Кои се дупли профили? Ако можам да ги поврзам со ип адреси ги банирам, ако немам никаков доказ не можам само така да ги банирам. Во краен случај треба михајло кога има време да земе да проверува ззашто јас немам некои аминистраторски дозволи. И пријавувајте или во мислење или во лична порака, на копчето пријави член одат пријавите кај фемина само.
Добро,зошто немаат овластување модераторите да банираат? Воопшто не е во ред само една личност (+2) да банира. Да бидеме јасни,воопшто не сомневам во твојата објективност,но не е во ред само еден човек да ја врши таа работа,од многу причини. Зошто да нема катче за банирани,каде ке може да пишува/жали само банираниот и модераторите,а сите ние други ке може да читаме? Зошто тие објаснувања ,разјаснувања,молења треба да биде по пп ,тајно ? Многу повеке банирани ке има?,Не напротив.Многу поголеми форуми од овој ,по број на активни членови функционираат на начиот на кој напишав. Тотално без врска е начинов со молења и банирања по пп. Со казнени поени ке има транспарентност,а и увид како не треба да се пишува на форум. Ако ми се собираат 60 поена и сум блиску до бан ке внимавам повеке. Ако ми се собираат 800 поени,ке внимавам бидејки ке знам на 1000 дека добивам перма. Еве како се добива бан на месец дена тука? Заради што?
Остајте ги луѓето да пишуваат ако имаат мерак. Од затвор излегуваат па имаат право на нова шанса во животот, тука банирани од форум да не смеат да се вратат со нов ник Ако пишуваат по правила, кој к.. ве занима нивната ип адреса?
Леле Реин? Па сами си пишуваат по темиве дека им е втор профил. Еден куп има такви. Мене не ми сметаат и разбирливо ми е ако заноравиш пасворд, во недостаток на друго решение нов профил, ама... ако се оди по правилата треба сите да се банираат, и тие што заборавиле пасворд и тие што претходно биле банирани. А не е така... селективна и пристрасна правда има.
А зошто и тие што заборавиле пасворд? По таа логика, ако си заборавиш пин од картица, треба да ти ја одземат картицата и да немаш пристап до твојата сметка, никогаш Скраја да е па клуч од дома да заборавиш
Понекогаш мислам, како што сме луди на форумов, ако ставиме на чело повеќе глобални модератори, после извесно време откако ќе го банираат членството, од лутина и незадоволство би се банирале и самите себе.
Истово сакав да го пишам ама викам што ќе се објаснувам. Мислењето и е погрешно од многу причини, од кај и да почнам, само ќе си губам време. Нема врска
Изгледа само јас не го капирам ова со дупли профили. Една членка имаше пишано проблем и си кажа дупол профил ми е пошо другиот профил ми го знаат сите на фемина, не сакам да знаат дека сум јас. Друга се жалеше од мажот и имаше пишано некои податоци ми се лажно пошо свекрва ми има профил на фемина и страв ми е да не ме препознае. И сега јас да земам да ги пријавувам? Дури следат правила ич не ми е гајле колку профили имале и дали личните податоци биле точни
Шо ќе праиш тупаџија А и ти ли си дупли профил? Видиш, за тебе не знаев. Не ги следам доволно случувањава на форумов Треба да си најдам другачки да ме информираат @NarCis@ Според правилава на форумов, не се дозволени дупли профили, дури и на тие кои заборавиле пасворд. Инаку ако заборавиш пин од банка ти прават нов профил или ти даваат нов пин? (ако тупиме веќе, пошо нели јас познат тупаџија сум) Барем јас така ги сфаќам правилава, ако важат да важат за сите. Е сега.... за едни важат, за други не. Едни имаат дупли профили и сите знаат за нив, никому ништо, други имаат и веднаш се банираат за истите иако не сториле ништо, туку се банираат заради дуплите профили. Тука се двојните аршини кои мене ми сметаат, а не дуплите профили.
Точно ама тие си кажуваат дека поради *бла бла бла* причини направиле нов профил а не измислуваат нов живот со секој нов профил што ќе го направат на форумов.
И? Разликата е во? Од кај ти знаеш дека животот им е вистински? Освен ако не ги познаваш лично не можеш да знаеш. Глупав ти е аргументов.
Koга се регистрираш за меил адреса, ти го бара мобилниот број за испраќање на код, во случај ако ја имаш заборавено лозинката, така што и ова паѓа во вода.
Какви ти се овие аргументи? Како не правиш разлика од баниран, непожелен член кој прави нови и нови профили секој пат со нова животна приказна и став, до член кој никако не може да се логира на стариот профил и доаѓа со нов, притоа соопштува кој е и зошто направил нов? Не си ми јасна стварно, ама гајле ми е.
Па ете погоре ти кажаа јас не водам евиденција, а искрено ме боли онаа работа кој е дупли а кој не. Си има кој да ја брка таа работа. За џабе никој не може да те банира, не си правете филмови.
Во банка нов пин даваат, тука нема таква опција за пасворд. Верувам на тие што заборавиле пасворд им е 100 пати покомплицирано да прават нов профил и да се претставуваат, не е ни ова нивни прв избор. Друго, прави нов профил, кажува дека е поради изгубен пасворд, првиот профил е неактивен секако. Ако админ види некое чудно однесување, се знае следи бан. Инаку членката не е банирана само заради дуплите профили, туку и поради нејзиното однесување.
Тоа го вели и она, не и е гајле и на неа кој како се преставувал на форумот, каков живот измислувал. Си има опција да игнорираш член и нема потреба да ја читаш таа особа што си прави филм на форумот. Тоа што го потенцира @An-na е дека не важат истите правила за сите. Едно од правилата на форумот било забрането користење на дупли никови. Само не ми е јасно зошто некој член ви е непожелен , не знам што ви има згрешено во вашите реални животи. Форумот демек анонимен, не треба да ни биде битно кој што напишал и како се преставил се додека тој истиот не изнесува некакви ваши лични информации и буквално ве вреѓа со грди зборови. Ако толку се водите по правилата зошто никој не го почитува правилото број 11. Забранети се четот, флудот и спамот. Чет – личен разговор меѓу два корисника, размена на реплики од типот „Како си денес?“, „Ајде да одиме на кафе“ и сл. За таа цел постојат „Лични пораки“ и посебен модул Чет. Флуд – потопување на форумот со бесмислени мислења или мислења што се повторуваат. Спам – оф-топици, рекламирање и сл. ......... страшно ми биди во очи зборот непожелен член Ајде да не шириме омраза, ела да те гушнам ( и јас спаѓам во непожелни ликови на форумот )