Прашање за форумот?

Дискусија во 'За форумот' започната од Snow-Queen, 7 јануари 2012.

  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.076
    Допаѓања:
    131.235
    Пол:
    Женски
    @RainBow Најди време да појасниш пак за бановиве,вака пак се полни темава со недоразбирања.
    Не е лошо ти и администраторите да го разгледате предлогот на @Cosmi .
     
    На Mr. Right, Stephen Amell, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Ко ќе не се кажва со време, јавно и транспарентно, нормално е да има такви ко мене шо ќе имаат прашалници над глава.

    Ако не знам зошто точно е банирана Росета, или Баба Рада, или кој и да е... Ќе мислам дека и мене може некој да ме банира од модераторите, оти така му свирнало.

    Не треба да оставате простор за сомнежи.
    А нема да има, како што веќе пишав, ако се' се прави транспарентно.
     
    На CameliaMiller, M&M, Sexybaby86 и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.744
    Допаѓања:
    176.000
    Пол:
    Женски
    Уште тоа фали, тебе да те банираат.
    Кој ќе го 'држи' форумов?:^)
    :P:*
     
    На LadyLollypop, Stressed Out, Purplelilac и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    ехее.. ве има еден куп :hug:
     
    На fana, SummerGirl и Bubce38 им се допаѓа ова.
  5. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Абе човек да помисли дека ви недостига Розета да пишува во 5000 теми во секунда. :D

    Инаку едноставно е зошто е банот.
    Си отвораш ЕДЕН профил на Фемина и си пишуваш од тој.
    Ако те банираат на три, седум, десет дена, си „отслужуваш“ казна и после си се враќаш и си внимаваш малку што пишуваш.
    Ако те банираат трајно, не се враќаш со нови 3355646 профили.
    Штом си банирана трајно од тој еден профил, значи не си за на овој форум и тоа треба да го сфатиш а не да се опседнуваш цела година да тролаш од друг профил.

    Инаку поени можеби треба да има.
    А траен бан Реин мислам дека нема доделено до сега на никого неправедно.
     
    На CameliaMiller, M&M, Sexybaby86 и 9 други им се допаѓа ова.
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.985
    Допаѓања:
    37.139
    Пол:
    Женски
    Ти држи вода муабетов. На форумов одамна има двојни аршини. Па така одредени членови се банираат превентивно оти имале дупли профил (кој патем е забранет) а други членови јавно признаваат дека имаат нов профил и ги толерираат.
    @RainBow ?
     
    На Herrera му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.459
    Допаѓања:
    90.930
    Пол:
    Женски
    Читам наназад и сфаќам дека форумов нема јасни критериуми за банирање.
    Еве уште кога било укажано дека не се банира вака .
    За КараМиа исто нема објаснување зошто е банирана?!
    Секој нареден клон доколку навистина бил нејзин е во ред да се банира.
    Но приметувам дека најчест одговор е расправање по форумот.
    Тоа никаде не причина за траен бан.
     
    На Mr. Right, Gosh, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.459
    Допаѓања:
    90.930
    Пол:
    Женски
    Еве тебе не те сака некој мод или блиска членка негова ,го нервираш и те банира трајно.
    Нема мислење за кое си банирана,нема ништо.
    Едноставно не си за овој форум.


    За да има бан ,мора да биде посочено мислењето јавно каде е баниран.Инаку е субјективна оценка на мод.
    Не во ЛП.
    Тоа нема никаде,на ниеден форум.
    Кога би било јасно ,кој за кое мислење е баниран,неделно или трајно не би имало прашања.
    Ама тука не е.
     
    На elenaxbbg, WildMk, Mr. Right и 5 други им се допаѓа ова.
  9. smile:)

    smile:) Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2019
    Пораки:
    802
    Допаѓања:
    2.644
    Пол:
    Женски
    Добро значи читам и апсолутно не е во ред банирање без причина или со причина без да биде посочено јавно за сите членови на форумот причината зошто тој или таа е баниран/а.
    Инаку за идејата на поените мислам дека треба под итно да се воведе
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Па затоа не банираат сите модератори, туку само Реин.
    Затоа што другите се и поактивни и повеќе можеш да им засметаш или може да имаш несогласувања.
    Реин е многу малку присутна во поглед на пишување, не влегува во дискусии со членови кои навредуваат, внимава како модератор да не е пристрасна кон никој.
    Е сега жив човек е, можеби некогаш згрешила кога доделила некој 3 дневен бан, ама за траен не верувам да има погрешено.

    Туку сите сакаме да ја критикуваме, а кој од нас би се нафатил да извршува таква одговорна задача како неа, а притоа да не си ги брани друшките во секоја тема?
    Никој, затоа што сите што пишуваме поинтензивно сме повеќе или помалку пристрасни кон некој.

    Не знам на кој друг начин освен со поени (за тоа се согласувам), би било потранспарентно банирањето.
    Ај сега да почнат да ни објаснуваат како се проверува дали е двоен профил?
    Мислам, банално е.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Е ова е страшно, да се плаши човек да праша. На никого не му недостасува некој што навредувал. Ама не мора да помислуваш дека ни недостасува ако сме прашале најнормално прашање.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Имаш смајли на крај, ама океј.
    Баш ми е убав денов и немам намера да се карам.
    Ај поздрав. :D
     
  13. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    11.161

    Не биди лоша , ако гледаме со такви очи тогаш тие што серат против Македонија и нашиот народ на социјлните мрежи треба трајно да ги истребат од Мк. Според твоето така ќе му дојде, штом некој упорно трола по цела година, ма не мора една, туку со години коментира се најлошо за Македонија автоматски треба да биде истребен од државата.

