Сто пати штиклирам да ми стигнуваат известувања од тема 1 ден стигнуваат потоа ништо, пак штиклирам, пак исто
Ако е избришано мислењето кое следувало, тогаш нема известување. Така мислам, или тоа мислење или некое друго, но бришењето е причината што нема известување, и кај мене така било и вака ми објаснија.
Ако не го отвориш одма првото мислење (првото известување) што е пишано после твојата посета на темата, нема да ти стигнуваат мислења се додека не ја отвориш темата..
Искрено, и кај мене коа ке кликнам вика дека профилот не е достапен, значи ко да е баниран. Шо знам шо се пореметува форумов
@Dust Зошто немам известување за избришани мислења од новата тема? Ти си модератор во таа подкатегорија и не ти е првпат да не пушташ известување. Не заборавај дека модерирање не е само бришење на коментари за да си одбраниш другарки, модерирање е и да пуштиш известување со причини за бришење на мислењата. Воедно коментаров важи и за сите други модератори на форумов кои „забораваат“ да пратат известување за избришан коментар.
И на вас не ви е прв пат да се пуштите на модератор без да знаете дали модераторот избришал или Администраторот Не заборавај, да си член е привилегија, да си модератор е обврска.. за која не сме платени и не сме должни да трпиме навреди без причина.. За промена, можеше прво да прашаш кој ги избришал коментарите а после да нападнеш.. Јас секогаш пуштам известување. Пуштам известување дури и за сите затворени пријави. Воедно ова важи и за сите членови, не само за тебе. Прво прашајте кој ви го избришал коментарот а после плукајте. И сигурно @RainBow не го избришала од ќејф или затоа што бил онтопик..
Не се секирај, ќе почнаме да собираме пари по форумот за вашите плати, пошто да не сте вие со хуманитарни срца што бесплатно работите не знам што ќе беше со сите нас „Кај работам бесплатно па уште и ќе ве трпам" е така де, што народ ќе беше неблагодарен. Рeинбоу пошто е на платен список затоа помалку работи и не праќа известувања, се знае кој р'мба во фирма, доброволците
Не заборавај модератор е обврска за која никој не ви ставил пиштол на глава за да ја извршувате, туку самите сте се пријавиле свесни дека истата не носи никаков приход. Да си член е привилегија на форум каде не се бришат коментари од онака, што не е случај со овој форум. Исто така не е наша обврска постојано да прашуваме зошто ни се избришани мислења. Договорете се кој праќа известувања ако не сакате постојано да сте напаѓани.
Леле дечки, осеќам одговорност зошто јас бев таа што вчера ја пријави дискусијата дека тргнала во неповрат. Мислам, кога туѓото мислење се отфрла со аргумент „миленијалци“, знаеш дека тоа е тоа. Макар што, јас да сум модератор, уште неколку мислења би избришала од таа тема А за @Dust конкретно, секој пат ми има пуштано известување. И не само тоа, туку е и прилично ажурен модератор, од тоа што имам приметено. Keep up the good work
@Nausicaa Нема потреба да се чувствуваш виновно. И јас сум пријавувала дискусии кои излегувале од контрола. Само поентата ми беше да бидам известена, а не дека ми е проблем што мислењата ми се избришани. И онака како што и ти пиша нема поента да се дискутира со некој што ,,Миленијалци'' го употребува како контра аргумент.
Многу лесно можеш да се откажеш од функцијата, па така нема да имаш обврски и ќе бидеш дел од "привилегираните" Мислам... едно те исто постојано верглаш... некој со сила те тера да бидеш модератор?
Гледаш @Dust дека Пријателот сепак бил баниран? Ти како модератор, кога имаш нејаснотии, би требало да се обратиш кај Рејнбоу наместо на прашање на членовите кои немаат увид да одговараш со прашање.
Не знам дали е соодветна темава. Сакам да се најавам на друг телефон. Не го знам пасвордот.На e-mail адресата исто не знам пасворд. Како да се најавам? На овој телефон нема опција да се покаже пасвордот. Иста должина е како тој што знам дека ми е ама некаде грешам не знам каде.
Пробај со голема буква, на пример почетната, пошто за некој пасворд нели бара да се има голема буква. Можеби тоа е
Да не го пишуваш на кирилица по грешка, многу пати ми се има случено? Или може и тоа со голема буква да е...