Зошто ми избришавте мислења и ме баниравте од тема!???? Педерска работа, за срамота. Ебати модераторот.
Читам отстрана и приметив дека во темине за секс имате вербално сексуално малтретирање. Санкционирајте си го.
А во друга тема кога ќе опцуеш, те бришат со брзина на светлоста...е јбг.. Нека го сменат насловот...ПРАШАЈТЕ АМА ОДГОВОР НЕ БАРАЈТЕ
#ОнаКога пцуеш ко кочијаш, пишеш постови колку да извреѓаш пак и пак, и одеднаш модераторите те бришат и банираат... Па некои прашања и не заслужуваат одговор
Зависело од тоа дали ќе опцуеш на културен или некултурен начин. Додатно одлучува и тоа дали си форумски идол или истакнат член. Модератор кога ќе напише мислење кое се состои само од смајли не го бришат, а кога истакнат член ќе напише исто такво мислење може и да го банираат. Правда нема. И да штрајкуваме џабе ќе е. Ако се смилува некој да даде одговор на прашањава добро ќе е. Сериозно ви одговара ли модератор во лп или така си стојат прашањава?
Нека се банира причинителот за расправија, како што сум била ја банирана кога сум предизвикала расправија. Ќе направам ненамерна грешка и мора да се појави таа да ме изнавреди,омаловажи и провоцира. Негатива на форумот дава, мисли интересна е а уствари е трагедија. Дај престани да се вртиш околу мене, и престани да ме цитираш. Остави ме на раат да си коментирам на форумов. @RainBow ти си запознаена со ова. Знаеш за кого станува збор, претерано е веќе.
Добивам опомена за бан пошто сум се 'надмудрувала ' во темата СДК во која се дозволени цитирања, за постови во кои говорам против педофилија и оправдувањата према чинот. Срамота. Форумов е јавна платформа кој го читаат луѓе од најразлични возрасти и различни мајндсетови, меѓу кои и ДЕЦА од 10 години па нагоре. Ваљда требаше да не го цитираме членот кој зборуваше со воодушевување, за љубовта на другар му од 30 ГОДИНИ со ДЕТЕ од 15 години. Нека читаат манијаци и предатори и нека добиваат инспирација и одобрение. Браво за @referentka .
Спојлер: Мало потсетување 2. Општи правила за дискусија Користете кирилица. Придржувајте се кон правилата за пишување на мислење! Форумот „Фемина“ е заедница на почит и толеранција. Бидете учтиви кон останатите членови. Запомнете дека другите веројатно нема секогаш да ги споделуваат вашите гледишта. Не толерираме агресивно однесување, препукување, омраза, провоцирање и ВИКАЊЕ. Можеби вие сметате дека вашиот стил на дискусија е возбудлив, но ако останатите сметаат дека е несоодветен – мислењата ќе ви бидат избришани. Дозволете им на другите слободно да го искажат своето мислење и не се обидувајте да доминирате во дискусиите. Ако постојано реплицирате, се инаетите, жестоко ги убедувате останатите членови дека не се во право, ако секогаш сте онаа којашто мора да го има последниот збор, сфатете дека ваквото однесување е непријатно и непожелно. Бидете учтиви и помагајте им на новите членови да се снајдат, наместо да ги напаѓате. Секој започнува од некаде! Не влегувајте во улога на модератор. Доколку наидете на мислење што ги прекршува правилата, пријавете го преку копчето „Пријави го ова мислење“ (малото розово копче со извичник, веднаш до копчето „Цитирај“). Не се обидувајте да ги разрешувате проблемите и да ги „опоменувате“ корисниците. Истото важи и за неправилно отворените и дуплите теми. Едноставно пријавете и нашите модератори ќе проценат дали и какви мерки треба да се преземат. Сите мислења треба да бидат конструктивни и да одговараат на темите во коишто се публикувани. Забрането е пишувањето на бесмислени мислења со цел зголемување на вашиот вкупен број на мислења. Не пишувајте мислења како „И јас исто“, „Да“, „Не“, „Се согласувам“, „хахахаха“ и сл. Ако сакате да се заблагодарите, не пишувајте мислења како „Благодарам“, „Лелеее, фала многу“ и сл. Наместо тоа, користете го копчето „Ми се допаѓа“! Не испраќајте смајлиња без текст. Не испраќајте две мислења едноподруго. Ако веднаш по испраќањето на одредено мислење се сетите дека треба да допишете уште нешто, редактирајте го мислењето со помош на копчето „Редактирај“. Ако во рамките на вашето мислење сакате да вметнете туѓ текст, посочете го и изворот. Ако цитирате мислење на друг корисник, пожелно е да го цитирате само делот кој го коментирате, а не целиот текст на мислењето. Забранети се четот, флудот и спамот. Чет – личен разговор меѓу два корисника, размена на реплики од типот „Како си денес?“, „Ајде да одиме на кафе“ и сл. За таа цел постојат „Лични пораки“ и посебен модул Чет. Флуд – потопување на форумот со бесмислени мислења или мислења што се повторуваат. Спам – оф-топици, рекламирање и сл. Забранети се мислења кои содржат: пцовки, вулгарни или навредливи зборови; елементи на агресивен национализам, ксенофобија и антисемитизам; религиозна, идеолошка, политичка пропаганда; расна, културна, социјална, религиозна, етничка и секаков друг вид дискриминација; омраза и нетолерантност. Забранети се мислења кои предизвикуваат страв и масовна паника, како и мислења со линкови кон сајтови кои содржат слични елементи. Забрането е публикувањето на порнографски слики и видеа. Забранети се мислења кои содржат лични податоци за други учесници во форумот, како и публикување на лична кореспонденција. Форумот не е место за спроведување на ваши истражувања или анкети.
Така и мислев ќе ти залепи нешто или копирано од некаде или правилата болдирани. По кој основ ги ставале модераторите тука? Јас да сум газда сигурно ова девојче не би го ставила модератор, пошто со друштво како неа форумов ќе се претвори во распеана и весела дружина од братското стебло сложност каде сите ќе си се нарекуваат со мили имиња, ќе си седат на облачиња од шеќерна волна и ќе си свират харфа смеејќи се едни на други. А животот има и темни страни, а фала богу не сме северна кореја да ја бришеме реалноста. Ама не е прв пат ни последен пат ќе биде и не знам што се замарам искрено.
Среќа па не си, ако беше газда ќе беше срамота да не разликуваш девојче од возрасна жена во пишувањето Ама претпоставувам тоа се учи со тек на годините.. ќе научиш и ти не се секирај
Глупости Ни ја знам ни познавам ни сум ја читала, ни ми е срам, ни да ја знаев ќе размислував која возраст е, ни па срамно е чоек газда да е а да не разликувал возрасти по постови. За поглупава работа не можеше да ме чепнеш А и сите се девојчиња, јас така и си ги викам, жени, мајки, млади девојки. Кај сте ле девојчиња. Срамота ти вака со предрасуди спрема возрасти
@Dust душичко, мене кој ме врти е работата а на нејзе експресно и одговори Повторно те прашувам зашто ме банираше од темата секс со женско????????