Како ги надраснале и како откриле нова димензија од животот, преку светата должност - станување родител? Воопшто не упатив навреда, во тешка заблуда си. Исто така ми е жал што родителството го сметаш за највисок степен на животно искуство.
Бреј, бреј, сте се разочарале од трансформацијата на некои членови!? Станале окупирани со семејството??? Па со што да биде окупирана мајка на 1,2 па и 3 деца, бебиња, тодлери. Таа нема време во ВЦ на раат да појде вие очекувате да биде посветена на форумот со ист интензитет како порано. Јас сум од самите почетоци овде и баш тоа ме импресионира, како одредени девојки со кои дискутиравме порано прераснаа во зрели жени, кариеристки, мајки, сопруги и со задоволство сега си делиме совети за пелени и мрсули. Не мислете дека тоа го сметаме за највисоко животно достигнување туку едноставно немаме време за нешто повеќе, тој период е таков, секоја секунда ти е исполнета, немаш време да го читаш цел форум туку следиш неколку теми и во нив коментираш. Настапете вие младите, оживејте го форумот, привлечете нови членови, како што ние привлекувавме на времето, на тој начин ќе се одржува неговата живост. Кога нашите деца ќе пораснат ние ќе се вратиме да дискутираме за подлабоки теми, а вие тогаш ќе зборите за каки и мрсули и така се во круг.
Ќе се вратат (вратиме) кога ќе удри Midlife crises, до каде сме со животот, кога се здебелив волку, кога изгорела Амазон, дајте тема да дискутираме оти маж ми не ми збори, како да се вратам во форма, ми стои ли црвенава сукња, ајде да збориме за секс, знаци дека му се свиѓаш на колегата, кога добиле гејовите толку права... Се по ред.
Тек па кога ќе и влезам на темата свекрви и снаи.. Тогаш да видете животно достигнување, јас свекрвата
Дечки, каква активност барате на форум каде постојат две масивни општи теми за секаков муабет? Епа зошто некој да си троши енергија да пишува мислење на официјалната тема кога ваму може да си ја дискутира меѓу „своите“. Свесен си дека „твоите“ ќе те третираат со почит и никој нема да ти се закачи со дрскост и некултура. Сакате активен форум? Бујрум, темите си стојат отворени и неактивни. Пишувајте. А тоа што се случуваше пред затишјево беше се освен нормална форумска дискусија. Кавги, драма и навреди.
Мене па периодов баш ми се гледа атмосферата на форумов почовечна и посмирена, можда дека малку се дистанцирав, ама гледам некои од најтоксичните особи ги има снемано for good, пу пу да не урочам Се согласувам дека и тоа претходно беше само многу негативна енергија, а не динамика. Во врска со типичните мајчински теми, ниту ми привлекуваат 1% внимание, ниту ми пречат... од друга страна пречи тоа што вака ко погоре во групен и дефанзивен дух се собирате и во теми за поопшта дискусија и омаловажувате помлади, цитирате неповикани за сешто околу деца, сенешто ви е навреда за вас и вашето родителство и слично (за тоа и збореа Одор и Лавстоунд). Али не гледам некакво решение за тоа, онаму каде што „прво скокни, па кажи оп“ е цврст аргумент за многумина, таму нема правдина и така...
Значи ли тоа дека за групирање треба да го сметаме и ова другово? Специ ајде преиспитајте си ги изразите и убаво препрочитај ги текстовите на оние за кои ти тврдиш дека прават групација. Дури не ми се верува кига ве читам со класификацииве. Многу незрело. Многу.
Толку многу се замарате со мајките што мислат и што се они и каков им е животот, воедно и ги вреѓате како тие се досадни зашто родиле и мислите животот им застанал, па да ве просветлам. Не ми застанал животот, само можеби не сакам да зборам пред ВАС за тоа. Срамота млади луѓе да се олку искомплексирани и полни со фрустрации. Ред солзи, ред мрсули зашто мајките се смениле. Да му се приповраќа на човек.
Форумов не знам веќе колку години ќе прави, членови доаѓаат и заминуваат, а се' уште истиот муабет околу тоа кој што треба да пишува. Никој не е тука за да ве забавува и да ви прави интересно. Да ви пишува "квалитетни" мислења препишани од Редит, хрватски форум и Инстаграм. Провидни сте. И досадни. Се' oна прогресивно што го пишувате, не знам кого очекувате да импресионира кога сите имаат пристап до истите извори. Време е да сфатите: не сте толку посебни. И кое е прашањето за форумот во целава оваа збрка? Зошто некој не пишува ко што вие сакате?
