За секое избришано мислење има објасннување. Не знам колку пати е кажано да се обратите по ЛП до соодветниот модератор, а не да прашувате по темите. Тоа го пишува во правилата на форумот. Бидејќи најчесто поставувани прашања за избришани мислења се од темата Општи прашања, ќе ве замолам, уште еднаш да го прочитате ВОВЕДОТ на темата: А потоа, доколку имате некое прашање, обратете се до модераторот на категоријата
Кога ќе влезеш во одредена категодија, пример Мода и Стил, Општи дискусии,Слободно врме....ти се појавува листата на теми,како што е испишана првата тема, одма над неа во лево има розев правоаголник и пишува нова тема
Убаво е тоа што се работи на форумот за да остане чист и прегледен ама ви треба уште работа. И од моите мислења неколку се избришани, и ми треба после цела вечност за да го најдам мислењето за да видам дали некој одговорил и ми помогнал со одгвоворот, така да, мислам дека треба да ни стигне порака или некое слично известување дека коментарот ни е избришан или преместен...Чисто за да бидеме во тек...а и ферски е.
Како да си направам нова папка со ЛП? Затоа што поштата ми е полна и секојпат кога ќе ми стигне порака морам да бришам за да ја видам.
влези во ЛП, и од страна каде што пишува пошта,се испраќа....пишува и правила и папки, кликни таму ќе видиш има опција за папки.
Па имам 100 пати пробено, ги местам опциите како што треба и потоа ништо нема.Прво мислев дека јас не знам да направам но еве и на БлекСвон не и успевало
Јас си направив нова папка ама не знам како да ги префрлам пораките од пошта таму за да ми се ослободи место.
Кога ќе влезеш во испратени или во примени, маркирај ги пораките кои сакаш да ги зачуваш, и под последната порака имаш маркирај/демамаркирај како важна, на стрелката стисни и ќе ти се појави опција премести ги маркираните во (папката по име ќе ја пишува), кога ќе го избереш то стисни на вторите стрелки >>
^^ Ќе ги маркираш (обележиш) и таму под пораките ќе видиш маркирај,демаркирај како важна и ќе кликнеш на тоа стрелчето за надоле и после имаш Премести ги маркираните во ....и откако ќе кликнеш таму,кликаш на тие двете стрелчиња од страната и ќе ти се преместат во новата папка. Се надевам дека убаво објаснив
А може ли некој да ми каже како да ставам моја слика од компјутер во некоја тема? Пр: во темата Како да искомбинирам?
Одиш кај Нов одговор и под Зачувај,Преглед,Испрати имаш Опции и Прикачи фајл...ќе кликнеш на Прикачи Фајл,па Choose File,си одбираш и на крај Додај го фајлот и Испрати.