Веројатно цитирала твое ама го избришала.. исто ако тагнеш некого па го избришеш стои кај него известувањето.. Барем стоеше последен пат кога проверив
Дали може да се блокира член односно откако ќе го блокираш да не може да ги гледа твоите содржини и да не може да започне разговор со тебе?
За содржината мислам нема, додека за пораките има опција да направиш да не може да ти праќаат пораки.
За во темата "македонски јавни фаци". Смееме да пишуваме све што ќе ни текне за луѓе кои не се јавни фаци , а не смееме за дамата од Виница ? Кои јавни фаци се Зоки Кичеец, неговата жена , малолетната ќерка на Турунџиева , бебето Љубијана , и да не редам уште еден куп такви. Па дури и Мелита По што е она поголема јавна фаца од дотичнава ? Или Љупка ? Зошто е баш госпожата заштитена како мечка?
Срамота е ова што го правите во врска со госпоЖата која не е јавна фаца. И кажав и на Реинбоу и нејзината компанија. Аир да не видите од парите за кои ве платила да бришете мислења за неа со брзина на светлината! Ми се гади од форумов!
Де, де, calm your tits со извинување, ваљда ќе преживеете без оговарање на уште една особа (не знам ни која е). Да е до мене, искрено третина од темана за јавни фаци би ја немало, почнувајќи од коментари за физички изглед. Седнале и анализираат ствари од типот кој ден некоја ја носела истата шминка, и после некоја од истите тие ќе попува за други дека немале реалност надвор од форумот и дека требале да пораснат за да имаат појма од животот. Мене од тоа ете ми се гади.
Јас па имам таква среќа за кога и да влезам на темата (еднаш месечно, буквално) ја начекувам Спенџарска Чорапи, влошки, шминка...Се и имам видено, на толку НЕБИТНА и ДОСАДНА личност. Како да се платени некои личности за да ја рекламираат Ај што ја спомнуваат неа, туку еднаш се смееја за името на внука и (која патем е БЕБЕ), па после се смееја на името на ќерка и на Милена (која е исто така малечко девојче). Е од тоа подолу не може да се спуштат, верувам (не ги ни памтам кои беа членовите, ама битно се вртеа и такви муабети...за имиња на непознати бебиња).
Тие ќе одат на Бора Бора да се сончаат а ти ќе седиш во аЈродром и ќе валкаш тренерки...пу јазк Ја па сирота од многу пари што земав на времето, отидов дур до израел сред војна да ги трошам на 6 евра кило цреши да не се знаело како да се ужива
Сега ме заинтересиравте. Која е таа од Кочани за која што било толку битно цел форум да дознае, па дури и се карате затоа што би било избришано? Или ич не е битна таа, ама сте си онака како и секогаш, покварени?
Апсолутно неточно е дека некој платил за бришење мислења или што и да било. Сам кажуваш дека не е јавна фаца, од друга страна се буниш зашто биле бришени мислења во тема насловена Македонски јавни фаци за некоја која не е тоа. Неколку пати има потсетник во темата за што служи таа и уште еднаш ве замолуваме да го почитувате.
Да се затвори темата "Денес сакам да имам секс со" Премногу се злоупотребува, се постираат приватни слики од девојки.