите се заразуваме да постираме нешто напишано на слика Мој предлог, во иднина да се избегне бришење или лутење, ако ви се допаѓа напишаното на некоја слика, подобро во воведната реченица кога ќе пишете мислење, цитирајте го текстот во зборовна форма и продолжете си го контекстот на мислењето
Вака треба и за цитирањето да се организирате и реагирате Црешке. Не е во твоја надлежност таму, ама дека ти пиша, затоа те цитирам. Веќе секој ден има по некое чепкање и дискусија, не може човек да се искаже на мира (посебно за нешто околу деца, лол) и стварно е напорно за читање.
Па не е исто..колку мислења си седат така по темиве па никому ништо. И не е ова моја ,,желба”.Не очекувам на форумов да ми исполнувате желби. Не знам што ти засмета..Се трупаат без везни мислења никој со прст не мрда, за моето сликиче се фативте. Првин беше да не се цитира во СДК, имало други теми, сега ни ова не може? Колку ограничувачки..нели е форум ова?Или Алкатраз? Не ти го зборам тебе лично ова туку на сите
Или пишуваш мислење во СДК, те цитираат и целата поента се губи низ дискусијата. Некогаш едноставно сакам мислењето да ми остане такво како што е пишано без понатамошни преписки. Да сакав да пишам уште нешто, ке отворев тема за дискусија.
Па ако ти смета за деца игнорирај. На некој може и твоите реферати му се напорни па ко секоја мудра персона игнорира...
И јас сум против цитирање во СДК. Не стои како правило уште од самиот почеток во темата, па затоа и мене ми се има некогаш случено некого да цитирам (ама тоа било ретко што на прсти може да се изброи), ама никогаш во СДК не сум придонела цитирајќи некого да се развие некоја дискусија безврска трупање на мислења кои не се за таму. Не сум за тоа СДК да биде што се вика 100% стерилна тема, некогаш може да се случи некој некого да цитира, ама не и да се дојде до степен каде ќе се развлече километарска дискусија која не е за таму, па ти се одмилува да ја отвориш темата СДК, зашто мораш да ги скокаш таквите мислења, во кои ништо паметно нема да прочиташ, туку само навреди и бесмислени работи и други глупости. 1. За тоа што викаш колку мислења си стојат така по темите, па никому ништо. Затоа постои копчето ,,Пријави" 2. За цитирањето не стои како правило во темата, иако на голем број членови им смета цитирањето и бараат да се воведе како правило во темата СДК 3. За цитатите, поговорките, статусите и сликите јасно си стои уште од самиот почеток во темата, не е тоа од сега.
Да бе тоа ќе правам јас, ќе трчам по форумов и ко тужи-баба ќе пријавувам мислења.Пројде времето кога пријавував мислења и се замарав.Не ми е гајле сега.Чим сте администратори вие ќе си пазите на редот и ќе си работите ко што треба, нема друг за вас да пријавува, да воочува итн. Јас бар нема.
А зошто за сите не важи тоа правило у СДК има многу постови со слики или @Feminka22 во последно време ни е на тапет , па тоа ќе се избрише нејзиното .
И мене ми имаат преместено мислење во Слики со пораки, но се согласувам дека тоа правило треба за сите да важи ако е правило.
СДК е полна со мислења кои не припаѓаат таму,но модераторите не ги бришат.И онаа „глобалнана“ не ги брише иако има постови кои се навредливи кон некоја група.Во сите теми бришењата се произволни,а тоа не е во ред.
Не е во ред, да. Ама модераторите: 1. се луѓе, не се роботи, нормално е да не се понашаат кон сите, па било тоа и подсвесно и намерно и да бидат дрски и да не им биде денот, и да изнесат свое мислење, и да се понашаат како членови, и да тролаат, и да се глупираат. Знаете зошто? Затоа што НЕ СЕ ПЛАТЕНИ. Го прават ова на целосно доброволна база, а пак се трудат да бидат целосно достапни за секое прашање, мрчење и примедба. Кога се споредат со повисокиот модераторски и администраторски тим и нивната незаинтересираност, необјективност, своеглавост и тотално игнорирање и преферирање на едни членови на спрема други... Па модераторите се цвеќиња за мирисање бе. На пример, од модератор секогаш добивам реакција за дупли профили, а администраторите се сликаат. Од јуни месец немам добиено одговор на порака од администратор. 5 дена по ред требаше да прашувам зошто ми бараат локација за да се јави Михајло. И никогаш, никогаш нема да ви заборавам што никако не реагиравте на јавното откривање на лични податоци (и тоа баш во СДК) , а буквално до сите пријавив.
Зошто сте ми го избришале постот во новата тема Сдк (без цитирање) Немаше навреда. Немаше цитирање. Немаше вулгарни зборови. Гласеше вака: Се појави епидемија за нечовечност. П.с Ако се пронајде некој,ќе го боцнеме да стане човек,немора да брише постови.
@Mihajlo @RainBow @Femina чекам објаснување. Нема да ми пропадне животот за едно мислење. Но нема ни да дозволам некој да ми брише мислење каде не е против правилата,и да ме прави глуп. Зошто е избришано мислењето?