Како се контрирам??? Баш јас велам секој треба да си прави како што си замислил, тоа што си ме цитирала се зборови на Нигредо.
Повеќето од мајките на форумов викаат дека ние кои немаме деца,а можеби и не сакаме да имаме,дека ништо не знаеме затоа што не сме мајки.Ќе видиш кога ќе родиш,дур тогаш ќе знаеш,велат. Дај сфатете дека вашиот избор не ни смета,туку ни смета вашето осудување на нас. Раѓањето дете не е највисокото достигнување во животот за секоја жена. @RainBow префрли мислења.
Па да, за деца ништо не знаете. И? Повеќето од форумов гз не ги боли дали ќе родиш. Веруј ми. Ќе да мувата на капата си ја имате.
За некои теми тоа е реалноста. Не можеш да знаеш додека не искусиш. Тоа е исто ко да раскажуваш за Кина од тоа што си го прочитал на нет, а никогаш не си ја видел во живо. Личното восприемање на работите е она најобјективно, можеби мислењето ти е исправно, ама друго е кога ќе бидеш понесена и од емоции и кога ќе треба да се покажеш на дело, вака е сувопарно.
Ова. Поточно и пореално напишано од ова мислам дека не може да биде. Зошто форумот не е активен? Па луѓе, имајќи теми како +/- 40 и ФМЌ каде што е „безбедно“, другите теми замреа. Со тоа што има и една голема разлика помеѓу горенапишаните теми за која сметам дека Реин треба да се погрижи. Во ФМЌ многу повеќе се почитуваа правилата дека таа тема е отворена за дискусии од секојдневие, но гледајќи дека во +/- 40 се прошируваат дискусии за кои веќе постојат теми и ние веќе почнавме да ја користиме ФМЌ за пишување за сешто. Другите теми си спијат. Друго, ќе се согласам дека најактивни се мајчинските теми, што не ми пречи, но не ми се ниту интересни за дискусија со исклучок на неколку, како на пример Психичко/физичко насилство врз децата, за кои имам многу што да кажувам, но повторно знам дека постои голема веројатност да бидам избркана од истите поради тоа што не сум родител. Е тоа пречи. Секоја чест на неколкуте мајки од форумов кои не не' сметаат нас младите за глупави само затоа што не сме родители. Тука ги вбројувам Реин, Вајлд, Иви, Симонка, Анат, Енчантед и уште неколку други. Друго што пречи е модерирањето на повеќето од тимот во поглед на машките членови. Се прашувам дали знаете дека не е во ред, но замижувате или пак воопшто не сте свесни дека 90% од момците со нивните ставови навредуваат девојки и жени а воедно не враќаат во периодот п.н.е.? Заради ваквите, се повлекуваат и оние квалитетните машки членови. Размислете дали сакате да ги задржите првиве.
Јас сум сигурна дека за голем дел од работите мора да искусиме, ама дека имаме генерална слика за нештата - имаме. А, дека мене некои ставови, пример „абортус“ (ова пример оти таму ми се фрли фразава) ќе ми се смени ко ќе имам дете - нема да ми се смени. Почитувам избори на луѓе кои не загрозуваат благосостојба моја или на некој друг човек. Се додека јас имам право да изберам дали бебето ќе го абортирам и ќе го зачувам, сметам дека секоја треба и то мислење нема да ми се смени кога ќе бидам мајка. И други вакви ставови. Као и во темата за хипотетички геј деца. Ангел е во право, секоја жена е приказна за себе и треба или не треба да се исполни како мајка тогаш кога мисли и ако мисли. И ако јас држам бебе в раце не значи дека и ова мислење ќе се смени. Мајчинството не е аргумент и не треба да се користи како таков. Кога пишиме во тема и збораме како луѓе, можиме комотно да најдиме аргументи, а не само да го најдиме „лесниот“ пат надвор од дискусија. „Кога ќе станиш мајка - ќе видиш“ е лесниот пат надвор од дискусија.
Цело време ова го повторувате како расипани ленти сте. А никој не го искоментирал ова од мајките. Сите си имаме различни приоритети во животот. Па и не раѓањето на деца не е највисоко достигнување во животот на секоја жена. А најсмешно ми е што истите што толку се вознемирени од тоа "роди па ќе видиш", во темата паради на гордоста го употребуваа "имаш син, ако биде геј ќе видиш дали така ќе размислуваш"...
Ама,ние не се мешаме во теми за пелени,кашички и температури. Коментираме за абортус,тантруми и ќотек,теми во кои можеме да ги искажеме своите мислења иако не сме мајки.Понекогаш некои мајки кукаат од своите деца,а да ги почитуваат нашите мислења ќе можат да сфатат што се случува со нивните деца. Поентата е дека ако сакате почит кон вашето мајчинство,треба и вие мајките да имате почит кон нас и нашето поинакво гледиште.
Сега ќе ти кажам, јас се запрепастив од лично свое мислење пред 9 години на темата ќотекот како воспитна мерка. Зашто тоа не е ниту малку приближно до она кое сега како родител го мислам. Ете затоа велиме ќе видите откако ќе родите, зашто лично ние самите сме си смениле гледишта за многу работи откако сме станале родители.
И министер да станам пак Мајчинството ќе го сметам за најголемо достигнување, и? Уште да можам се што сакам да му обезбедам и пружам(не се мисли само на материјслното). Има теми низ кои навистина мора да имате лично искуство а не гледање од страна па да сме компетентни за совет, а за свое мислење? Секој има право да мид сли што сака, се дур не се труди од петни жили да докаже дека само тој исправно размислува..
Јас не зборам за ограничени луѓе, ним не можеш со сила да им даваш памет, зборам за луѓе кои се отворени да научат нови работи, да прочитаат нешто околу психологијата и воспитувањето на децата, зашто не е срамота да смениш мислење со тек на време, срамота е упорно да одиш со глава во ѕид дека ти се најпаметен само за да си го задржиш првобитниот став. Се надевам ќе се префрлат мислењата, ептен оффтопик отидовме.
Не, муабетот започна при на некој му беше досадно и реши да цитира две недели стари мислења за да се најде во муабет
Од друга страна ако на младите членки од 20-25 им сметаат родителски и мајчински теми , зошто не отварате теми на кои би сакале да дискутирате? Второ прашање, зошто во група едни те исти пишувате?! Каде е вашата индивидуалност кога и на секоја тема се групирате до толку да точно знам однапред кој се ке се појави на темата.
Епа, остај не нас што мислиме дека дете не е најголемо достигнување туку други приоритети. На крај сама си кажа дека секој има право да мисли што сака. 30 имам, на дете не ни помислувам. И?
Ангел, на форум зстоа стојат постовите од само постоење. Не бев приметила дека си волку негативен лик. Сега па има дискусија па друго ти смета. Беше пишала дека си замина на друг форум, ако ништо друго бар еве се врати. БУБАЧЕ никој од мајките не се пожали на постоењето на форумот на ликови кои не се родители, џабе вадиш од контекст цитиран пост, кој воопшто не си го сфатила. Богами и не е прв пат.
А да не ти беше тебе досадно случајно па се пожали дека нема што да се дискутира? Абе ич себеси не се гледате, само другите на мета.