Што е она што треба да импресионира? Патријархатот? Како една жена во своите рани 20-30 години се претвора во домаќинка, сопруга и мајка? Навистина тоа треба да ја претставува сликата за импресивен животен стадиум, и да биде репер за речиси сечија животна трансформација? Ако погледнеме објективно, само последните три години речиси сите млади девојки кои во минатото беа ултра - либерални, по стапувањето во брак, од кул дечки се претворија во judgemental ,,заштитници" за права кои не им се одземени или угнетени in the first place. Mерило за восхит е човек кој живее во хармонија со себе, кој е мудар, и има достигнувања во животот, независни од остварувањето на биолошката спрега, професионална амбиција или нешто што наложува динамиката на општеството. Млад човек во своите рани триесетти (па и подоцна), треба да патува, твори креативно (онолку колку што му дозволува џебот), ужива, учи, да се чувствува слободен! Не да слуша како детето плаче секој ден, да се измачува себе си со обврски околу него и тврди како е ,,среќен" а сите овие предизвици го исполнуваат само затоа што ,,така треба". Сепак, и понатаму стои тоа дека се пропуштаат важните поенти и се навредува со ад хоминем реплики. Не е ништо импресивно во раѓање нов живот, помирете се со тоа. Само претставува една биолошка должност во низата. Како тоа сите над 30 ултимативно станаа родители, и зошто во европските земји не се случува тоа така често како овде, сте се запрашале? Луѓето на тие години се остваруваат, патуваат, ,,лудуваат" и сеуште имаат желба за живот надвор од ваквите пранги, а овде? Овде се групираат и плукаат како да си рекол детето дека им е виновно. Тригираност до максимум. Точно. Но, зошто да биде вака? Зошто изборот на секоја жена после триесеттата година од животот најдоцна е проткаена со амбицијата да се оствари во улога на мајка, дури и денес кога тоа не е неопходно. Сите знаеме дека земјата брои нешто повеќе од седум билиони жители, сериозно мислите дека репродукцијата е сеуште продуктивна и неопходна за нас како индивидуи и генерално за нашата планета? За чиј ќејф..
Мамички да не велат "дур не родиш џабе ти е", јас ќе му се плеткам во темите. Можи се плашам да родам ама сакам деца, јас сум мамичка во тренинг. Особено со храните за бебиња, со та тема желудникот си ги лечам кога ми е воспален. Ама после секогаш некоја мава со тоа, дур не родиш не знајш и цел вајб за другите кул мамички го убива. Да има кул мамички, ама не тие кои велат "дур не родиш не знајш". Или "дур не родиш ќути". Зошто да, мислења се менуваат ама не сите ако се познаваш себеси. Јас знам дали и колку ќе ми влијае нешто како што сум знаела до сега. Така да... Поентата ми е... Мајчинството не е аргумент.
Ментaлитет, oпкружувaње, сирoмaштијa. Тoa е резултaтoт. Зa дa збoрувaш зa нештo другo, требa дa дoживееш нештo пoинaку oд кругoт дoмa и пријaтелите. Еднaш нa кaфе пoкрaј мoре вo Грцијa или шoпинг вo Сoлун немa дa ти oтвoри видици. Мoжеш и сo музикa, филм, книги, пoлитикa дa следиш, случувaњa вo свет, aмa и зa тoa требa дa си релaксирaн. Се' дa ти е нaреденo зa дa гo пуштиш мoзoкoт нa слoбoдa. Пa и друштвo тaквo, пријaтели кoи не зaмaрaaт пoстoјaнo сo дoмaшни прoблеми зaтoa штo ги немaaт. Немaaт свекрвa, немaaт мoбинг нa рaбoтa, не се зaмaрaaт зa ручек зaтoa штo гoтвaт кoгa им е ќеиф, не им е oбврскa. Не се oпседнувaaт сo децaтa зaтoa штo имaaт и други интереси. Кул луѓе. Кoлку кул мoже дa oстaне прoсечен чoвек вo брaк и oбврски секoјдневни вo Севернa...не знaм.
@Nigredo Odor секој си одлучува за себе, ако ти не сакаш семејство и деца, некоја друга сака и убаво и' е. Не можеш ти да смениш нечиј поглед на свет, не можеш да му кажеш на друг што (треба) да сака и да прави. Сите си имаме свој живот, зошто мешање во туѓиот? Не, ако некоја е мајка не значи дека за неа животот завршил, дека е глупа и жртва на патријархат. Стварно ви се чудам вас на некои членови што очајно ви смета бракот и мајчинството.
