1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прашање за форумот?

Дискусија во 'За форумот' започната од Snow-Queen, 7 јануари 2012.

  1. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Е добро де и шо?
    Ќе плачеш по теми зашо така ти рекле?
    Де бе толку ли сте лабилни што и на форум сте жртви и се жалите кој што ви рекол?
    А во очи некој да ти рече такво нешто болна ли ќе легнеш!?
    Кај ви е карактерот бе луѓе...
    И да имаш и да немаш деца сеедно. Сфати го тоа. Само тебе животот ти се менува ако родиш. Мене не. На форумов не.
     
    На AnnabelLee, cresa-jagoda, Alita и 3 други им се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.653
    Допаѓања:
    116.443
    Пол:
    Женски
    Па,тоа и зборам,дека е индивидуално.
    Јас се осеќам вака,ти онака,трета членка поинаку.Различни сме.И разликите треба да се почитуваат.
     
    На Alita, Tajnaotrovna и buba4e89 им се допаѓа ова.
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Јас немам деца ама имам 36 години и газот не ми држи више уопште, за да висам по многу на форумот и читам страници и страници дискусии со кои јас завршив во 2011., кога дојдов на форумот. Јас, пример, ги сакам тие дискусии, тие членови :) ама, како и јас, така и тие...не сме веќе истите луѓе. Имаме куп други приоритети. И, макар што не сите сме со деца па светот ради нив ни се променил, ние сме променети и не ни се интересни работите кои 20 годишни им се интересни. Јас не сум истиот човек со оној на 27. Таа не е иста со онаа на 30, или онаа на 34..уште помалку со оваа. Пошто на сите тие возрасти јас и сите луѓе сме доживувале работи кои не изместиле. Да сум бремена ќе одам у тема за бремени. После за мајки, за свекрви... Затоа и сум сега у 40ка, а во 2011. не ќе ми бееше местото таму. И макар што не се ни "фитнувам" во стереотипот и она "какви се/кои се" ликовите таму. Сеедно. Се' што сакам да пишам е за денешниот ден. И толку. Шо да ви речеме, дубоко извинење шо не сме веќе кул:)))
     
    На Annath, TeddyGrey, dayla и 13 други им се допаѓа ова.
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    :D Џони пишал во ваша *одбрана*, дека сте на многу повисоко ниво и поинтелигентни вие на форумот од оние на фб групите (што и јас се согласувам, барем од темите што ги имам читано не верувам дека има такви бруки), а ти си го сфатила тоа како навреда и го напаѓаш? Дали добро сфатив?
    Доказ дека добар дел од мајките тука се токму вистинските „осетливи снегулки“ (како што се вели обично за младината). Ни шала се сфаќа, ни бутур. Колку сакате лутете се, тоа е реалноста.
     
    Последна измена: 24 август 2019
    На Ena05, lovestoneddd и Alisa22 им се допаѓа ова.
  5. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Леле лелелел лелел..
    Јас? Мајка?
    Вакви изрази ми е страм да читам. :D:D:D

    Едвај чекам да минат пет шест години и да и се навратиме на темава.
    Ама да си останете со исти никови, важи?
     
    На Bitter-Sweet и mal.ecka им се допаѓа ова.
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.387
    Допаѓања:
    34.203
    Пол:
    Женски
    Леле, ај нека ти биде. Посебни снегулки? Пффф :D Кој почна да плаче?
     
    На LiliBoz, ocicka2014, zuto и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Си ме смешала со некој. Нити имам нешто против мајките, нити против нечиј избор. Чукаш на погрешна врата. Не ми го мешај индивидуалното мислење со некој колектив на кој мислиш дека припаѓам. Чекам да видам кај сум почнала со лични навреди.
     
    На CameliaMiller, tessie, dayla и 2 други им се допаѓа ова.
  8. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.180
    Допаѓања:
    57.670
    Пол:
    Женски
    Jaс конкретно мислам оти теми за мајчинство, за фамилија, а особено за бременост се и те како потребни. Гледам многу од девојките си разменуваат искуства, а и некако ми се чини го има тој calming ефект кога ќе прочиташ дека и на друга жена и се случило тоа, а и секако дека тука ќе се најде некој да ти објасни за мукозни чепови, без при тоа да те гледа како од Марс паднат. Па и темите за дечињата, верувам дека на мајките е ќеф да си покажат како си ги дотерале децата. Искрено не мислам оти треба тие теми да замрат, туку баш треба да си стојат, форумот е платформа каде првенствено може да се едуцира жена. Дури имам видено и да се испаничат некои во бременост, па има феминки одма ќе смират ситуација.

