Да не знае некој што се има случено со членкава ? Не можам да ја тагирам ниту пак во пребарување да ја најдам бар во последни нејзини мислења. Нема трага од неа. Некој ќе се запраша што толку прашувам за оваа членка; епа се наоѓа во 16-те форумџики кои ги манијачам на форумот , баш отворив да видам по ред и стигнав до неа па ми падна чудно што постои како лик но ниту едно мислење од неа не може да се најде.
Кога ќе почнеш да и го пишуваш името ,Не ти го дава во предложени . Ама ако го напишеш до крај целиот ник и само стиснеш на 'барај' ќе ти ги даде нејзините мислења . Обично вака е кога некој е баниран
Јас сакам да ви кажам нешто на администрација, како сакате сфатете го, воопшто не е атак, туку најпозитивна критика. Не ми е јасно зошто дозволувате да се котат шовинистички настроени машки членови, кои не почитуваат никого и ништо тука, туку сеат само шовинизам и го девалвираат цел женски род. Со самото тоа што се викате фемина треба да репрезентирате безбедна платформа за девојки, а не минско поле ако некоја напише во љубов и секс категорија па добива 10 пораки од горенаведениве господа. Никој нема ништо против машки членови, си знаат кои се, дечките се топ. Ама од другиве не разбирам што ќар имате. Убаво размислете дали сакате да бидете фемина - место кое е safe place за девојки или фемина - место кое е дувло за манијачишта кои си бараат невести. Двете не можете да ги имате. И не е паѓање круна оти бришете коментари какви им доликуваат на такви глупости, туку најдобронамерна критика. Поздрав и секое добро.
Имаме член со ник @ЛижамЦицки и него го чувате, а банирате машки членови, од оние нормалните. Што се случува со форумов ?! @RainBow
Ти благодарам што го означи членот, баниран е, не го имав видено. Ве замолувам веднаш да пријавувате вакви случаи. Другиот е баниран поради константното тролање и правење оф топици и покрај многуте предупредувања. Пријавувајте недолични лични пораки секогаш. Иако често се пишува колку пораки се праќаат не се пријавувани истите. Ние не читаме лични пораки и немаме пристап до нив доколку не се пријават. Пријавувајте сѐ што мислите дека се коси со правилата, особено за машките членови. Се случува и да не видиме нешто, како на пример член со лижамцицки корисничко име. Ќе се потрудиме и ние повеќе да внимаваме на машките членови, иако не секогаш од прва се гледа со какви намери се, не сите имаат корисничко име лижамцицки за жал, така најлесно ќе беше.
Офтопици можеби, кои не повредуваат никој ни ничии чувства. Баш беше еден од поинтересните машки членови, и ќе кажам пак, од нормалните. Размислете за unban или бар намалување на бан периодот. Фала.
Би сакала кога веќе ми се брише мислењето, да добијам нотификација или пак образложение. Или барем дел од постот што пркосел на форумските правила да биде избришен, но не и целиот. Не верувам дека ги убив со зборовите Не дека ми е од голема важност, но интересно ми е како моето мислење што дел велеше дека едноставно утре некое младо девојче ќе прочита и ќе мисли дека е во ред таквото однесување, е избришано. А мислењето на членот упатено до Вајлд цитирам: "Aко стварно “маж“ ти е ваков феминист, се имаш ебено барем со 1 различен маж секоја година (што не е маж ти) 3. по килажа си тешкаш ....Си стои, како да не се пркоси со 12-то правило: Забранети се мислења кои содржат: пцовки, вулгарни или навредливи зборови; Не мора да ми се одговара ни на овој пост, чисто си давам феминистичка забелешка
Втф, трајно ли е баниран Пол? Не сфаќам кај ви светна баш сега да го банирате кога со месеци не сум го приметила по теми... башка што да, тепаше време и спамаше на латиница, ама никого сериозно не навредил ко некои многу поодвратни случаи на тролови што си тролаат со години. Али кој му е крив што не напнувал секој ден со негатива за инает на младината, или да отвара шашави теми, или да пропагира ќотек ко мудрост од постарите, да се руга со сексуално вознемирување, психички проблеми и самоубиство... така се тепа време тука и си поминуваш со чат пат максимум недела бан, после која ги пцуеш директно админите и пак никој не те дира, јер си трол ама функционален и интересен. Свашта...
А јас барам да се одговори на постот. Навистина не е во ред да не знаеш зошто па дури и кое мислење ти е избришано. Чекаме образложение.
А настрана фактот што е денес зачленет а знае за @WildMk работи што она одамна си ги има кажано за неа, значи дупли профил. Веројатно го има покакано во минатото во некоја тема, па сеа егото си го билда. На место си беше твоето мислење, не знам зошто те бришат кога немаше навреди во него. Мене јасно ми е зашо ме бришат, тролање им удирам, ама помина времето кога бев фина со вакви. Или бришете не сите заедно, па ни наше ни нивно да не стои, или оставете ни ги и нас простачките коментари. Вака нивни чувате, наши бришете. Не знам дали сфаќате која антиреклама си ја правите. И пак ќе ви кажам, размислете дали си сакате на платформа мизогинисти, шовинисти, поддржувачи на педофилија и на насилство. Прекрасни девојки ви пишуваат, гревота е ради фраериштава да си ги изгубите.
Реин јас го пријавив членот со никот уште пред некој ден и се сеќавам во пријавата пишав и зошто го пријавувам. Ама не знам како не си ја видела пријавата...
Немам пристап до пријавите за членовите, она копчето пријави член на кое ти си кликнала, тие пријави ги гледаат администраторите. Ќе видам дали може да се промени тоа. Пријавувајте во мислења засега или пишете ми порака.
@WildMk Во истата тема за Совети од женска страна Валјд, само гледам сега и фала богу, мислењето на членот е избришано
Kazete mi dali moze da se izbrise profil od femina ili deak i kako da napravam da ne mi stiga na email od femina izvestuvanja?