Па што го читаш, прескокни го. На некои луѓе форумов им е за споделување совети, на некои да си ја олеснат душата, на некои за бистрење политика, на некои едноставно - само за забава... Искрено не знам за што конкретно се работи во случајов, ама реченицава погоре ми падна во очи.
Не ми беше тоа поентата. Сакав да кажам, како тоа некој може да рече "ептен отупе" за некој друг. Па не ни е форумов целиот наш живот. Што ме интересира тоа ќе пишувам. Приватно може да имам еден куп обврски, преокупации, разни емоции...ама може овде сакам да отворам само една тема или да се фокусирам само на еден дел од мојот живот... Може членот на форумов гледа како рамо за плачење, па само за тоа го користи (не го следам, само како пример кажувам од тоа што беше погоре напишано). ...Можеби некој не сака да пишува за неговите среќни моменти, а сепак да е подеднакво среќен, како и тажен. Можеби не сака да пишува рецепти, а секој ден да готви најразлични специјалитети. Може да е во брак, да е родител или да има најактивен сексуален живот, а никогаш да не ги отворил категориите Семејство или Секс... Кои сме ние да кажуваме кој за што да пишува и како да се изразува (во рамките на правилата, секако), дали некој "отупел" со некое мислење, прашање, совет, фраза и слично, особено пак, ако не ни се обраќа нам лично? Можеби не сум во тек со муабетов ваш погоре, ама многу ми пречат вакви критики и мешања, па морав да искоментирам.
Нека биде дека Раф е лош човек и слободно наречете ме манијак, лудак и психопат оти знам дека тоа го мислите за мене. Од напишаното заклучив дека повеќе луѓе многу добро ме познаваат, дури подобро и од самиот себе. Доколку сум вознемирил некои членки или членови на било каков начин нека ме пријават кај Реин. Една членка ненамерно вознемирив и реков некои работи за кои не размислив дека може да ја вознемират и се извинив за тоа. Вистина е дека и јас како член имам прекршено многу правила, ама сигурно не повеќе од членката која сама се јави на темава. И реков и на членката која ја вознемирив дека немам намера да ја повредам на никаков начин и дека ќе и дадам лични податоци да ме пријави во полиција доколку се плаши од мене. Не знам меѓу кого се споделувани мои лични работи, само ќе кажам дека добивам закани односно добив директна закана од личност која не ме познава. Ова зборувам за во реалноста, а не за на форумот. Причина за тоа било затоа што сум личност со трите епитети од погоре и вознемирувам девојчиња. Затоа ќе замолам кој и да шири муабети да престане да го прави тоа, не сакам да се влечкам по полиција со некого и да докажувам некои работи. Сето ова и ми влијаеше на здравјето. За крај тоа е единствено што ќе побарам од членовите тука. Зарем толку лошо му имам сторено на некој за да поминувам низ сето ова. Затоа се вратив на форумот Спешл. Од денес па натака никој од вас нема да прочита коментар од мене низ темите. Јас сум виновен бидејќи бев искрен и се доверив целосно. Не пишувајте за мене низ темите, само тоа ќе ве замолам за крај. Ако имате барем малку човечност во вас. На сите им посакувам се најубаво дури и на оние кои ми мислат лошо. Ако сум погрешил нешто на некого или сум го вознемирил нека ми прости. За крај спремен сум сам да се пријавам во полиција, ако некој смета дека е потребно. Ова е последно од мене.
Што и да се случувало по лични пораки, немаше апсолутно никаква врска со темата на која дискутиравте и немаше потреба да спомнувате. Што и да правел, секако има право да напише мислење во било која тема, не? Ако било толку сериозно, пак сте криви што не сте го пријавиле со сите пораки за бан. Ама не, интересно ви е да трачарите по лп па само чекате момент да го направите трачот јавен. Престанете да се глупирате и аман доста со тие лични пораки па мислења во стил знам нешто што другите не знаат. Отупевте.
Зошто ми е избришано мислењето во Македонски јавни фаци? Не бев оф топик, една членка има пишано, друга се надоврза праша како, и јас и објаснив, не бев ни вулгарна, ни бутур
Па @kala21 Нели има пишано дали стварно Спенџарска демонстрирала влошки во емисија, и друга членка не знам која беше, се надоврза праша дали е вистина, и јас пишав дека е вистина дека снимаше за на инстаграм, дека не беше директно во емисија, и не беше гола, ако така сфатила, туку дека гаќите ги држеше во раце... И што има овде за бришење?? Не се жалам никогаш, едвај два пати дали сум се пожалила во 8 години, ама навистина немаше ништо за бришење.
Средено е. За да не ја затварам темата за да ги средам разговорите , работам он-лајн, а сите пред време реагираат.
@zuto Знам дека тоа не ти беше целта, јас се сконцетрирав на таа реченица само. Ако не се согласите со некој член, ако ви е трн у око, ако ве мрази ќе стори се да ве открие,тоа ми беше зборот. Убав ден.
Во разговор имаш само 5 минути од испраќањето на пораката за да редактираш и избришеш било што, потоа нема опција.
Ти си прашала на 2 Јуни 2019. Ај сега да прашам и јас, до кога е банирана баба Рада ? Ако ништо друго, жената го освежуваше форумов со нови теми.
Мислам дека е перманентно банирана. Баш сакам да знам зошто, не сум видела со кого се раскарала, што напишала... И мене ми фали. Никогаш не беше напната како некои членови и баш позитивна беше, секогаш расположена за шала. Ама дека некогаш знаеше да лупне нешто што не треба, знаеше. На крај, успеаја да се ослободат од неа оние на кои им сметаше.
Дај ти се молам, зборуваш ко некој да убил човек, а не да е банирана од обичен форум членка што само тролаше и ширеше говор на омраза. Не сте толку битни колку што мислите, јас еве не ни приметив дека ја нема, заборавив дека некогаш постоела додека не се спомна тука. Појма немам зошто и колку е банирана, одамна веќе не ни пријавувам мислења освен некои најнавредливи, ама барем деновиве не беше тука во дискусиине, само уште таа фалеше со нејзината омраза.