Во 40-ка како да имам прочитано дека открила идентитет или лични податоци на некои од членките. Не бев зачленета јас кога она е пишувала, ама на неколку пати е споменувана во таа тема
Апсолутно постојат членови кои може да се сврстат како непожелни. Ако добро ме држи меморијата, едино имам лобирано за траен бан на машки, апла манијачки настроени членови, кои демнат по секс категориите и пуштаат понуди по инбокс. Има тука доста млади, наивни, љубопитни, осамени девојчиња кои може да наседнат на една таква фино спакована понуда и да го извлечат подебелиот крај. А да, и за шовинисти кои прават mansplaining на женски форум. И понатаму ќе го правам истото.
@Bubce38, уууууу лошо! Вака ми имаше оставено стварно многу океј впечаток. Многу, многу океј! И фини мислења имаше, и забавна беше за читање...Исто, во една тема прашував за еден конкретен административен проблем, и ми пиша лп дека ако не го решам по „нормален пат“, на кој шалтер да се обратам и да кажам дека ме праќа таа и таа. Уште паметам како и беше името на Далерон. Многу убаво мислење имав за неа. И многу ме изненади банот. Мислам, на волку лабав форум кога е банирање во прашање, ептен треба да уплескаш за да те банираат.
Во времето кога ја банираа Карамиа а и пред тоа јас контактирав со нејзе. Тоа беше лани летото кога зборевме за многу работи. Таа рече дека никогаш немала втор профил туку за двојна арашина ја банирале. Нешто се десило во 40ка, учествувала и она и оп бан толку. Побарала објаснување и не добила прецизно. Нашата комуникација продолжи и приватно, таа ми се отвори и ми кажа зошто ја банирале. Но, јас не сум човек што издава муабети тоа што ми кажа таа останува во мене,затоа мислам вистинскиот член што знае зошто е банирана да не се крие и да си каже јавно. Ако не сака - не мора. Пак ќе кажам Карамиа беше прекрасен член, барем искрено и реално си кажуваше се. Ете тоа е тоа.
Непожелен член е дискутабилна категорија. За тебе може е, за мене не и обратно. Според кои критериуми ќе се водиме? Измислени приказни? Жити се!!! А од каде знаете дали приказниве на овие пожелниве не се измислени?! На форумов секој се претставува како што сака и претставува дел од себе кој сака да го покаже. Се измислува, филува итн... Ништо ново... Би сакала @RainBow да ми одговори дали измислени живони приказни се критериум за бан? И ако да, од каде знаат дека се измислени? Пак ќе кажам, кој како сака нека сфати: мразам двојни аршини, фаворизирање итн.. А тоа тука се прави. Не е од сега, од како сум член, така е. Секогаш постојат и постоеле омилени, почитувани членови на кои што еден куп грешки им се простувале, додека други не толку почитувани членови биле санкционирани за истото. И истите работи и сега се случуваат Постојат кланови, ако некој од нив те земе на пик, ќе бидеш баниран, па што сака нека е!!! Добар дел од банираниве за кои дискутираме тука се токму на тој начин банирани.
Каде сум рекла дека измислени животни приказни се критериуми за бан? Критериуми се тролање и константно прекршување на правилата. Еве едно потсетување. Виши, со сите нејзини профили спаѓа токму тука. Затоа и од првиот профил беше банирана. Потоа понатаму продолжи и со други работи и тормозење на членки. Правилата велат дека е дозволено да се користи едно корисничко име. Заборавен пасворд не спаѓа во ова правило зашто членот сепак користи еден профил. Спаѓа во наша должност да помогнеме да се врати профилот, но за жал јас не можам тука да помогнам, па членот останува со новиот профил. Да можев ќе го вратев стариот профил и толку. Со ова не можам повеќе да не се согласам, ниту е случај, ниту ќе биде. За сите банирани имало причина зашто биле, откако не престанале со навреди, во најчест случај, или постојано правење оф-топици. На крајот, и ние модераторите не можеме само упорно да бришеме некој. И никој не бил веднаш трајно баниран, прво е тридневен бан, па една недела, па... Дури потоа следува траен, во најкраен случај.
А, пример и јас и сестра ми користиме Фемина Форум и се логираме од еден ист компјутер? За што се смета ова? А, за двојни профили е имало и ќе има заувек
Ај, да речеме заборавен пасворд не спаѓа во правилото за дупли профил (иако не е наведено никаде колку што знам) што е со оние кои јавно кажуваат дека им е втор профил? Небитно... Многу ме интересира на кој начин ги откривте сите реинкарнации на Виши? За болидраниов дел само ќе се изнасмејам Оти и ти знаеш дека не е вистина тоа што го збориш. Особено ако станува збор за член неомилен од повеќемината. На таквите членови не им се прогледува низ прсти, на останативе кои имаат “грб” да. Ова е вистина, па ти што сакаш пишувај тука, фактите те побиваат. Немам многу време да роварам, за да со факти ти го докажам ова што го зборувам. Ама пак ќе кажам, небитно... Не дека јас нешто ќе сменам Не е на одмет транспарентност околу банирањето. Да се објасни кој член зошто е баниран... ама изгледа многу работа ви е тоа? Или недај боже како @Cosmi што предложи банираните членови да имаат своја тема каде што би можеле да објаснат или барем да се одбранат или кажат мислење околу банирањето Научна фантастика
Епа и ова е погрешно,зошто така? Доколку се работи за клон и го банирате само по ИП,иако не знам и ова колку е во ред ама ајде,банирајте го веднаш. Еве конкретно оваа Росета напишала 900 мислења+ тие во подфоруми каде не се бројат што сугерира дека чекате да препознаете или чекате пријава од засегнати,па врз основа на тоа, ја банирате.
