Ќе кликнеш на аватарот, па на приватност. Кај полето Сакам да добивам пораки од форумот..ќе го отштиклираш квадратчето.
Вака @Mihajlo и @RainBow да ги прашам што планираат да направат сега кога замира форумот? Добра дискусија немам видено од кога ги ставивте препораките за однесување. Со ваш чекан по своја глава се удривте? Плус, чекам една порака од вас повеќе од еден месец, да чујам пак како сте одговарале секому...
Како можам да направам да не ми стигнуваат нотификации на мејл? Го имам од штиклирано полето кај што е во приватност сакам да добивам пораки од форумот. Го имам тоа направено и пак е истото. И тоа на мејл ми стигаат нотификации само кога ќе има нов одговор во темата „Трета буква“ инаку за нови одговори во други теми не ми стигаат само за таа тема ми стигаат.
Оди на темата, кликни тука прво А потоа штиклирај го ова, да не стигнуваат од таа тема мислења на меил.
Од како сум дојдена на форумов се тоа се збори. Еве замре форумов, нема дискусии. Еве го уште не е згаснат. Некогаш помалку некогаш повеќе дискусии. Се некој си оди па или се враќа, или со ист ник или со друг, или воопшто не се враќа. Зависи кој колку и дали се презаситил. А постојано доаѓаат и нови. И јас да сум на нивно место не би ти одговорила оти ќе се докажуваме до задутре дали стварно згаснува форумов или не.
А знаеш што сум им пишала во пораката па не би ми одговорила? Пораката беше сосема друго, неповрзано со тоа, така да бркај си работа.
Ама на некого очигледно поинтересно му е да е напнато. Кој мисли дека нешто фали, логично е самиот нова тема да отвори, самиот дискусија да поттикне. Толку е едноставно.
Повеќе од очигледно е дека Фемина со толкави големи, розови букви, преминува во мали и избледени буквичиња, кои не симболизираат ништо, шупли, празни. Го нема веќе истиот вајб форумов, истиот жар во дискусиите, го нема тоа нешто што задржува или пак привлекува нови членови. Од урбана онлајн платформа го направивте местово Женски домаќински муабети, кога и да отвориш почетна страна, како актуелни теми стојат пелени, рецепти, свекрви,бебешки каки и мрсули. Да не збориме што истово место стана дувло на шовинисти, дојдени на женски форум да ни кажат како треба, и упорно се толерираат и со тоа се потикнуваат за уште поголемо учество. Рип фемина, беше добра на времето.
А што им фали на тие теми? Нели се тие дел од секојдневието на една жена, мајка...?! Најверојатно е така затоа што тие што беа девојчиња на времето, со текот на времето станаа сопруги, па мајки..па сега имаат свекрви, готват по дома, чистат, имаат деца а со тоа и мрсули, пелени и каки. Не можат сите теми да ти се по ќејф, политички и трач теми.. Еден ден и ти ќе станеш мајка и ќе се расправаш со растечен нос, пролив, пеленски осип, температура, бебешки каши итн.. Со пишаново твое од погоре вреѓаш една цела група на жени на форумов, треба да се засрамиш Ако не ти одговараат тие теми не мораш ни да ги отвориш, оди во МЈФ, во политика итн Затоа и има толку подфорумски категории..за секого по нешто.
Дасти, пораснаа и се трансформираа во сосем други личности, и не баш на позитивен начин братче. Од луѓе чии постови се радувавме да ги прочитаме во минатото, станаа идентични како нивните и нашите родители. Празни, неинвентивни, окупирани со семејството. Тоа е проблемот.. Не се мака пелените и мрсулите толку, колку осудувањето преку зборовите "јас сум мајка, ќе сфатиш кога ќе добиеш свое чедо". Реченица која малтене во секоја една жестока дискусија ја читаме меѓу девојче кое не родило и мајка. Наспроти ова, ти знаеш дека повеќето од нас не сакаат еден ден да имаат свои деца од разно разни причини, и таа реченица кога се користи ,,од нивна уста" е малку навредлива. Не ги читам јас овие теми поврзани со бебиња, да се разбереме. Ептен треба да ми е досадно или да залутам па да прочитам нешто као "инвитро постапка" и два дена да се чудам што значи магискиот термин. Воедно, и следствено на ова немам проблем ниту со мајките. Но, не можам да кажам дека како и на @lovestoneddd не пречи маркирањето територија преку коментари на одредени членки во сите можни теми кои спаѓаат во категоријата семејство и притоа групирањето и линчот кој го пласираат доколку некоја девојка која сеуште не родила се изјасни дека не ѝ чини одреден обичај или начин на воспитување. Неможноста (макар на момент) да се апстрахираат од улогата на родители и да се сетат какви луѓе биле претходно, без ова искуство е вистински хендикеп. Да им видиш слободен, младачки и откачен дух, каков што поседувале во минатото. Сешто гледаме се строго - детерминирани и фиксирани луѓе посветени исклучиво на овој тип обврски. Тоа..плаши. Многу плаши. Мислам дека и тебе ти пречи ваквата динамика, (особено последниве две години откако зема замав), ама поради тоа што си модератор и мора да бидеш коректна не признаваш. Нема љутиш, правиме муабет.
А може ги надраснале темите кои тебе ти се интересни и ги сметаш како мерило за интелигенција? Откриле нова димензија во животот? Срамни се твоиве навреди!