Добар ден, среќен ден. Како ви успева да стаите анимации на профилна слика а сликата да не е замрзната?
Gif треба да е сликата што ќе ја ставиш ама имаш ограничување на големината. Тешко се наоѓаат gif-ови со таа големина. Само модераторите имаа привилегија да немаат ограничување на големината Јас имав една многу кул вештерка ама ми остана зачувана на стариот компјутер и сега веќе никаде ја нема шмрц
Па не е исто. Јас да го симнам твоето куче нема да можам да го поставам. Сум пробала со гифови од Сесил, така да, привилегирани сте може имате ограничување - ама е сепак поголемо.
320*180 ми е гифот - 2,05мб, така да не е голем за да е човек привилигиран.. Препорачливо е барем 200*200 да е аватарот ама да не е и премногу голем И јас не можев да го закачам, се додека не седнав на компјутер кој што имаше ептен добар интернет и се закачи за неколку секунди без проблем Ете ти го, симни го и пробај
Забораваш дека не сум тешнолошки неписмена. 50KB е ограничувањето за обичните корисници. Знам што зборам, сум го правела муабетот со Реинбоу и рекоа дека ќе разгледаат и ќе размислат за тоа. Нормално дека не разгледаа и не размислија
Модератор ќе ти објасни зошто ти е избришано,ама веројатно е поради тоа што беше оф топик.Таа тема не е за ВМРО-ДПМНЕ,туку за инволвираноста на Боки и Ката во Рекет.
Хммм, па последното мислење ми беше за темата, а таму има куп коментари надвор од темата Ај...нема везе. Нека си пишуваат сами со себе таму.
Сите на форумов се осудувате едни со други. Еве, јас сум мајка.. 'либерална', едуцирана (неформално) итн.. ама од 'ку*ва' подолу ме немаја некои слезено откако кажав за мојот отворен брак. Кој шо сака нека си пиши и чита, и не туку им се плеткајте на другите во нивниот живот. Некој ќе отвори тема: Сакам да абортирам, каде ми препорачувате да ја направам процедурата? - одма 8908890 мислења, за тоа дали е 'паметно' да абортира или не. Не ве праша дали да абортира, туку: Каде? И така...
Да ве прашам луѓе, дали и како има опција да не добивам известувања од форумов на email?? Ја исклучив опцијата да не добивам известувања преку email,ама повторно добивам. Help pleaseee
Ај пробај вака. Кликни на аватарот, па на приватност. Кај полето Сакам да добивам пораки од форумот, ќе го отштиклираш квадратчето.
Има ли некој жив од врвот. Да ги банира избриша исчисти тие кинеските спамери, ботови, кукли што и да се у кафе муаебти ?
Зошто на мене и на други членови ни се избришани мислењата во СДК и зошто се класифицирани како спам кога не беа тоа? Можевте да ги префрлите во соодветна тема. Има и други мислења кои се надоврзување на муабет,а не се избришани. Претерувате со тоа селективно бришење. Патем,спам е реклама објавена во темите на наш или на друг јазик,а не муабетот кој го избришавте.
Спамирањето беше започнато од еден специфичен член и тоа на неколку наврати, па сите чет муабети кои се разврзаа од него се отстранети. Да не заборавиме дека иако Сакам да кажам нема забрана за цитирање, сепак не е место за муабет. Ако има останато мислење што било дел од муабетот во СДК, те молам пријави го.
Мислам дека имаат норма, така имам сретнато некаде низ темите. Мораат да прибележат модераторска активност и на вашите мислења е рандом налетано.
Селективно е бришено,ако не е за муабет,тогаш во таа тема треба да се бришат и други мислења.Ако модератор видел едни,видел и други мислења. Вака прекршувате уставни права!
Го ругаат Кајгана форум,ама таму кога некој ќе му се пожали на администраторот дека има селективно бришење,тој реагира,а овде упорно се држат до селекција.