АКо е банирана поради провоцирање ,тогаш е тоа аматеризам. Најдобри форумаши се оние кои пишуваат кратки и провокативни постови,и секој форум треба да ги има. Навредување по расна и национална основа,објавување порнографски содржини,се можни причини за траен бан. Пред 5 год.бев модератор на најголемиот хрватски форум.Никогаш не баниравме член за провокации.
@Cosmi, Рада имаше постови со навреди по која основа ти душа сака. Расистички, мизогини до оправдување „сама си го барала“ за силувачи, хомофобични, повици за насилство кон животни, сè. Видео од терористи како малтретираат геј луѓе имаше објавено и помина само со бан од тема, ако тоа не ви зборува доволно не знам што друго треба. Не постои член што бил потолериран на форумов од неа. И за кои тоа толку лабави странски форуми зборувате, жити сè? Читам и пишувам и на Редит, најобемна интернационална платформа од ваков формат. На сите нормални subreddits што ги следам (освен ако не сакате пример да ни се оние за инцели, минцели што биваат затворени) има строго правило no trolling и no bigotry (хомофобија, расизам, мизогинија). Таква треба да е нормална онлајн средина. Додека не научите што е слобода на говор, а што говор на омраза и повратна реакција на истата, не вреди да се дискутира.
Затоа и прашав за какви навреди се работи! И јас пишувам на Редит,а на хрватскиот сум 12 год. Ама ,не можеш да исфрлиш член ,а да не си види за што и за кој пост е конкретно исфрлен! Затоа нагаѓаме сега.Било кој да е. Еве ќе те банираме тебе на пр.нит ќе се знае зошто,ниту како, ниту ќе имаш можност да се произнесеш за банот. А сигурно ќе има некој што ќе коментира,арно што ја баниравте. Треба да има подфорум за банирани каде секој баниран може да праша,комуницира или да бара тргнување на банот,образложение или извинување на постапката. Вака не .
Подфорум овде е нуклеарна физика. За долготраен бан треба консулација зошто не е за ден два....ништо чудно банот да бил субкективна причина или баба и сметала на некој овде.
А сте слушнале ли за објективност? Транспарентност, можеби Интересна ситуација... на форумов има два спротивставени табори (несметајќи го тука кланот 40-ка) и во 90% од нивните расправии, само едната страна е банирана, предупредена. Другиве како заштитени мечки, шират навреди, провоцираат, иницираат расправии итн... и никому ништо. Навистина е жална ситуацијава.
Еееехеее колку навреди само јас имам пријавувано, до сега на 3 члена требаше перманентен бан да им се стави ако беше така. Ама заштитени се како мечките што се заштитени во нашата држава, ќе ги нема некој период додека ги држи опомената после пак си почнуваат по старо или додека не им се спротиставиш со различно мислење од нивното ете пак ќе почнат навреди и понижувања...
Зашто сум банирана во 'Проблеми со свекрва' ? Не мора да ме одбанирате, те ви ја темата само сакам да знам ЗОШТО, немаше никаква расправија, баш ништо. Дали сте вие нормални ? Ајде референтке @referentka
Ти беше таа што напиша -40ка во елемент или нешто слично па некој се најде навреден? Затоа те банираа?
Епа таман е. Се потсмеваш со 40ка. Исто ко на фанатичен верник вера да му чепкаш. Се чудам зошто и траен бан не си добила. По други теми може да стојат навреди по ден или два за да се посмее народ или сити, за 40ка напишеш ли во секунда не само бришан туку и баниран.
Не знам дали е за тоа. Затоа чекам да ми одговорат. Знам дека е референтка, еве нека образложи само, не мора да ме одбанира.
Ако за тролање се дава бан, прв требаше дечкото на @Dust да добие. Оти нели, досадно му беше на детето
@lovestoneddd, веројатно муабетот со @John Snow, дека одмараш после работа. Ама ако тоа е причина за бан, ко што е кежуал форумов во последно време, пола од членовите ќе беа банирани. Предупредување во лп би било доволно, ете, ако ептен е ревноснен модераторот. Се надевам грешка е банот, зошто ептен лоша слика се формира за форумот. Не бива субјективност кај модератор. Туку, @Bridget, се изненадив тебе што те прочитав кај "Свекрвите". Долго те немаше.
Умна е веќе Фуфка и да пишува почесто, зш гарант за два дена ќе ја банираат Чао Бриџи Нешто Не си во елемент деновиве