Знам. Зошто толку се нервираш? Ко да сум пишала којзнае што, па сега не сме биле битни. Кој вика дека сме? Само ти си битна и тајфата твоја, уживај. Прашаа за неа и се надоврзав. Не знам што ти се случува со ваквите дрски реплики во последно време.
Баба Рада не ширеше некој говор на омраза,ама на моменти претеруваше.Сепак перманентен бан е премногу.
Баба Рада си беше мастер трол и сигурно ќе се појави пак, ич не се сомневам. Не знам зошто е банирана, ама сигурно е заслужено. Сепак ме интересира. Не за друго, тогаш за Мама (како и да беше никот) цела забава направивте а кога стварно ги интересира членовите за некој, ве нема да кажете што е причината. Нека има транспарентност за сите.
Јас па само во 40-ката ја читав и чат пат ќе видев некоја интересна бош тема од неа отворена. Не сум сретнала нешто навредливо во нејзините постови. Чат пат превише на мајтап ја фаќаше работата,ама па има еден куп такви членови. И навистина , што е толку тешко одговорните да ни кажат зошто е банирана?! Баба Ратке ако читаш еве ти едно поздравче
Толку сериозно го сфаќате форумот,големо чудо ако ве банираат божем плата земате,мене ме банираа што ја спомнував дотичната која е заштитена како бела мечка,и еве неколку пати ме цитира и провоцира и ништо нема за неа предупредување,јас да сум ке бев банирана.
Ме зачудивте дека прашувате зашто била банирана. Беше прво нели, банирана на некој ден, потоа предупредена дека следниот бан ќе биде подолг, и така со секој нареден. Толеранција која што ја имаме и кај што треба и кај што не треба. Последниот пат и беше кажано дека следниот бан веќе ќе биде перманентен. И...Пак со навредите. Доволно беше, шанси секако беа дадени. Ти беше банирана поради политичко спамирање и расправање по сите теми.
@RainBow Не би рекла баш дека е така,нормално е да имаш различно мислење особено за политика и никогаш нема да го променам ставот во поглед на политиката,не се расправав јас со сите како ти што сакаш тука да кажеш,туку со неколку членки кои исто така се хард кор во политика а посебно таа дотична да не и го спомнувам името која сите ги навредува што не и одговараат,не сум само јас,има и доста други членки кои од неа се жалат една од нив беше и @baba Rada Како можам за политика да спамирам кога на пола од темите неможам да пишувам,па морам да пишувам на несодветни теми.
Знaчи не врoди сo плoд нaмерaтa дa јa превoспитaте пa трaјнo јa бaнирaвте. Бaбa Рaдa не вреѓaше ништo пoвеќе oд мнoгу членoви штo уште пишувaaт, рaзликaтa е нaчинoт нa пишувaње плус гoдините aкo се земaт вo предвид. Oти нели, мнoгу пoрaзличнo е aкo нaпишеш пoлитички кoректнa нaвредa пoсле дoлгoгoдишнo искуствo пo фoруми. И гo знaејa тригерoт и нaмернo јa прoвoцирaa. @LivingGlam Кaкo мислиш -мaстер трoл?
Па мислам дека си тролаше со години суптилно, не многу забележливо за да дојде до бан. Ама си тролаше на големо. Мастер трол затоа што е многу нивоа над обичен трол.
Какви комплименти и даде сега, па таа живци немаше на најобични провокации да се воздржи, мастер трол била Мислев и јас едно време дека е некој што лажно се претставува и е тука само за тролање ама кажаа мислам дека ја знаат лично. Иако, како сака така ќе се претставува, не е наша работа. Сепак мислам дека карактерно си беше таква.
@Bridget, @irrelevant ми го скршивте филмот. Замислував нерди маж со акни и очила, и чудна смисла за хумор, како го трола цел женски род. Се зезам за делот маж, ама за другото стварно мислев дека со нејзините коментари само провоцираше за да докаже колку сме прости. И уште мислам така, додуша...
Не бе таква си е жената, јас знам и многу други со таков карактер, ваљда ти прв пат сега сретна и затоа мислиш дека е трол. Секакви не има, ништо не треба да те изненадува
Јас па што убави пораки си пишував со неа,некогаш по два пати си ги препрочитував. Без оговарања, без провокации, без тролања. Општи муабети за животот. Многу ми е чудно вака што читам за неа. Ама па не ја пратев воопшто по другите теми
Жената не беше трол,ама имаше типични старински сфаќања кои се косеа со оние на помладите и тоа доведе до пукање на филмот. Ама не заслужи перманентен бан. Има полоши членови/членки од неа кои не се банирани. Модерирањето на форумот не чини.
@RainBow конечно, и премногу ја трпевте. Кому му била интересна и океј , дома нека си ја земе. Свашта, ко сосема за друга особа да збориме. @LivingGlam јас сѐ уште стојам на тоа дека може и маж да беше. Како и да е, личноста мајтап си играше со години со цел форум. Никој не може да ти потврди, никој ништо не знае за неа, од ракав само си зборат оти ете „океј“ им била.