    Значи не е за да живее во Македонија.


    п.с. ништо лично против тебе, само морав да се надоврзам.
     
  14. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Абе луѓе што ве тригерна толку мојот коментар, еве не разбирам. :D

    Херерке не се лутам. :D
    Туку со зборување лошо за државата не повредуваш никој и тоа ти се нарекува слобода на говор.
    Кажуваш дека во Македонија животот не е убав, има сиромаштија, несоодветна организација во здравство, образование, јавна администрација што појше спие отколку што работи итн, итн.
    Тоа не е ни лага.
    Е сега, сосема друго е да реметиш членки од тема за вештачко оплодување затоа што ти е досадно во животот и да си играш со нивни емоции.
    Второво и јас да го правам, заслужувам траен бан. :)
     
    На Stressed Out му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.459
    Допаѓања:
    90.930
    Пол:
    Женски
    Ама јас не зборам за Реин,и кој како се нафатил.
    Туку за концептот и функционирањето на форумов.
    Како може само Реин да банира:o
    Па тоа е уште повеќе за чудење ако е така.
    Модераторите треба во свој подфорум да банираат и да има повеќе администратори,бар три.
    Администратор треба со спорни банирања да се оправа.
    Како и да е ,објаснување за бан треба да има.
    Критериуми и катче за банирани ,мора да има.
    А кога нема,ќе биде вака.
    Цела мистерија од 3 год. испадна која е КараМиа и зошто добила бан.
    Место на пр.еве ги мислењата,говор на омраза,лични податоци итд.....затоа е членката банирана.
    И крај.
    Вака испаѓа многу паушално банирањето,по проценка.
    Се расправала некоја членка по форумов.
    Па што?;
    Ќе и даваш картони за навреди на тие мислења.
    И јас добив бан во политика по ЛП.
    Многу поедноставно ќе беше да биде означено моето мислење,па ќе видат и другите зошто се банира и ќе внимаваат.
     
    На CameliaMiller, H.VAGA и Mr. Right им се допаѓа ова.
  16. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    11.161

    Оп стоп не сме се разбрале ....уно моменто :!:

    Кога зборуваме за реметење по социјалните мрежи јас го опфаќам целиот наш систем на живеење. Мало потсетување, ја имавте темата за јавна соба , а на интернет фрчеа секакви коментари за македонките конкретно..... е сега ти велиш тоа било слобода на говор.

    Епа што толку се разликува тоа реметење општо на нетов од наши за наши, со тоа реметење на фемина форум ?


    Е затоа реков правете селекција и не ги судите сите со исти очи.

    п.с.не бе, не можам , многу цврст карактер имаш, ко ќе наумиш нешто, ни свети Петар нема да може да те ублажи.
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.267
    Допаѓања:
    67.849
    Пол:
    Женски
    Прво, точно е дека само јас банирам од цел форум, а истото може да го прават @Mihajlo и @Femina.
    Второ, десет години сум модератор, многу години и сосема сама бев модератор и тврдам дека никогаш, ама никогаш не се случило некој да е баниран зашто мене лично не ми се допаѓал.
    Трето, и сами знаете колку сме благи со банирањето, некогаш и требало да се банира некој и пак сме го оставале до крајни граници. Да имаше бодови веројатно многу порано ќе беа сите банирани.
    Четврто и да има поени пак ги доделуваат модераторите. Зошто мислите дека тој систем би бил пофер? Пак ќе има ама јас зашто имам поени, па не беше тоа оф-топик, ама види го другиот член, па он повеќе оф-топици направи итн... И вака банови не даваме туку така, прво има едно милион предупредувања, па молење по лп да не се прави истото... Дури и за од тема прво се праќа предупредување дека за следниот оф-топик или навреда ќе следува бан од темата, а не се дава веднаш.

    Превентивни банови па не се случило никогаш да дадеме, еве и прв пат го слушам терминот. И последниов профил на тролот што беше баниран беше откако дојде до истата ситуација. Виши, КараМиа, Асистентка, Ауруа... Не знам уште кои профили беа, сите се на истиот трол, да, трол е и се надевам дека конечно ќе преземеме и построги мерки и конечно ќе се ослободиме од тролот, како и од неколку други вакви што сме ги имале низ годините, а не биле еден.

    За поените за банирање ќе поразговарам со администраторите, јас секако не можам да ги воведам, па ќе го разгледаме и тој предлог.
     
    На CameliaMiller, Mr. Right, mareane и 12 други им се допаѓа ова.
  18. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Оп стоп, никаде не реков дека е слобода на говор да напаѓаш девојки какви биле и што биле, поради број на партнери, лични избори и одлуки.

    Слобода на говор е да изнесеш став на пример за религија, но во мигот кога почнуваш некого да го напаѓаш заради тоа што е припадник на одредена религија ја преминуваш линијата помеѓу слобода во говорење и говор на омраза.
    Се надевам ми ја сфаќаш поентава. Има разлика помеѓу тие две.

    Инаку уште се смеам со п.с. -от. :D
     
  19. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.638
    Пол:
    Женски
    Со бодовите уште поголем хаос ќе настане на форумов.

    А и плус што
    giphy (1).gif
     
    На Alisa22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.985
    Допаѓања:
    37.139
    Пол:
    Женски
    А што е со дуплите профили? Нели се забранети на форумов? :?: И зошто одредени толерирате, а други не?
     
    На Feminka22, SummerGirl и Herrera им се допаѓа ова.