Зошто после секое мое напишано мислење цело време ми стои дека имам 89 мислења, а мислам дека се повеќе?
Кај мене пред некој месец 2-3нед не можев слики да ставам од телефон, а од лаптоп немав проблем. После само се оправи...
Сега ги читав правилата на форумот , па според нив не треба да прашуваш зошто ти е избришано некое мислење.
А дали ти го читаш целото правило? Го прочита ли ова: ,,Ако сметате дека некое ваше мислење било неправедно избришано, испратете лична порака до некој од модераторите." Тоа значи дека членовите не треба да пишуваат по темите да прашуваат, туку да се обратат во порака кај модератор. Значи имаат право да прашаат, тоа право не им е ускратено.
Читам црешке, ама на почеток убаво пишува Модераторите ја вршат оваа функција на доброволна основа, т.е. не се должни да бидат нон-стоп присутни на „Фемина“, ниту пак да ви одговорат на испратена лична порака до нив. Е затоа и пишав дека не треба да прашуваат зошто им е избришано мислењето. (Не знам што е работа, некако слабо ми ги разбирате мислењата, дали треба со 2 - 3 збора на кратко да пишам оти се погрешно ме сфаќате. )
Во име на другите модератори не можам да одговорам, но јас секогаш враќам на порака кога мене некој ќе ми се обрати. Доколку нешто не е во моја надлежност, секогаш пораката ја проследувам до другите колеги и/или до Реин.
Кај некои членови кога сакам да им го отворам профилот пишува дека имаат ограничување за тоа кој може да го гледа, како да направам така и кај мене?