Тема за банирани корисници има(ше), ама е под клуч. Зошто @RainBow? Ако е заради мислењата на членовите тогаш не мора да биде достапна за нас за коментирање. Ама ваша обврска е да напишете кој член и зошто е баниран. Веќе ја спомнаа. Имаше една во брачни неверства кажа дека направила втор профил само за да го сподели проблемот. Дали јас треба за секој мој проблем нов профил да отворам?
@RainBow Арно вели @Mr. Right ,отклучете ја темата за банирани корисници и таму турајте образложенија кои членови се и зошто се банирани и до кога,дали привремено или трајно.Еве,само модератори и администратори да имаат привилегии да пишуваат таму,за да нема препукувања,туку само детални објаснувања. Башка,морам да додадам дека администрирањето не чини.Администраторот не треба само тивко да набљудува и проверува,туку и како член на форумот треба да покаже присуство на форумот со пишување мислења во повеќе теми. Разбирам дека сите се зафатени со нешто,ама секој може и треба да одвои дел од слободното време и да напише нешто,макар само 2-3 дена неделно,ако не секој ден.Со тоа може значително повеќе да се подобри однесувањето на членовите и да се намалат троловите. Еве,и администраторите на Кајгана се зафатени луѓе со обврски,па сепак наоѓаат време да пишуваат постови на тој форум. Потребна ви е подобра контрола. На форумов недостасува транспарентност и тоа е срамно!
Со втори профили се зашто нема асален член што ќе даде мислење без да биде исмеван, напаѓан и оговаран на сите можни страни. Оти утре ако не се сложиш со нив ќе ти го пукаат под нос.
Се кажуваат кои се и што се, или па стекнале повисок рејтинг тука, па ако споделат проблем, круната ќе им падне. Убаво вика Рајт, ај за секој проблем нов акаунт. Нема оправдување, се знае дека е прекршок на правило и му следи бан.
Претпоставувам ова е одговорот на прашањето кое го поставив... Ок... банирана е оти е трол. А трол е оти секој профил и' е со различна животна приказна... или...?
Да пецкаш луѓе за тешки животни проблеми како што правеше виши со секој нејзин профил.. ..или како мама да постираш слики од индиска актерка и да кажеш дека вчера си го носела тој аутфит, да се фалиш со креветче за дете каде што се гледа надвор уште зебри не прошетале па истата слика ја најдеш и на гугл... да постираш слики од туѓи деца ...од туѓа шминка.. од туѓи чинии Сериозно вие ги сметате овие за луѓе со здрав разум?! И сакате да седат на форумов за да ве работат при ваш здрав разум?! Не знам што луѓе може да сте...
Луѓе кои бараат објаснување. Ти како детектив по професија, треба да знаеш дека мора да има докази за прекршување закон (правило во случајов), за да уапсиш (банираш во случајов) некој. Донт патронајз ми. Обичен, културен одговор ќе беше доволен.
Ама воопшто не е твоја работа дали некоја направила втор профил пошо ја изневерува мажот, а сите и го знаат другиот профил и знаат која е а она сака само да добие анонимна поддршка. Некои членки си имаат разменето и фејсбук и мобилен и се дружат на кафе, и зошто тебе би ти било гајле ако отворила нов профил за да се пожали, а со тој нов профил никого не навредила, не била некултурна? Гледај си работа
Претпоставувам, т.е сигурна сум дека мислиш на мене. Па еве да се 'јавам' . Одговорно тврдам дека никогаш не сум се пожалила од неа , ниту сум пријавила нејзино мислење од 100-те профили кои ги има направено. Вашата приватна комуникација ви ја знам, затоа што она комуницираше со најмалку 20 членки и цело време е истиот муабет. Бубче 'наредува' да ја банираат, Бубче не ја сака на форум. Ќе те исправам. Ти неа не ја познаваш , на познавање мислам да знаеш за која особа се работи. Тоа што приватно комуницирате преку нејзиниот фб профил Принцеската ( да не и го оддавам правилното 'име' на профилот кој и служи само за ова) не значи дека се знаете. Ко така сите се знаат со неа. Еднаш во муабет со еден од модераторите бев прашала зошто не ја остават да си пишува, само да ја опоменат да не навредува, добив одговор дека правилата на форумот биле такви. Јас од неа имам прочитано многу увреди, кон мене лично Не, али према други членки, ехее. Тоа што ти не ги следиш тие теми каде сум прочитала увреди од неа е друга работа. Толку од мене за Кара , или Виши, Аурура, Ресанката, Асистенка, Новавон, Розета...