Спојлер: Извадок 1. Членство Секој има право да користи само едно корисничко име. Корисничкото име не смее да биде вулгарно, навредливо или да рекламира продукт, услуга или фирма. Корисничкото име не може да биде избришано. Ако поради било каква причина сакате да се откажете од вашиот профил, едноставно престанете да го користите. Корисничкото име не може да се менува. Нема да одговараме на барања за промена на корисничко име.
Едно е да престанеш да го користиш друго е да можеш да го деактивираш засекогаш. Како и секоја друга социјална мрежа мислам дека потреба е да дозволите таква опција и за членовите тука.
Ти сакаш сите мислења кои ги имаш напишано да ти ги снема од овде ? Па каша попара ќе се направи во дискусиите по темите ако секој еден така си го брише профилот
А кој што треба да знае за неа? Ти да си се преиспиташ кој ти е проблемот со неа, може треба и психолог да си посетиш.
Од друга страна, во правилата на форумот е јасно нагласено дека твои се авотрските права над секое мислење. Тие можат да одлучат дали ќе го избришат без објаснување, ама ако некое мислење сакаш ти самата да ти биде избришено, можеш да побараш на што тие би требало да ти одговорат и плус да ти биде загарантирана дискрецијата.
Баба Рада не беше трол, повеќе би рекла дека @Bridget е трол. Не дека не е во право.... често е, ама ако ти се убаци, пуздер ќе те напрај... и мува не ја лази Баба Рада само сакаше да се дружи со нас, ама исто размислува ко мајка ми.. која има 67 години. На пример, некни и' се јавив и и' кажав дека бев на Геј парадата и ми рече: Шо барате со тие 'педериштата'? Е исто и Баба Рада би реагирала...
Сметам дека админите си ја работат работата професионално, но има членки кои далеку повеќе заслужуваат перманентен бан од Рада.
Не заебавај. Рада беше мастертрол. Целата таа приказна за "бабичка од 67 години" беше една голема, голема игра.
Јас колку што знам беше постара од мене. Може грешам, ама ако е жена ко мајка ми, ич не ми е чудно така да реагира. На страна што ме нервира таквото однесување..
Не знам јас што треба да посетам, и доволно сум свесна за посетување психолог да не ми е навреда, ама вие што немате проблем со години и години вреѓања и клетви, исмевање со психички болести, омраза кон младината, кон сите маргинализирани заедници, промовирање швалерај и што уште не - вам ви нема помош. Одете на дувлоно Кајгана еве, ќе најдете стотици такви, а можда и самата нејзе.
Во секој случај не е трол оти може бил маж (може!) или лажела за годините. Има еден куп членови што лажат за се и сешто и лажно се представуваат па не се ни банирани ни ги декларирате како тролови. И се согласувам дека не е во ред да добиеш перманентен бан поради тоа што само си имал различно мислење од друга група на луѓе. Ако е во ред тоа, банирајте 90% од форумов. Еве почнете од мене.
Што и ако била маж,или ако била баба. Што сака ке биде зад форумското име. На многу поголеми форуми од овој,траен бан се дава за многу други сериозни работи ,(издавање приватни податоци,фашистички постови....) За какви постови е трајно банирана?
Мене ми се феноменални тие дрски, оригинални, искрени ликови баш во стилот на @Abeja , @Gosh , @Bridget , @buba4e89 , @Yipman2 ,@Nigredo Odor , @sjdgo , а тука спаѓаш и ТИ. Многу се разликувате во начинот на кој коментирате на форумот и штом се појави монотонија, значи фали некој од вас за да се крене расположението. А што се однесува до баба Рада, дефинитивно е жена во години, си имаме разменето многу лични пораки и начинот на кој таа си муабетеше со мене, е исто ко мајка ми со нејзините стари сфаќања што ме замара.
Не верувам за тоа да е банирана, дека се претставила ко баба, а била маж, ваљда една капка од сега само ја претекла чашата. Полна беше со предрасуди и осуди и не знаеше да почитува туѓо мислење, се бунеше само за неправди нанесени на неа, а нон стоп вреѓаше и етикети ставаше. Дури и во теми за играње знаеше да пецне и мислам дека намерно и сплетки правеше за да може после да завзема страни и да напаѓа и вреѓа. Лик што живееше за скандали. Се надевам дека ин реал не е таква.