Независно ти е тоа од форумов. Треба на телефонот да си инсталираш јазик. Влези во сетингс, оди кај јазиците и тастатурата и таму има опција да си инсталираш Македонски.
Сакам само да прашам до кога ќе се делите и уште колку години да почекам македончето на форум да се дружи без никакви поделби на наши и ваши кланови? Не ви чинеше Баба Рада и одма ја оттргнавте. А што е со другите кои исто така се упадливи во очи ама нееееее, нив не ги тргаме туку ќе селектираме одредени форумски ликови кои на одредена група им пречат и дајте гумата да ги избришеме од форум. Воопшто не е во ред. Буквално цело време се делите , едни влечат на една, други на друга, трети на трета страна. @DAngel , welcome to Macedonia (ти го прочитав коментарот во темата СДК, само џабе е зборење, очигледно секој НЕМА право да се врати повторно на форумот ) Време е за филм, да се опуштам оти напната сум, се осеќа П.С. Знам дека ја отеков со моето жалење во врска со Баба Рада , но ете мене ми беше интересантен форумски лик.. .... ми фали нејзиното обраќање кон скоро секоја од форумот со ДУШО ....
Може јас грешам, уствари не може, туку сигурно ама ај да си прашам, не е малце нефер некоја што била банирана од претходен профил заради кавги, сега да биде банирана превентивно, а ништо да не направила? Негде прочитав ставила слика и прашала моден совет, а не била она на сликата, искрено тоа не ми е мене нешто богзнае што, мислам јас кога сум на интернет очекувам дека не се што читам е вистина, не ми е нешто за потресување што знам...
Зошто нови членови одма се нафрлаат и се расправаат? Ни здраво, ни да ни се престави како сите други нови членови што прават ни ништо. Во случајов со мене на темата за ресторани. Дури и не беше за неа одговорот, а ми се нафрли ко да сум и направил којзнае што. Гледам дека е член од вчера и директно на мене.
Зошто стари членови зачленети од есента 2019 кога те цитираат користат вулгарности од типот не ме ј*би?
Воопшто не е нефер. Нефер би било некој да е „над“ правилата, само зошто направил нов профил. Која би била ко така поентата на банот? Крај краева колку слободно време треба да имаш за да прајш паралелни профили, за да прајш паралелни приказни и години ова да се повторва? Дефитивно нема ништо нефер во ова. Осеќам дека нема да ме сака Кара, Росета, (виши рековте исто???) од новиот профил.
Е значи стварно немам среќа. Пак нешто се случило и не бев тука? Оти пак се отвара досие Кара Миа? И која е Росета, што со неа?
Поентата на банот е дека може да седи на форум дури почитува правила. Поентата на банот е да научи членот дека ќе добие бан ако не почитува правила. Нема поента некој да се банира превентивно. Ама не е мој форум, само прашав пошо мене ми звучеше нефер. А тоа за приказните паралелни, пишав, не ми е гајле пошо од кај знам јас се' што читам овде дали е точно, се земам со резерва, кој што сака нека пише не е моја работа
Веќе трајно баниран член, не е баниран повторно превентивно. Не можи со нов профил да биди „над“ правилата шо велат дека треба да е баниран.
Кара Миа мене ми е вечна дилема. Не ни знам зошто е првично банирана. Детали сакам. Лелеее, а Стоун баш ја читав во некои теми. Ми личеше на членка со понормални размислувања. Ама па што знам јас, изгледа премногу наивно гледам на работите.
Ама мене и на три четири други коментари прочитав, прашањето е зошто е банирана? Не ти го разбирам тоа "над правила". Прави профил некој, создава кавги добива бан и следниот пат ако направи профил треба да знае што може да му се случи ако создава кавги пак. Искрено не знам дали јас не сум во тек ама не знам што направила овој пат и дали е банирана само затоа што ја фатиле дека е истата или направила нешто.
Мене 'најуба' ми беше Виши кога била. Јас мислам тогаш не сум ни била зачленета. Лани случајно разбрав дека фактички она од Виши ја започнала кариерата. Па и ги пронајдов мислењата. Цепажи е било во темата за свекрви
Не ја прочита во вештачко ? Ај , во 40 ка ќе се зае*аваме, ама не иди да реметиш 100-тина жени и таму само за да ме понижиш мене. Не е фер заради другите членки кои пишуваат САМО во таа тема. Иако јас лично НИКОГАШ и немам пријавено мислење и искрено ама баш воопшто не ми смета на форумов. Али па која сум јас да кажувам дали некој смета или не.
Истото прашав и јас,не се сеќавам на Карамиа,не сум била присутна толку. Зошто цел форум ја знае,што правела? Проблемот тука е што се нема никаков увид кој,како, зошто,колку е баниран. Дали се акумулирани бодови. Зошто место лајковите нема картони кога некој член ќе се казни? Па ќе кликнеш на картонот и ке ја пишува причината. Како еве се добива траен бан? Дали воопшто постојат бодови. На други форуми. Оф топик-10 бода Тролање_30 Кога ке собереш 100 си добиваш бан на 3 дена. Така секој ќе внимава што пишува. Говор на омраза/лични податоци-500 и бан на 7 дена. 1000 поена- траен. Сето ова придонесува за подобрување на однесувањето на членовите. Никој не разбра зошто баба Рада е банирана? И под итно катче за банирани. Секој баниран мора да има право да се објасни,да бара објаснување,бидејќи и модератори и администратори грешат. На друг форум кога се пожалив мене ми беше повлечен картон и бан за говор на омраза,бидејќи еден од администраторите не бил објективен. Не би требало на форум зад затворени врати да се банира. Инаку вака не е океј. Вака испаѓа модератор на пр.не ја поднесува Мантуб и ке ја банира трајно,никаде нема ни зошто, ни како ни можност да се пожалат. Освен во инбокс, зошто?!
Не, не ја имам прочитано, а ниту ја бранам и во првиот коментар пишав дека сигурно има причина, моето прашање се однесуваше на тоа што прочитав дека превентивно се банирал профилот, а никогаш не би рекла дека треба да седи некој кој е некултурен или навредува, никаде не сум рекла така
Ова читај: Инаку се согласувам со @Cosmi . Треба да има прирачник со поени. И траен бан, да биди траен макар и 10тиот профил да нема згрешено.
Ве читав во 40ка и добив чувство дека лично се познавате,ја приметив во вештачко ама нормален совет нешто даде,другово не го приметив.