Колку драми сме поминале тука ехее. Читав за една Нова Година за избор 2013 мислам беше па кога се караа за изборите. Па добитничката тогаш се пораѓаше па од породилно пишуваше. Тука е шпанска и индиска серија во едно...
Шо зборвате бе луѓе???? Зарем до толку има? Денес форумов ми го напрај денот... Се изначитав надреални работи
Е што е толку за неверување, идеално место е форумот да бидеш тоа што сакаш да бидеш. Наместо само да фантазираш и фантазиите да си ги чуваш за себе, еве ти простор да оживеат ликовите во твојата глава.
Интересно е, зошто да не, некогаш ако ми е баш досадно ќе си направам и јас еден таков профил. Како книга да пишуваш, знаеш дека некој редовно те чита и лајкува, дали е реалност или не што е битно? На некои им се допаѓаат твоите фантазии и обожаваат да те читаат, толку, нема потреба од драми
Koга сме кај новогодишни форумски желби... Сакам да бидат банирани сите тесноумни десничарки кои интенционално навредуваат по ЛП, а се прават многу мудри и паметни, иако уствари три чисти немаат од животот. Жени кои очекуваат џентлменот да им отвори врата од локал/автомобил за да излезат, и патем да им плаќа сметки на вечерни излези. Исто така луѓе кои не гледаат документарци и чија единствена животна цел е да се венчаат и наклепаат деца. Ете, скромно. Спојлер И многу стрејт раја неќам да се мота тука, ама тоа е екстра wish, eте не цепидлачам до толку. Jingle balls и Happy New Year и од мене.
@WildMk ти од Марс да не си падната мор? Пола форум ти е таков, само некои се попознати членови па "проаѓаат" неприметно до толку. Некогаш ми доаѓа да се вратам со нов профил, фина, мила, со совршен маж и двајца швалери. И три деца.
Знам дека има нови членови кои провираат приказни, ама брзо биваат банирани.. А за долгогодишни влечења за нос.. не сум знаела... Мислам.. ништо поразлично од реалноста... ама зошто? Кој дел им е возбудлив на раскажувачите? Баш ме интересира
Џулс, ти недостасува креативност, извини вака. Маж, швалер и три деца се веќе видени и досадни приказни. Врати се со профил во кој ќе бидеш вдовица Примадона со кратка розева коса која живее во Париз и се занимава со хуманитарна работа поради тоа што не знае што да прави со парите кои ги наследила од својот покоен маж Белгиец. Тоа е сочна прича, ова твоево не ваља.
Се гледа дека не сум креативна. Фала на помошта и идеата, ама место розова ќе имам зелено - плава коса, со Прада ташна, Валентино фустан и Лобутинки штикли. Не знам ни дали правилно ги напишав. И ќе возам Бентли .
Мене таа што си ја лажирала смртта ми е фаворит! Не знам која била, пред мене се десило тоа али легендата се' уште опстојува
Ехеееее. Ти не ја знаеш prettygirl. Онаа што се онадеше со српската естрада и која сликовито го опиша сексот со Дадо Полумента.
Легенда беше таа и се враќаше неколку пати... Аа да. Точно. Имаше и една кума и била некоја членка па тука ја откривааа. Па еден маж се претставуваше па да ти бил жена (ова поодмамна кога не беше толку актуелно како сега) @joy1 е детектив. Има неколку успешни случаеви на разоткривање на членови.