Разбранет форумов бар на некој час, добро е, малце ви требало И пак темава успеавте да ја отерате у правец вие и вашите деца, неминовно е тоа, али не ми е гајле стварно. Не ми беше тоа поентата на првичниот пост. Апсолутно никој не ме негираше дека форумов е станат Женски домаќински муабети vol.2 и тука е јасно се. Од урбана платформа до тука.
И нa 40 дa си немaженa мoже пaк дa тупиш сo дoсaдни муaбети, не сте кул сaмo зaтoa штo сте немaжени и без децa нa 30 и читaте нa нет зa се и сештo oти пoвеќе слoбoднo време имaте пa пoзнaвaњaтa ви се нaлку прoширени.И тoa не сите, гoлем дел се пред тв сo турски серии. Oти вие сo пoслoбoднo време пaк не дискутирaте зa книги, дoкументaрци, зa нoвини и чудa вo светoт...зoштo стaлнo oкoлу теми -децa и нивнo вoспитувaње, психички прoблеми, хoмoсексуaлнoст, aбoртус, мaлoгрaѓaнски прoблеми...пa oвие теми тoлку се исцрпени штo веќе дoсaднo стaнувa. Дaјте нештo нoвo, зoштo вaшиoт ум не oди пoдaлеку пa дa дoбие фoрумoт еден нoв дух?
Тоа ќе го дознаеш само ако застанеш и на другата страна. До тогаш нема да знаеш дали ќе ти се смени мислењето или не. Можеш да имаш мислење за тантруми, никој мислењето не ти го брани. Ама ако подржуваш ќотек, и сто деца имај пак ќе си нападната.
Шти сфати бе Бубаче? Дека мене ми смета доколку некој има различно размислување од моето, со тоа што смета дека мајчинството не му е најголемо достигнување? Или дека сметам дека се грешка? Ти реков јас дека немаш сфатено.
Интересна трансформација. Ова баш ти го имам запамтено што го имаш пишано. Значи можело да се смени мислење. Само, кога од сакање деца ќе се премине на несакање, тоа одма значи некакво просветлување, а кога од несакање деца ќе се премине на сакање, тоа е трагедија.
Па незнам дали е исто од двете страни,доминираат мајчински теми што значи дека другата страна ги отвара. А никому не би сметале теми кои ги засегаат младите,ама тие самите не се заинтересирани да отвараат теми. Од друга страна има побуна за многу мајчински теми,па секој од нас е дел од форумот, нека отвори. Еве ги интересира одење во странство, вработување надвор,тема за тоа не отвориле,ама најинтересно е групно да им се пишува на младиве мајки дека тоа им било врвно достигнување да родат дете. За млад човек со проширени видици малку е несоодветна таа реторика.
Групирањето од двете страни. Кога доаѓа до така наречено "бранење' една до друга кое го спомна погоре. Зс другото се согласувам. @lovestoneddd А зошто е фемина таканаречен женски форум?
A што е лошото или што е тоа што на некого му е трн во око доколку на некого мајчинството му е најголемо достигнување? Еве, мене, јавно кажувам дека мајчинството ми е најголемо достигнување. Предизвиците со кои се соочува, и во позитивна и во негативна смисла, не се споредливи со апсолутно никој професионален, образовен или било каков вид на предизвик кој јас сум го имала предходно. Енергијата која ми е потребна за да го постигнам овој баланс го вади најдоброто од мене и не е ниту приближно до сето она со кое предходно се соочував. Ниту осудувам ниту имам негативно мислење за оние кои не се родители, од кои и да е за нив познати причини, ниту пак мислам дека на секој треба мајчинството да е најголемо достигнување или пак воопшто дека секој треба да се оствари како родител. Посакувам само секој да е среќен со сопствените одлуки и неговата престава за среќа да е исполнета. Ништо повеќе. Почитувам, сфаќам, разбирам....различни ставови од мојот, различни очекувања од животот и различни и престави за среќа. Ама еве, друг мисли дека само неговото е точно, туѓите се погрешни... За крај. Бујрум, во другите теми, кога веќе ние сме се повлекле од истите и пишуваме за бебешки работи, активирајте ги. Нема потреба никој ниту гајле да ми бере ниту да не сожалува а најмалку да се бори за моите права.
Тоа сум го пишала во афект, така ми дошло во моментот. Тоа не значи веднаш ќе идам да се мажам со некој од улица, туку така е тоа. А каде прочита дека мразам деца? Едно е да не сакаш да имаш, а друго е воопшто да не сакаш дете. Ја сакам деца, чувам внуци ама за мое ќе си почекам. И не, не си го запимнила си копала по мислења колку да му тупнеш на членот демек еве што како... најјако.
Уф, низок удар. Да ти цитаирам мислења од темата "Дали сум бремана" чинам беше? Таму претежно млади, "прогресивни" не затупени од мајчинството пишуваат. Ќе се мериме во глупоќа?
Знаеш дека у дно држава живееш кога на младите приоритет им е да вреѓаат на форум неголи да дискутираат нешто продуктивно. Зборете ми истиве вие за Европа. Да се посмеам уште малце.
Не ме дркај ти се молам. Едноставно ти беше безобразно мислењето, ако мислеше дека ќе ти преќутам си се заебала. И она, повод за клановски групирања и ширење омраза кон една или друга група на жени ти беше. Очи ќе си извадите за глупост. Жена против жена... Бог да чува... Еве ти подоле, сосема неповикани други што се најдоа да ми кажуваат што требало или не требало и како требало. @Bitter-Sweet олади, м?
Против насилство сум.И викањето по детето и удирањето по задникот се форми на насилство. Јас и некои други членки со мислење исто како моето бевме критикувани затоа што рековме дека и најблагиот удар може психички да го поремети детето.И сите не беа разумни критики. Веќе спомнав во една тема дека познавам луѓе кои од рана младост одлучиле дека не сакаат да имаат деца.Сега се стари и не им е жал за нивните одлуки. Јас признавам дека можеби во иднина ќе се премислам и ќе имам деца,па ќе барам совети во мајчинскине теми.Но,постојат луѓе кои се милион посто сигурни дека никогаш нема да имаат деца и тоа треба да се почитува.
Не, не, бараше дискусија, нема ладење сега. Викаш очи ќе си изваделе, жена против жена, а како вие вака жени се собравте да се жалите дека форумов станал досаден и се претворил во домаќински муабети? Пак и вие протов жените сте, против мајки, против домаќинки кои тоа станале оти тоа си сакале. Нели либерте бевте, почитување на сечиј избор се' додека тоа не им штети на другите? Како нечие мајчинство тебе ти штети па толку засегната се најде? Колку сте контрадикторни, смешно е. Ајде сега, почни со лични навреди, како што и секогаш правиш.