Првите страни да, но потоа дефинитивно не. Да бидеме реални, чет муабети беа "еве пред телевизор" и слично.. Затоа и не се дозволуваат многу такви теми, поради чет муабетите што се неизбежни во тој тип на теми...
Кој одлучува да не се дозволуваат? И што треба да направиме за да ни се дозволи темата? Еве, ФМК сте дозволиле, па дозволете и темава! Толку ли е тешко? Зарем боли?
Со денови пишуваме одговори на прашања за интроверти,па темата е за интроверти. Прашањата си беа он топик.
Не сум ни надлежна во тие категории, ни па модерирам таму. Кажувам како изгледа од страна и зошто е всушност затворена. Едвај е дозволено ФМЌ и 40+/- да се отворени (не бев баш активна тој период, не бев ни модератор на форумов и не знам точно, но како што имам читано така било). Опфаќаат поголема група луѓе и веројатно затоа и се отворени тие 2. Ако се отворат за се вакви катчиња (во кои ќе има по 15-20 луѓе што се пронаоѓаат и дискутираат чет муабети) во другите теми воопшто не би ни се дискутирало нели. @RainBow ќе пресече на крај, како и да е.
Ако не се лажам и ти учествуваше без проблем во иста со додавање мемиња и чит-чат? До мене е или се работи за двоструки аршини?
Пред телевизор, пред лаптоп, па лаптопот на кревет/биро и слични вакви муабети ако не се чет, еве не знам што се
@INNERBEAUTY со 2-3 мислења да, ми се допадна идејата на темата, но не ми се допадна во кој правец продолжи да се одвива дискусијата. А и јасно беше дека кај и да е ќе се стави клуч на темата поради тие причини што од првичната намена целосно забега темата. Неврмајнд, реално ви кажувам како изгледа од страна и дека нема потреба да се буните.
Темата ќе умре ако остане на површен психолошки аспект и мемиња! Многу сме повеќе од тоа и се што сакаме е да ни се дозволи да ја водиме како виртуелен дневник! @RainBow ,зарем толку е тешко? Те молам во име на сите членови интроверти, консултирај се со членовите на тимот и дозволете ни да непречено ја водиме темата! Ако сте можеле други теми, можете и оваа! Сигурно секојдневно не добивате барање вакви па да ви штети нели?
@cresa-jagoda Дримке,Црешке,чет муабет е по 100 пати какво е времето денес и еј како би ја зашамарила онаа,а не прашање од типот како се справувате со стресот кога сте интроверт и како интроверт како го поминувате викендот.
@Dream-Girl твоите последни мислења се пред само неколку дена откако според вас веќе темата далеку забегала од својата првична употреба,за која и понатаму молчите и сте слаби со идеи како би изгледала според вас а повторувам да е активна и интересна за дискутирање?
Се што имам постирано се мемиња и на старт кога се дискутираше уште без чет муабети. Да се продолжеше со дискусија како на старт што беше, како се справуваме во ситуации, пред јавни настани, колку пријатели имаме и слично и по некое меме или статија што навистина не опишува карактерно нас интровертите. Нешто што навистина ја опфаќа психологијата на еден интроверт.
Па добро, може членката што го напишала тоа "пред телевизор" згрешила и можела да биде опомената и да се избрише тоа мислење е сосема океј. Ама да се заклучи цела тема поради некое мислење е апсурд.
Може до недоглед да се објаснуваме, @RainBow ќе ја пресуди судбината на темата. Дали ќе се отклучи, дали ќе се избришат офф топиците или пак целосно ќе се заклучи за дискусија. До тогаш не паничете, може ќе се отвори.
Поентата е што чет муабетите се површни муабети од типот : Еј, шо прајш? -Јадам, ти? Наздравје! - Ќе излегуваме вечер? Каде ќе одиме? - У Пм Ај ќе ти ѕвонам коа ќе излезам од дома ок? -Ок А што ќе носиш? -Гола ќе одам! Ти? Ја фејк кожа ќе стаам! Ок. -ок Додека, од друга страна, ние што правевме беше ова: -Добро вечер интровертчиња како сте вечерва? Како ви помина денот? Јас денес бев под многу притисок бла бла....... ДАЛИ ЈА ВООЧУВАТЕ РАЗЛИКАТА?