Под итно, под итно, апсолутно под најитно траен бан за членот. Вакви повици на насилство не смеат никако, ама никако да се толерираат. @RainBow @Mihajlo
Еднаш ми објаснуваа за спојлер ама пак не успевам да се снајдам. Ќе ми објасни некој како да ставам слика во споојлер? И текст не знам. Исто, да ми објасни некој како да цитирам само еден дел, т.е конкретна реченица од нечиј пост.
за третото : селектирај ми еден збор од текстов и само ќе ти се појави ЦИТАТ под зборот, и кликни го.
@Bubce38 Во однос на слика/видео/текст во спојлер, ги ставаш како што вообичаено го правиш, потоа ги селектираш и до иконката до опцијата за видеа, нели има иконка како екран нешто, стисни таму и ќе ти се покаже паѓачко мени. Прво има "Цитат", па второ е "Спојлер". Кликаш на спојлер и само ќе ти се појави прозорче, како сакаш да го именуваш спојлерот. Ако не сакаш ништо да пишува, само стисни ентер. Се надевам дека ме сфати Ако не, пиши, ќе дообјаснам со слики, чекор по чекор
Зошто сликите кои сакам да ги ставам за аватор не ми ги прифаќа? Вели преголеми се.. Имав симнато 9-10 слики кои сакав да пробам една од тие да ставам за аватор но ни една не ми ја прифана. Само таа сега што ми е ја прифана. На претходниот профил ми ги прифаќаше сите слики кои сакав да ги ставам за аватор а сега ни една неќе да ми ја прифане...