Е да ете @Someonespecial ме потсети, дека ако го напуштиш разговорот има опција да ги игнорираш идните пораки. Кај мене сите пораки седат, не напуштам разговор, па сум заборавила дека може кога ќе напуштиш разговор да се игнорираат идните.
Ако истата особа почне нов разговор со тебе, мислам дека ќе добиваш пораки. Освен ако не ти е заклучено сандачето да не може никој да започне нов разговор со тебе. Во стариот разговор штом го напушташ и ги игнорираш пораките нема да добиваш пораки од таа особа. @RainBow мислам дека е така, ако грешам поправи ме
@Emilija,@danichap i @iloveyou29 Модератори ве ценев,но сфатив дека сте безчувства,може не сте ни мајки.Иако нагласив дека прашањето не е за таа тема,но членката ми беше важна за да ја исконтакрирам во врска со царски рез,МОЖЕВТЕ МИСЛЕЊЕТО ДА ГО ПРЕФРЛИТЕ,А НЕ ДА МИ ГО БРИШЕТЕ,(најлесно е ИЗБРИШИ,а моментот и нејзиниот одговор ми е важен).Ми направивте стрес непотребно.Не мора да ми реплицирате и да барате оправдание(затоа што го нема).Ццццц,Македонче...лошоооо и безчуствително,не ми се верува.Обично не реагирам,ама пораката ми беше многу важна.Фала ви на"помошта".Поздрав(онака од култура).
Мила,криво ми е да ти кажам право,навистина ми беше важно одговорот од членката,затоа и напишав дека прашањето не е за таа тема,но членката ја забележав и и пишав, дека го има истиот мои проблем за да ми помогне,и едвај го составив прашањето и оп,избришано,а можеше да биде само префрлено во царски рез.Знам сакаш да ми помогнеш,но сега ми е потешко да го составам истото прашање(знаеш хормони,мисли,исчекувања).Поздрав,мила ти благодарам
Да,мила во моментов ми беше важно тоа мислење,кое може да биде и префрлено,а не избришано.Но кои нема проблем,не може да разбере.Поздрав
Ќе пробам да ја најдам,ама не е фер,ако беше нешто хитно.Мила,има по темиве доста офф топици си стојат,мене не ми сметаат.Треба да се ценат мислењата.Ок што е тука,тоа е.Секое добро
Да и јас сум против тоа бришење на постови. Не ми создава стрес, само губам волја пак да пишам или да пишам озбилно и да замарам мозок за дискусии пошто неколку пати ме бришеле и си викам што се замараш да губиш време кога 80% постојат шанси да те избришат. Едно на прво место да не создавате стресови кај членовите гледате имаме и ептен чуствителни дами па не сакате на совест да носите нечија не дај боже болест или полошо, и друго и сериозно, оние оф топик мислење каде пример темата е за интервју за работа а членови забегале и почнале муабети за отказ на работа, а муабетите на ниво, нема провокации, нема навреди, искуства само и поуки да се читаат тогаш може да ги одделите и да ги сместите во соодветна тема за тие муабети или ако нема да си ја направите со првото мислење со кое забегале како вовед. Не бришење па после карања. Вака Ем членовите задоволни, ем лицето на форумот чисто.
Офтопик ? ! Во анален секс немам пишано рецепт за мусака па да сум офтопик. Што беше офтопик во мојот пост дека машките нејќат анал, а постот од членот стои во кој пишува женските глумеле не сакале анален ? Кого анализирам ?!
Нема повеќе да ти елаборирам, знаеш што имаше напишано и знаеш кога ја преминуваш границата на пристојно коментирање и провокации. Не ти е прв пат, знам дека нема да ти е ни последен. Воздржи се од понатамошни коментари.
Како не ви е срам! Никогаш не сум навредила некого на форумов ниту сум влегла во кофликт, а неколку пати веќе ми се бришат коментари. Некои постојано пишуваат глупости, а воопшто не се избришани. Збори ми за двојни аршини. Нека се преиспита Фемина кој се поставува за модератор. Уште еднаш ќе речам , срам да ви е!
Па ај да речеме дека е подобро целосно да ми избришат мислење, отколку да ми го редактираат по нивен вкус + да ми го делат на пола и да оди во две различни теми. Тоа не беше начинот на кој јас одбрав да се изразам. А на своја рака да поправите некоја печатна грешка направена при брзање, нигде ве нема.
Овде очигледно постојат членови кои се привилегирани. Добивам навреди во СДК од член кој не ме познава лично, а си дава за право да зборува каква личност сум. Продолжете да толерирате вакви испади. Не е проблем што јас добив навреди, ама ова во иднина ќе им се прави и на останатите членови.