Не, @Bubce38, колку што знам, многу одамна Бриџет доби траен бан во таа тема. Не знам што се случувало, и колку бил баш заслужен. Може не секогаш се согласувам со нејзините ставови, ама го почитувам тоа што не се труди да се допадне, туку си кажува отворено што мисли.
Бан! Дали ако напишеше -ФМЌ во елемент ќе добиеше бан или ќе поминеше скроз незабележително? Шалтеруша синдром, многу на позиција кога се го имаат, па нормално и модераториве наши.
Дилемата е решена. Ме банирала @RainBow бидејќи сум навредувала и сум понижувала. Јас не помнам такво нешто од било кој мој пост во темата од денес, а по вашите коментари гледам и вие немате затекнато такво нешто. Сексисти, шовинисти, манијаци, тролачи, фанатици, ви врие форумот, јас ви сметам. Те замолувам јавно, да ме банираш трајно од форумов. Сама барам. @RainBow
Секое второ мислење со провокациски тон, тролање, не само во оваа тема, насекаде. Како што и ти пишав во порака, следниот бан ќе ти биде од цел форум на неколку дена. Патем, да, навредуваш цела група членови со овие мислења, нема потреба од вакво нешто, ако ти се диксутира со некој дискутирај, ако не мислиш дека нешто е за дискусија прескокни. Понатаму една преписка со @John Snow, кој веќе исто така доста забегува во секоја тема со оф-топици, за што исто ќе следува бан, Точно, не оправдуваме такво нешто, исто беше баниран.
Апсолутно никаков провокациски тон немаше денес, ниту обид за расправија ништо. Ко што кажа Бриџит да пише некој ФМЌ у елемент, ќе јаде ли бан ? Не сакам на неколку дена, сакам траен. Ајде.
@RainBow, ако "on fire" и „менталитет“ се навреди сами по себе, тоа за самата „навредена група“ кажува многу, и самите како си се перципираат тие што се навредиле. За ФМЌ како конкретна тема не се плукало, ама за младината како возрасна група се пишува сешто и секакви патетики уз бош муабет. Што не фатите цела тема „Денешната младина“ да ја затворите или да банирате сите што *вреѓаат* таму, ако спомнување менталитет на една генерација било навреда за бан? Свашта...
@Someonespecial, да не ги заборавиме „дечишта“ и „дечурлана“. Не беше навреда тоа? Гледам се поделија банови за тие зборови.
За членовите од темата ли беше тоа? Ако е така не сум видела, но ќе внимавам во иднина, а пријавете ако има такво нешто. Самото тоа што го пишувате овде покажува на што се сведени дискусиите на форумот. Нетолеранција насекаде, навреди кон сите, постови полни само со иронија и сарказам, тролање, исмевање, расправии. Во секоја тема, секоја. Ги објавивме препораките и ве замолувам сите уште еднаш да ги прочитате и да се придржувате кон нив. Игнорирајте, ако сметате дека нешто не е вредно за дискусија едноставно прескокнете го. Се вперува цело време прстот кон модераторскиот тим, не е дека ние не грешиме, луѓе сме, но едноставно ситуацијата моментално е на незавидно ниво со сето она погоре што го наведов. И стана банирањето почесто, и така ќе биде додека малку не внимаваме сите колективно што и како пишуваме.
А зашто кога некој бара одговор од модератор /админ мора уште чопор да скока во одбрана!? Средношколска тепачка ли е ова!?
Јас имам пријавувано, а и дел од останатите членови на почетокот реагираа во склоп на самата дискусија. Џабе беше, се продолжи со тоа однесување и по другите теми. Штом помлади членови (ако за над дваесет и нешто години воопшто може да збориме за помлади) ќе влезеа во дискусија со определени членови, со тие зборови им беа умалувани и отфрлани ставовите. Во недостаток на аргумент- детиште, дериште, врска немаш. Затоа и реакцијава денеска делува максимално нефер.
Од темата или од форумот? Оти не трола само на таа тема, туку низ цел форум. А што е најтрагично, член на тимот го знае тоа, го оправдува, па дури и се фали со истото Оти, досадно му било де....
Незадоволство од "раководство" се изразува во група оти сите се засегнати, не е изолиран случај па да се решава еден на еден. И тебе треба да те занима како дел од овој форум и сите останати, како се работи и што се работи. "Детиште" јас го имам употребено, дај им уште една причина за мој бан , додека кога има расправии во 40ка (или некоја од таму низ други теми) само со фина опомена се минува проткаена со хумор. @Nausicaa
Јас сум БАНИРАНА од сдк сосем заслужено. Еднаш не знаев на колку време сум БАНИРАНА, пишав и добив одговор. Не би сакала за мене некој да скока без разлика заслужен или незаслужено бан. А ако треба да се изјаснам за коментарот '40 менталитет' и мене ми звучи како навреда знаејќи го наравот на членката. Нема везе, поентата не ми беше тоа. Сепак мислам дека нема потреба од понашање ко средношколки коа идат на мочање. Член/модератор или член/админ ќе си расчистат.
Џабе ти се сите препораки, кога вие директно и индиректно сте виновни за состојбава на форумов. Имам претходно пишано, не знам дали прочита, постојат табори на форумов кои ги прават 99% од кавгите, провоцирањата. Мој впечаток е дека секогаш едните се казнувани, другите ги оставате да дивеат. Епа каков сакате да биде форумов со вакво модерирање?
И ти ли? Хахахах јас други неколку памтам, од кои едната е конечно банирана. Ај, веројатно нема да те банираат ретроактивно Ако тргнат така, пола форум ќе треба да одмара
Па тоа погоре, да, на тоа ми личи. Едно е тоа ти што го велиш, другиве тоа што тие го прават. Ти го сфаќам ставот, и јас би реагирала како тебе, но досега не сум била бришена или бан да сум добила а да било неправедно...