За секој бан јас верувам има по правила и прописи објаснување, а кај нив најчесто е -навреда, провокација, сарказам, тролање. Само има еден цел спектар од лесни до тешки навреди и тие лесно си го користат за да си прават што им е по ќеиф. Оти навреда е и -се понашате ко средношколки што одат на мочање. Оди во 40ка напиши и на некоја членка така директно или на група членки со поозбилен тон па да видиме како ќе поминеш.
Можеби. Мојот впечаток е дека едниве се попривилегирани. Како и да е, јас и двате групи би ги банирала трајно.
Ајде да не биде дека паметувам,само пренесувам искуства. Зошто не воведете картони со казнени поени. Пр. Тролање -30 Оф топик-10 Навреда-100,бан од 3 дена Расно,говор на омраза итд.-500 -1000 бода бан на 1 месец - траен бан. Пример кога ќе собере членот 100 бода за тролање оди на ладење 3 дена. Покрај спорниот пост да стои црвен картон кога ќе кликнеш на него да ги има поените и причината ,како и известување колку поени има . Секој ке се чува така од бан,ќе знае ако трола уште една тема ,ќе биде баниран,и ќе внимава.
Е сега, така ревносно да ги банираш сите на Абротус кои пишуваат дека е убиство, и дека жените кои направиле абортус се убијци. Оти не само што напаѓаат цела група, туку и законски спаѓа во говор на омраза. Дроб е та тема. Дроб.
@RainBow ако банираш, банирај ферски. Разликата е што @lovestoneddd нема "влакна на јазик" , а @Someonespecial така фино и културно, благодарение на својот богат вокабулар ќе ти го напишат скроз истото, па кој сфати- сфати. @Cosmi и други членови се сведоци. On fire и "клетва" дека еден ден ќе ме снашло исто за кое што не сакам, т.е дете геј е мн. ружна ствар. А конзерви, шовинизам и ред др. епитети, како да ги сфатам? "Факинг библија" ? Ама има право @Bridget , до денот е.
Не, не се Според ставовите, можам да претпоставам кон која група тежнееш. Ни јас не припаѓам во ниеден „табор“ ама знам во кој ме ставаат, и тоа е во ред. И кон двете групи од модераторите е покажана максимална толеранција. Проблемот е што не се реагира на време во сензитивните теми, доаѓа до куршлус и после имаме искарани членови и нетолеранција која излегува на површина во сосема неповрзани теми. ***** Не знам за другите членови, ама мене во последно време ми се случува да сакам да пишам мислење во некоја тема ама да налетам на агресивно препукување меѓу членки и да не знам дали они вистина се „караат“ на конкретната тема или постои анимозитет од порано па сега се дофатиле. И ќе баталам пошто имам чувсто дека се мешам во кавга.
Исти ставови сме имале на темите, следствено- двоен профил. Не се зезам, пријавени бевме, за да не провереле. Веројатно на една од темиве уште стојат мислењата околу тоа.
Така омилените ќе си ги банираат набрзина сите. Тек па за сексизам да се банираше Ама не, смрдливо дувло на неизживеани мамини синчиња е форумот. И на пресветите што недај боже детето да им е геј.