Сесре, џабе ќе се отвори чим ќе ни дишете на секое мислење. Бараме реформа. Бај д веј, врз база на кој член од кој статут на форумов е правилото за чет ? И врз база на што е одобрено некои теми да се ко "чет"?
А мене не ми е јасно шо ви треба у тема у Психологија отворена за реалните проблеми со кои се носат интровертите да собирате ефтини лајкови со тоа како ви поминал денот и што сте ручкале, коа тоа можете и у Сдк, Фмк или 40ка да пишете...
И без да ме скриншотираше и цитираше знам кај што сум пишала. Па последната страница испадна таква. Чет муабети и мемиња, веројатно затоа @cresa-jagoda ставила клуч. Доколку се постираа мемиња и се дискутираше ко на старт верувам дека немало да се заклучи. И реков дека не сум ни модератор таму, ни па ја затворив ја темата, но објаснив зошто е заклучена. Баравте објаснување, дадов објаснување од аспект како модератор ќе постапи и зошто така постапил.
@Gosh проблемот е што сеуште модераториве неможат да се договорат сами со себе кој правец би им одговарал за темата па нас да не известат да го испоштуваме
Луѓе, ни го скратувате правото на говор! Како што знам, и интернет просторот потпаѓа под Уставот на Р.М, доколку тоа не е поинаку уредено со правилник, статут, одредба и слично! Каде е правилото на кое се повикувате дека темата не смее да биде како виртуелен дневник ? Кој изиграва Бог?
Па темата си беше океј поставена, океј си идеше муабетот и одеднаш ко и у секоја друга тема на форумов почнаа да се мешаат баби и жаби... Нема потреба да се затвори темата ама нема потреба ни да се префрла у Кафе муабети, коа истите КАФЕ муабети моеш у 17 други теми да ги праиш. А на пример таму да си делите совети и да си зборите околу проблемите. Ко шо беше и на почетокот... Мене и онака ми е глупо шо постојат чет теми, ништо лично спрема вас. @1992g, океј е, смири малце доживљај...
@RainBow ,ајде даде, уште еднаш те замолуваме! Пресуди у наша корист доколку е оставено ова и не е регулирано со правен акт!
Не ми се верува дека стварно се испотепавте темата да се затвори бе Oh well, misery loves company Што е, се исплашивте дека има некои што најдоа позитива во темата? Тешки мизантропи еј. Смешни и патетични. Па уште скокаат тука да правдаат некои што се утепуваа пишувајќи таму Малце лицемерно не? И немојте со смешни неиздржани аргументи, оф топик вака така. Пола теми ви се полни со интерни шали и глупи муабети. Да не зборам дека другата половина ви се полни со омраза и препукувања. Таа е сликата што ја сакате за форумов? Кажете ми ве молам дали закажавте кафана вие што ја хејтавте темата да прославите? Да не ве мислам, зошто гледам темата единствен доживљај ви беше. Е така, уживајте сега во сопствената мизерија. А и ако сакате банирајте ме слободно. Јас сум изгледа една од малкуте тука на кои не им се битни бројот на мислења и бројот на лајкови. А и за форумот не ми е гајле искрено. Ај лека ноќ.
Со темите од типот на ФМЌ и 40ка, навистина сме поделени на "кланови" и кога ќе се пикниме во тие теми од таму оди па избркај не. И секако дека цел форум трпи поради тоа, иако од друга страна за нас кои сме активни по тие катчиња, ни доаѓа како виртуелен дневник и кафе-муабет за секојдневието, ама искрена да бидам, како што нас ни се даде тоа право, не требаше да им се ускрати и на Интровертите, бидејќи и тие имаат право на свое катче каде од психолошки аспект би споделувале секојдневни искуства, совети и слично. И најглавното, арно интровертиве се бунеле, ама ние кога не ни ја дозволија темата на @Ginger^ за 30ка, веднаш се помиривме... што ми требаше да се потсетувам сега шмрц, шмрц, шмрц