    Се е тоа ок. Знаете ли што не е ок? Кога девојка како Херера (извини што те земам за пример) ќе напише мислење во СДК дека детето од сестрата ќе го посети некој нареден ден и при тоа да следуваат лавина од коментари дека треба психијатар да посети ако нема мајчински инстинкт, дека нешто не е во ред со паметот ако деца не ти разбудуваат емоции. Е тоа, тука го добива тој ЖДМ момент, кој искрено не е пријатен за око.
    Не, не е убаво да пише тоа некому, особено затоа што верувајте ги има многу девојки кои го немаат тој инстинкт. И сега ти доаѓаат отровни стрели дека си ненормален, а со тоа секоја млада девојка што уште не знае дали сака деца или не автоматски добива претстава дека светот ја гледа како бездетен пореметен човек ако не се репродуцира.

    Сум го рекла неколку пати тоа, ќе го пишам и тука. Се е убаво ако сакате фамилијарен живот, многу дечиња и внуци. Не е убаво ако на девојки кои не го сакаат тоа им го наметнувате тоа, не директно, ама со такви "одоколу" коментари е уште покорозивно.

    Да не идам скроз офтопик, порака до администраторите да направат некој потег со кој ќе си привлекуваат и млада популација. Има фото натпревари, имаше на времето музички и филмски предизвици, рецензии и слично, обратете тука внимание. И внимавајте во кои теми може да се "меша" фамилијата како аргумент. Пошто вака карамбол е искрено.
     
    На CameliaMiller, Lella, sparklie и 27 други им се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.387
    Допаѓања:
    34.203
    Пол:
    Женски
    Ќе се сложам со се што кажа. Само ќе додадам дека исто не е убаво кога летаат навреди како: ако си мајка си проста, досадна, за жалење и сл. Секој има различни цели и приоритети во различни фази од животот. Толку е просто.
     
    На CameliaMiller, Purplelilac, zhap4e и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.140
    Допаѓања:
    76.530
    Пол:
    Женски
    Епа ако сум те помешала, тогаш сори, има такви муабети кои ти памтам, може и сум грешка. Супер ако немаш ништо против. А за личните навреди, да не се правиме сега нисам одавде. :D Или можда не си свесна што се' е навреда. :?: Нема везе, кога ќе употребиш следен пат, ќе те потсетам. Можеби. Ако приметам, оти слабо стојам со слободно време.
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Само што никаде такви навреди не летаат. Од никого. Тоа е само вашето извртување зборови.
     
    На Lella, Sejfullai, Purplelilac и 7 други им се допаѓа ова.
  12. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.180
    Допаѓања:
    57.670
    Пол:
    Женски
    Апослутно не сте разбрале што сака @Nigredo Odor да каже. Она, јас, како и многу други девојки што сме тука сакаат да кажат дека форумов треба да понуди прифаќање на секоја девојка која општо не се вклопува во тој "класичен" начин на живот. Не дека е погрешно, но смета дека животот има многу да понуди освен семејство. Од тие работи што она ги напиша, јас сакам да пробам многу. Е сега проблемот настанува што нажалост е кај нас такво општество што се форсира семејство и брак, односно традиционални вредности. И замисли дека може да има катче кое се вика фемина (а феминизмот е едно од најубавите работи што се случиле на светов), катче кое нуди некои нови такви хоризонти, прифаќање од скршнување на таа традиционална конструкција, да се пишува тука и одеднаш пак истите муабети кои ги слушаш насекаде. Колку пати пак сум прочитала ако некоја дека сака да шета дека треба да се заузда и да роди, дека некоја ако сака отворен брак дека е најлош збор што може да се слушне за жена итн итн. Кога се случи членка да бара помош за Норлево, лавина коментари следуваа "што бараше да се ебеш за една вечер", "сама си си крива" и слично. Е тоа е тоа Ана, што не се бришат такви коментари и форумов не е безбеден за некој кој не се вклопува во традиционалната рамка.

    И на Одор и е мака што се трујаат девојчињата уште од малечки дека само тоа е правилно, дека само така треба, дека поинаку е погрешно, извитоперено и неприродно. Што форумот не нуди нешто со кое треба тоа да се промени, а пак ќе повторам фемина се вика. Сум зборела и со неа за темава, многу различен поглед имаме на феминизмот, она смета како што се изјасни претходно, јас сметам дека не секоја жена сака да патува во 30ти, да шета, да се фокусира само на кариера и слично. Дека некои жени си сакаат уште од млади брак и нека си се. Барем јас тоа се трудам да промовирам тука, acceptance. Ако некаде грешам, сакам да ми се каже.

    Ама дека ќе ви дојдеме во теми да ви викаме што сте останале бремени, што сте се мажеле млади, што сте раѓале, што сеа кукате дека смрдат чорапи низ куќа а сте се расплодиле... Никогаш.
     