Не сме сите , еве во Декември полнам 34 години, а се осеќам ко 24 Од моја гладна точка, уште ко се зачленив на фемина прв впечаток ми беше форумот е наменет за женски проблеми, интима, деца, мајчинство и фамилија. Тоа ми беше јасно уште на почеток, а бидејќи не се пронаоѓам во тие сфери, фино лепо си почнав да се бутам во темите за магии , за швалерај (отворен брак ) а посебно темата Сакам да кажам , обавезно ја читам таа тема , така да другото ич не сум во тек што муабети се вртат , некако не покажувам интерес да пишувам во другите теми. Така да мој совет ; читај си теми што тебе ти се интересни, еве пример забутај се во религија или политика, таму би требало да биде динамично со коментари. Ела да те гушнам сега
Реално, секој може да си пишува што сака, исто како што секој може да си чита што сака. Јас мамички избегнувам и на форумов и во вистински живот. Едноставно ми се досадни и немам што да разговарам со нив , ниту пак тие со мене. Не можеш ништо да кажеш, ни да се пофалиш ни да се пожалиш, без да те прекинат со фамозната фраза "еј ништо не е тоа, да видиш како е дете кога ќе имаш". Муабетите им се сведуваат на ние денес папавме, па нанкавме, па какавме. Во ред е тоа што детето им станало центар на универзумот, ама тоа не значи дека и мене или на било кој друг нивното дете му е центар на светот. За среќа повеќето ја надминуваат оваа фаза за неколку години, ама некои остануваат во неа цел живот. Тоа се истите оние свекрви кои и после 30 години не успеале да си најдат некој интерес или занимација во животот па се уште синчето (сега веќе возрасен маж) им е опсесија во животот и кои се вашата ноќна мора и причина за многу брачни проблеми па и разводи. Има еден куп форумски мамички за кои би можела да се кладам дека ќе станат такви.
А зошто упорно ви пречат мајките на форумов и ви бодат очи? Не можеме сите да бидеме исти, со исти соништа. Убавината е во разноликоста. Едноставно ако сме ви досадни, нашите мислења и размислувања не ви се допаѓаат едноставно игнор на сите нас мајки и сопруги, вработени/невработени, успешни и помалку успешни. И тие теми слободно не ги приметувајте дека постојат. Едно си кога си сам, друго е кога си фамилија. Колку и да се занесуваме и фантазираме дека ќе останеме исти, сепак помалку или повеќе се менуваме, сакале ние или не, признале или не. Деца сами не се гледаат. Куќа исто. Шетаме колку што можеме, живееме со полн здив и уживаме во животот. Да, замислете живееме и се забавуваме! Има живот и во брак и кога ќе добиеш дете има живот. Се зависи од нас самите како ќе го живееме. Можеби некој успева и повеќе да шета и повеќе да се забавува...секој со своето. Ама дека 365 дена ќе патуваш и дека ќе се журкаш, а притоа си сопруга, мајка, вработена некаде или домаќинка....мало сутра.
Делумно сме сами одговорни за сето наведено. Пасивни и незаинтересирани. Помирени со просечна плата од 200-300 евра кои ги броиме и планираме за да стасаат до крај на месецот. Не може многу напредок да се очекува од девојка вработена на каса во маркет на пример. Не може од неа да се очекува да го шета светот. Таа може да има IQ 200, но што ако кога е финансиски ограничена, а дома и вршат притисок со коментари ,,работичка си најде, сега на ред се дечиња хе - хе". Тоа е толку тажно, зошто малтене сите сме минале низ истиот третман во нашата вукојебина. Сепак, тоа и понатаму никако не значи дека е спречена да се бори за себе, да чита, и да оди на мастер студии доколку нејзините родители имаат заштеда на евра во банка од времето. Не значи дека таа истата касиерка не треба да ги чита Лајбниц или да гледа документарци за новите достигнувања во сферата на науката. Тоа е тоа остварување и надоградување за кое зборувам, таа мудрост стекната на интелектуален план. И го споменувам сето ова затоа што мајка на две - три деца во тие години физички нема можност а ниту време за овие ,,луксузи". Менувањето пелени, одењето на работа и партнерските обврски го спречуваат човековиот развој и ограничуваат креативните капацитети кои треба да се приоритетни на секој еден човек. Мислам дека токму горе наведениот mindset e клучен за да било кој индивидуално и постепено се оствари на индивидуален план. Сосем доволно за да рече не на бракот во рани години, и доволно за да стекне амбиција, мудрост и знаење за да оствари повисок доход еден ден за патување низ светот. Секогаш постои начин. Ова со патувањето намерно го споменувам, зошто тоа е сечија амбиција Бриџит. Кој млад човек сака да остане овде? Сите сакаме да ги рашириме крилјата и видиме хоризонтите на светот, но наместо тоа потклекнуваме како прваче пред учење азбука, со наведната глава, покорност и слепа огласност дека бракот и децата се неминовна фаза од животот, а не се. Мора да се омажиш и имаш деца до триесеттите години вели овдешниот менталитет, и тоа пречи. Инфериорноста, игнорантноста и инатот дека јадеш семки на празно и пробуваш да измислиш топла вода, додека во суштина само пробуваш да бидеш реален и посакуваш подобра универзална иднина за себе и за сите.
Нема разноликост. Сите жени и мажи откако ќе ја прегазат дваесет и шестата година инстантно ,,добиваат" желба за семејство и брак. Што ради притисокот од дома, што ради тоа што нивните другари веќе стапиле во брак. Индивидуалност и разнобојност фали, ете токму тоа е и проблемот.