Зошто не идат известувања со образложение за избришано мислење? Се согласувам со членките погоре дека стварно не е фер што си играте со мислења од членови. Патем, не бевме офф топик во темата "Анален секс", а мислењата се пак избришани. Можеби повеќе внимание треба да посветувате на манијаците од секс темите што демнат а не да си пишуваат што сакаат.
Нови модератори, што ви се случува бе луѓе? Кој ви даде ,,амин" да модерирате, кој ве одбра? Па, пичка му матрина, сите мислења ги испобришавте, иако беа НА МЕСТО И ВО КОНТЕКСТ СО ТЕМАТА. Не е претерување, се поминаа сите етички граници на нормала. Последно реплицирав на Вајлд, во тема "сингл" и репликата беше сосем на место, воопшто не оф топик. Што е со овој форум, сериозно?!? Постојат ли санкции кон модераторите или даден им е благослов да бришат што сакаат без експликација? @RainBow те молам среди, објасни им го правилникот при користење метла, не можам веќе да се замарам стварно.
Што да среди кога таа е главата на рибата. Од неа е аминот за бришење и веројатно најголем број од избришаните мислења.
Остај ги луѓето да се изразуваат како сакаат без да ја криеш твојата потреба за контрола под „офтопик", „не е во склоп со темата" и слично.
Зошто да не е @RainBow ? Каде се овде слободата на изразување, потребата за жестока полемика и шега? Дали се сметате за almighty Богови на форумот само затоа што ви е дадена титула? Сакаш да зборуваме за ,,привилегии" правила и тоа како никој од вашата екипа во текот на 2015 година не одреагиравте соодветно и со санкција кон одредени членови во период на cyber bullying кога ми беше потребна заштита? Според кој критериум е моето мислење оф - топик, сериозно прашувам? И тебе и другите овде кои читаат. Што е тоа бришење и ставање ѕвездички на најпрости зборови, вршење терорна контрола и цензура? Кога и зошто стана форумов олку прохибирачки, и кој е исходот од ваквите лицемерни забрани?
Ова мора да престане. Бришење долгогодишни членови со фино аргументирани реплики само затоа што низ својот пост пишале зборче ,,ебам" или затоа што згуснала дискусијата и паднала некоја пцовка или навреда. Едноставно не е во ред. Се прашувам кои се тие пари што ги добиваат за да прават олкав brainwashing пропратен со слепо следење инструкции за контрола.
Жестока полемика и шега? Неброени оф-топици има по темите, не знам колку пати јас или другите модератори сме бришеле, посебно од тебе кон вајлд. Има тема специјален поздрав, теми за муабет, има чет, не може во сите теми само вакво зафркавање да има. Ете за какво мислење се буниш дека било избришано, погоре го постирав, па јасно е понатаму.
Драго ми е што го постира, точно нека видат дека не е оф топик, туку обична дописка. Форумот треба да претставува бегство, ,,издувен вентил" од здодевното и ригидно секојдневие, не место на кое не може да се изврши обична дописка. И не ми одговори, каде бевте со правилникот 2015? Или тогаш законските мерки сеуште ви немаа стапено на сила?
Ехеее какви постови и оф топици стојат не се бришат,ама неееее некои што се на место тие се бришат.Македонче,не го бива и не го бива,ама тоа е.....Феминка ми е омилен форум и уживам во него,но модераторите немам коментар.
До кога ќе се толерира мешање на лични работи низ темите? Не е работата само да се избришат коментарите, треба тоа и да се санкционира соодветно. Ако се остави вака како што е , крајот нема да може да им се најде на таквите членови.
И после ќе прашуваат цитирај каде гледаш навреда? Епа ги бришат! А не се банира. И пак се повторува истото и тоа од тие 3-4 членови. Упорно вреѓаат глупа, проста и само ќе им ги избришат мислењата и никому ништо.
Некои членки навистина го претераа со кажување приватни работи. Ај што вадат афери по лп кој бил манијак а кој мрднат ајде де, ама мене лично јавно да почнат да ми кажуваат приватни работи не би оставила да пројде само со бришење или само со бан.
И јас со некои се знам, некои ги препознав ама да ги откријам јавно мислам не е фер. А негде видов коментар дека некој пробал да открие нечиј идентитет. Може сум била јас на тапет ама ете не сум видела и никој не ми кажал нешто не знам за кој се збори Во секој случај за овие работи треба да има некоја построга казна не само опомена, бан неколку дена, туку доживотен бан на таа ип адреса. Не за џабе форумот е анонимен, треба да се биде строг за вакви работи инаку многу членови би се отргнале од него, еве прва јас би се откажала од него ако знам дека не сум заштитена.
Добро што ви е проблемот? Член што цело време се жали на форумов, му се обратив со „знам дека не ти е лесно во животов, ама ептен отупе“, и тоа е за вас откривање лични податоци? Толку сте очајни што не сте во право во темите, па измислувате драми. @LiliBoz ти испра ли совест за сѐ што се имаш изназборено по теми за самоубиство, па сега многу си емпатична демек? И кажи веќе еднаш, каква дијагноза кој имаме? Засрамете се. Не знаете само каков човек сте се собрале жени да браните, ама не е место ни мене ни на Џон ни на некој друг да отвараме уста колку он прекршил правила, за негова среќа. За останатите - девојки, 4 очи отварајте со кого задлабочувате муабет во лп. Инцели и nice guys демнат и повеќе отколку што мислите!
^ Пaк ти зaмешaнa вo лп aфери Ај еднaш случaјнoст, aј двaпaти грешкa, aј трет пaт те нaклеветил некoј, aмa oвa веќе и пoвеќе oд сoмнителнo е. Стaлнo тебе некoј те демне Нa тoлку време штoм сум тукa и тoлку пoстoви секaкви штo имaм пишaнo и зaкaчaнo сo кoј ли уште не, никoј не ме мaлтретирa пo лп. Чуднo.
Некои членки изгледа се пишманат што го откривале сопствениот идентитет и приватен живот наваму-натаму, па сега од мака сакаат и останатите да ги обзнанат.