    На CameliaMiller, buba4e89, KuklickaSk и 14 други им се допаѓа ова.
  13. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    Од девојки не сум добила навреди, додека од мајки (смајли што се крсти).
    Мајка сум ама мајчинските теми не ги читам. Зошто? Затоа што освен докажување и навреди друго не сум видела (а и тон неточни работи и совети кои дури можат да одмогнат или да бидат и опасност за дете). Ова од времето кога одлучив да не читам веќе таму а да пишам само кога стварно ми треба совет.
    Мене што сум мајка ми е досаден моментот -Не си мајка, не знаеш како е или збори кога ќе родиш инаку ништо не знаеш. Иритира знаете? Мене лично многу пати ми има помогнато девојка или жена што се уште не е мајка. Има жени и девојки кои се докторки, забарки, психолози, педагози, работат во образование, не се мајки а имаат далеку поголемо познавање од многу што имаат деца.
    Мајка сум па има тон работи што не сум ги знаела и се уште не ги знам.
    Се случило да пишувам за музика, филмови и работи кои ме релаксираат а не за манџата што сум ја сварила попладнето и гомцата што сум му ги видела на детето па ме направија немајка, не сум готвела, друг ми готвел и ми чувал деца, само у секс ми било паметот и ред други глупости.
    Безобразни и затуцани мислења и навреди еден тон. А и ако не се докажеш на форум дека готвиш, чистиш и чуваш деца, автоматски си немајка и недомаќинка.
    И после си оделе членови, темите се неактивни, досадно било. Зборете ми за тоа.
     
    На CameliaMiller, Lella, tessie и 22 други им се допаѓа ова.
  14. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.176
    Пол:
    Женски
    А ние така ли сме се омажиле со некој од улица, туку така само оти сакаме да створиме фамилија? :)
     
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.140
    Допаѓања:
    76.530
    Пол:
    Женски
    Не, кога велам сум запамтила, значи сум запамтила. Како инаку ќе ти го најдев коментаров, како ќе копав низ мислењата кога ова е лани пишано? И никаде не го спомнав зборот мразење, не туку ми ставај зборови ненапишани. Не пишав ниту дека треба да се мажиш со некој од улица. Само цитирав за споредба, ако не ти е јасно каква и зошто, прочитај пак.
     
    На galapce, ocicka2014 и zuto им се допаѓа ова.
  16. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.643
    Допаѓања:
    52.600
    Пол:
    Женски
    Повеќето од она што сакав да го кажам го кажаа Кате и Одор.

    Факт е дека во нашево општество ако скршниш од традиционалната шема те сметаат за ненормален, обратен, за на психијатар (со навредлива конотација) и сл..
    Еве досега јас никогаш од никој немам слушнато на мајки да им се обраќа со „заостаната“, „проста“ „што си барала да раѓаш па сега се жалиш“ и слично, ама обратното, т.е. навреди од мајките кон оние кои не се мајки еден куп. Незрели, дечишта, ништо не си постигнала во животот ако не го пренесиш својот генетски материјал. Не си видела вистинска мака ако немаш родено. Дека таа била клучната улога на жената и се друго било споредно. За сите. Да, во животов имам налетувано на доста вакви размислувања. Како жени имаат зборувано за други постари жени кои од разни причини не се оствариле како мајки колку се безвредни и никакви.
    Две млади девојки од моето старо друштво се мајки. Поточно едната е бремена во моментов, има 21 година. Другата на 17 роди. Од такт ме вадат кога ќе ми се закачат дека ми било мене време да се мажам и да раѓам (а 22 год сум). Едната дури ми вели, ќе видиш в година ова време ќе се сетиш на овој муабет. What the actual f*ck? Според нив, тие успеале во животот и сега сите други што не се остварени како родители се подолу од нив. Ама за нивна жал и за моја среќа, во следните години не планирам да раѓам и имам партнер со кој го делиме истиот став. А, и деца не ми се омилени, не чувствувам милина кога ќе видам бебе/дете. :)

    Не е проблемот во тоа да се омажиш и да родиш. Проблемот е кога тоа се наметнува како најголемо достигнување за сите. Секоја чест за мајките исклучоци кои не размислуваат вака, кои се интересираат и знаат да направат муабет и за други работи покрај нивното дете/деца.

    На крај, секој нека си прави како му е најубаво се додека не понижува некој друг што избрал поинаков начин на живот од неговиот.
     
    Последна измена: 24 август 2019
    На CameliaMiller, Lella, Sejfullai и 12 други им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Јас немам намера на вакви прашање да ти одговорам, ти си знаеш кај си го нашла. Ти си го бирала.
     
    На Alisa22 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Така изгледаше твоето.
    Така да, ако не ти е јасно препрочитај се.
     
  19. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.849
    Допаѓања:
    4.820
    Пол:
    Женски
    Јас се остварив како МАЈКА и сум СОВРШЕНА.И омилени теми ми се за семејство,бременост,мајчински муабети и све што има врска со љубов,кашички,мрсули,какушки....И многу совети ми помогнаа од моите драги феминки....научив и учам од нив...Ве:hug:
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Одамна зборевме дека фали тема за околу 30ка, за луѓе со други "преукупации" .ФМЌ е за помлади уште средно и факс, муабетите со мамички се распостранети низ целиов форум. Македончето ако не се поделе, не не бива.
     
    На WildMk и eliesaab им се допаѓа ова.