Јас поставив прашање иако ми беше реторичко. Дали јас или ти или било кој треба за секој проблем да отвора нов профил? Или на другиов збори колку се сакаат па сеа да не се сруши тој совршен живот што го сервира(те) овде? А тоа што некои членки си разменуваат броеви и профили кај ќе стигнат с(т)е самите криви. Во секој случај дупли профил е, а колку што знам од два профила не смееш да пишуваш така да треба да се банира.
Да, тоа е идејата, уште не си соземен дека те изневерил мажот па не сакаш сите да знаат дури одлучиш што да правиш. Кој што ќе сервира овде тебе не те занима. Можеш да објасниш зошто тебе би ти сметал дупол профил ако членот е културен, не навредува? Пошо "не смее дупол профил" не е аргумент. За нешто да не смее треба да има причина зошто не смее. Ако не знаеш да ја образложиш причината, не ме цитирај
Читајќи ја темава дури и жалничко ми паѓа за сите кои тука имаме споделувано реални проблеми, емоции, двоумења, животни борби. Затоа што секогаш посупер ќе се оние нереалните, измислените и многу веројатно ликови со сериозни ментални нарушувања кои одат до таму да отвораат милијарда профили за да наштетат некому кој им боде очи. Берете памет дека нивното не е само невино пишување на форум. Можат да ви го најдат секој податок кој сте го оставиле тука. Да не зборувам пак за фотографии од дечиња на членки кои се достапни и за вакви ликови. Па мислете и понатаму дека е нефер да се банираат истите. п.с. Не се мачете да ме цитирате. Немам намера да си трошам зборови и понатаму на темава.
Никој не зборува за нив. Ама баш никој. Еден коментар не прочитав дека некој ги брани тие што се дојдени тука за да наштетат некому. Така да коментаров не знам стварно зошто го напиша
Не и беше Принцезичка. Сама се пронајде и се издаде, јас никого не посочив. Што да кажам повеќе,излишно е.
Абре Не се издадов несакајќи Намерно кажав јасно и гласно. Цел муабет што го правела со тебе го има правено и со уште најмалку 20 членки. Истиот. Имам и 'доказ' од вашите разговори на фејс До утре да се препуцаваме џабе е. И факт е дека ти неа не ја познаваш Толку
Супер ако имаш, јас немам ништо се е избришано. И поарно да е. Ти можеш до утре сабајле со фактите да збориш толку си ја почитувала како особа и си ја познавала. П. С. Плус јас знам ти која си и кој ти е маж, ама си ќутам. Туѓи животи не ме занимаат, одамна си можела да приметиш овде.
Како очекуваат анонимност кога дел од нив објавуваат слики на форумов??? Јас имам препознаено многу членки.
Лично за мене кога сум одлучила да не се кријам тогаш почнаа драмите. Опседнати со мене, а јас пак ништо за никого не знам, ниту сум земала да копам. Да симнеш слика моја и да ја препраќаш на 1000 души што ги знаеш од форумов притоа и да колнеш е доволно да се запрашаш себе си дали си ментално стабилен. Конкретно за случајот на бубче со Карамиа сега проверив на мејл ми останаа разговори. Она не криеше дека разговара со тебе и други души, затоа реков излишно е да се збори. Ако она ме лажела мене, не лажела сите вас тогаш. И се запнавте на неа како опседнати а она можеби и не се замара. Кој е толку умоболен да дојде да се замара со форум?
Не ме сфати. Не ја почитувам, но не ја ни 'мразам'. Ништо немам издадено, а немам ни што Јас не се кријам. Јавно сум кажала сто пати каков специјалист е мм, пишувам по темите. Се знае од кој град сум . Секој кој ќе отвори мој термин ќе види кој ми е маж. Еден е таков специјалист во градов, за жал нема друг. Просто е ко 2+2 Не сме и се запнале ние на Кара. Она се запна за овде
Ти реков не ме занима никој кој е овде. Губење време ми е. Просто е, ти пишувај до утре сабајле за твојот живот и за маж ти. Јас конкретно немам ништо против тебе. И да се запнала што тебе толку ти смета па толку ја демнееш? Или го демнееш секој профил што ти е сумлив на Карамиа. Ако не си виновна за ништо што толку се плашиш?
Како заклучи дека ја демнам? Сто пати кажав дека Не ми смета! Чак што више ми е и забавна кога е расположена
Фала Богу никого не сум банирала од форумов.. тие што банираат претходно 10 пати се препотуваат, 20 пати проверуваат ИП, 30 пати прегледуваат и други докази па на крај со тешко срце банираат.. Затоа што не банираат од ќејф, банираат поради правилник...банираат за да не се жртви членовите на тролови и да не трпат навреди
Многу едноставно се решава ова. Таа фамозна КараМиа ја пецкала Бубче во 40 ка ,стави и на постот картон од 500 казнени за откривање лични податоци,напише ли уште еден пост ,уште еден и адиос. Ни истрага,ни препотување, ни тешко срце,а ни прашања тука кој зошто е баниран,ќе се види зошто. Сами комплицирате. Од една страна форумов е толерантен,не сака да банира често,а од друга страна банираните немаат никаква можност да се пожалат на банот.
Леле ќути барем ти!!! Ти најде да збориш за луѓе без здрав разум? Па ти за дечкото твој викаше дека му било досадно и се зафркавал кога реметеше луѓе тука на форумов!!!! Значи!!!!!!!! Па уште и модератор си, што е најтрагично
А од каде ти и го знаеш ФБ профилот? Нели пред некоја страна рече не ја познаваш? Она навредувала, а вашето боцкање со другачките во 40-ка е во ред? Ако така ај и тебе нека те банираат? Пак ќе кажам, за некого важат правилата, за друг не! Некој може да навредува и боцка до бескрај и никому ништо, а друг да биде баниран за истото. Некој може да има нов профил и сите да знаат за тоа, а да не биде баниран, а некој друг да се банира само затоа што имал нов профил и “објективнава” администрација сметала дека е трол. Ако правилно модерирате @RainBow тогаш или сите ќе ги бришете и банирате или никого. Ако толерирате втор профил на одредени членки, толерирајте и на други па дури и тоа да биле тролови во минатото (што е дискутиабилна категорија и зависи од расположението на администраторот т.е твоето)
Профилот на фб и е без име и презиме, без слика , без постови. Пример - Лепотица и слика од месечина. И служи само да пишува на членки од овде кои ќе ги познае на фејс. Зошто овде има солиден број на членови кои баш лесно се препознаваат по социјалните мрежи. Си пушташе она од тој профил понуди на фејс и кажуваше дека е Карамиа од форум. Нека ме банираат бе Ане. Ако ги кршам правилата на форум, одма нека ме банираат.
Па, јас би те банирала, не трајно, ама привремено сигурно. И ти боцкаш, а тоа сигурно не е пожелно однесување, пример. А од каде ги знаеш овие работи за ФБ? Стварно ме интересира. Плус, од каде знаеш дека приказниве и се измислени? Тоа не можеш да го знаеш, освен ако не ја познаваш лично. Се си мислам дека те имам читано претходно дека се познавате, ама може сум грешка. Муабетов ми е, таа е опседната можеби, ама и ти си.