Па не е тоа поентата. Вистина збори, @Mr. Right LunaGrey, е членката на кој Бубче и се нафрли и лажно ја обвини дека е КараМиа,па мораше да докажува дека не е таа. Ни крива ни должна наеднаш стана КараМиа,па и се извинуваше Бубче после.
абе види, ти може да пробаш да ме гњавиш, а јас ако сум будала би ти дозволила сеа да не испадне ја вреѓам членката, поим немам за која станува збор, затоа и реков страшно што така одлучила да се докажува со личен идентитет. нешто што редовно го зборам-овде знаете тоа што сум ви кажала, а дали стварно сум таа може само да претпоставувате ...
Не. Сакам да кажам никад не би дозволила некој што не ме знае да ми го ремети мирот. Ама тоа не е поентата... Онака се убацив зошто се изненадив дека некој сликал пасош..
Обично со Рајти не се согласувам, ама ова е добра поента. Секоја нова членка е осомничена (веројатно и член, ама тие помалку се). И никој никого не буцка. Само се подсмеваме и подпрашуваме. Јас лично бев испрашувана, колкаво ми било детето и кој уште да памти што. Па наивно одговарав, дури не ме етикетираа дека сум таа чие име не се спомнува. Кој да ти знаел, дека имало и тајни правила на форум, кои ете уште докрај не ми се јасни. Пасош уште не сум сликала, не ми е готов бтв. А прашав, да не треба и јас да го сликам случајно, оти бев сведок на дешавката. Една година сум на форумов, дискутирам кога ми се дискутира, советувам кога се сметам компетентна, ниедна закачка сум немала на лично ниво (за различни ставови фала богу, секако ќе имаме различни ставови за многу нешта), сум пријавувала несоодветно однесување и коментари, сум реагирала да не се уништува тема со оф-топици, ама ете сомнителна сум. Критериум- веројатно премногу сложени реченици пишувам. Детективските способности откриваат лажни профили според тоа кој какви нокти имал некој, кој какви сврзници во реченица употребувал и според тоа кој ја сакал Валјд (@WildMk да пише колку гласови имаше на изборот, сите се веројатно осомничени).
Лошо е што секој нов е веднаш сомнителен дека е КараМиа. Тогаш се претера,де веѓите не и биле исти,де ги правела будали,па мораше да се докажува. Еве го муабетот што го збори ,и Бубче знае дека згреши тогаш. Па потоа А еве од ЛунаГреј Значи,како што пиша и Бубче во извинувањето кон Луна,интуицијата некогаш може да излаже. Но дали по интуиција треба да пријавуваме или банираме сомнителни клонови ?
Таа ситуација беше многу , како да речам, гранична. Не сите сакаме да споделуваме лични податоци, да се гледаме и да си пишуваме со некого лично, да постираме фотографии од деца. Некому анонимноста ништо не му значи, некому му значи. Твојот предлог за поени ептен почнува да ми се допаѓа, оти личи како некаков патоказ во хаосот. Веројатно сите би биле поконструктивни а форумов би бил поквалитетен, кога повеќе луѓе би внимавале на правилата, не би влегувале во бесконечни расправии и навреди.
Аууу до пасош стигнала работава па људи дали тоа наместо форумџика на год. имаме трајно опседната со ликот и делото на една прекрасна личност како КараМиа? После баба Рада не ви чинела